Зрната од житарици спаѓаат во скробен ден, додека брашната од истите се јх. Така да во случајов пченката е во скробен. Палентата е во јх. Позз
Здраво феминки, примате ли уште еден повратник на ун диетата ? Добра екипа се собрала па да се приклучам.Јас почнав од вчера и имам повеќе од 10 кг за симнување. Па вчера протеински доручек банана ручек 2 пржени јајца на малку масло со салата од домати ротквица и кромид и половина парче црн леб со житарки за вечера 1ипол варено јајце без салата.Денес скробен доручек банана ручек ориз со спанаќ и за вечера половина од ручекот. Видов имате прашања за палентата и пченката па симнав две слики од фб од групата ун диета. @Justicija да ти одговорам на прашањата освен вода и кафе чај и за вечера во јх ден какао не е дозволен никаков друг пијалок мусли можеш во јх за вечера.Јаткасти плодови само во овошен ден до 100 грама непечени несолени и тоа многу се калорични да знаеш
ПМС и УН како идат едно со друго? Кај мене вришти. Изедов и јатки, изедов и банана, сега со сливи да се лажам. 16/90, овошен/витамински, како ли да се издржи.
Се мислам дали и јас пак да ја почнам диетава. Ја држев лани ослабев 8кг од кои 4 вратив.. Но, не ја држев најстрого како што треба, плус не а држев и 3 месеци. Но, тогаш се одеше побрзо.. После некое време пак ја држев, но кг многу тешко одеа надолу.. Затоа се мислам сега пак дали да ја почнам, плус и овошниот ден ми е малку тежок иако сум љубител на овошје..
17/90 протеини доручек - 2 праски ручек - салата од зелка и туна (сум заборавила колку е добро) вечера исто како и ручек Леб јадам мнооооогу ретко, најчесто бидејќи за јх јадам бели пецива па да не ми се фати многу. Искрено ми смета глутенот па пробувам скроз да го тргнам, ама така освен ако не спремам дома глутен фри пециво немам што да јадам. Ќе се трудам кога сум дома да земам пример безглутенски тестенини. Супа не пијам ама надохнадувам со вода.
Јас искрено се мислев за грозје и смокви, земав едно кисело грозје вчера па изедов сосем малку колку да ми помине меракот. Нели грозје и смокви не се препорачуваат? А банана најмногу 2, така знам во овошен ден.
Секое овошје е дозволено само 2 банани и јас почнав од вчера по незнам кој пат веќе се надевам ќе издржам нема повеќе свадби родендени пред две години ја држев 2 месеци ослабев 10 кг и многу во обем и од хормонската терапија се поправив многу и во бременоста сега сакам стварно да ослабам и да почнам да се спремам за бебенце уште едно среќно на сите
Грозје не се препорачува бидејќи содржи премногу шеќер, ама не е забрането. Јас демек од денес почнувам, ќе видиме колку ќе издржам. Секогаш се откажувам. Доручек банана, ручек и вечера пилешки стек со салата. Леб многу ретко јадам, скоро па ич.
Не се забранети овие овошја, сепак не треба да се претерува количински. Секако јас нема да го изедам сетоа тоа од чинијата. Се знае, банани најмногу три во овошен, ама што помалку тоа подобро. Јас не ги сакам многу поради тоа што негативно ми влијаат на дигестивниот систем. Како и да е, шеќерот од овошјето не може да се поистоветува со белиот рафиниран шеќер кој е еден од главните виновници за вишокот кг. Ако до вчера сме гнетеле чоколади, сладоледи и сл. сега не мора да значи дека треба да стоиме настрана од ваквите овошја, кои мислам дека нема логика да не здебелат.
Банани јадам, морам за моиве бубрези, ама другово избегавав. Гуд ту ноу. Колку протеините се важни и потребни, денес пмс дури на појако, ама пошто се најадов убави 2 оброци со протеин денес не осеќам глад воопшто, вчера беше војна со самата себеси, изедов 3 краставици за да убијам глад.
Вчера беше убав ден јх ден се знае Доручекот го скокнав немав можност за овошје од сабајле.Ручек блага кифла и вечера малку пудинг и тортичка парче како тие од винчини. Денес овошен 4 ден прегладнета сум на менито малку кикиритки јаболка банана 1 боровинки и за вечера зеленчукова салата од домати краставици и кромид.
Мене денес ми е протеински, утре и јас клавче доручек праски ручек пилешки врап и салата + супа вечера пола од ручек без супа
5/90 протеински ден. Со оглед на тоа што вчера беше овошен денес едвај чекав да ручам.Па доручек шака боровинки ручек каснав 2 пилешки крилца и сфатив дека тоа нема да ме најаде и направив ќофтиња .Па 4 за ручек со салата од 1 домат и 3 за вечера планирам. На фб групата ун диета 90 дена една жена доста упатена во диетата кажа дека може чај од билки место супа па можеби тоа ќе го пробам подоцна. Има една страна на која има рецепти за секој ден за ун.Па наместо да го мразите овој ден направете си нешто вкусно не еднолично. https://www.dijeta.net/un-dijeta-proteinski-dan/ https://www.dijeta.net/un-dijeta-skrobni-dan/ https://www.dijeta.net/un-dijeta-uh-dan/ https://www.dijeta.net/un-dijeta-vitaminski-dan/ Моника на фб групата нес кафе со млеко и шеќер пијат во јх ден со вечерата со благо.Ако пиеш само со млеко без шеќер можеш во протеински ако јадеш млечни производи тој ден инаку не би требало. Да ве прашам како сте со килограмите колку ослабнавте тие што сте подолг период на ун ?