22/90 скробен доручек 2 праски ручек ориз со зеленчуг + парче леб и салата вечера пола од ручек со салата без леб
10/90 - Скробен ден Д: 2 праски, кафе Р: Бело гравче, домати салата со кромид В: Исто, на пола Добро е, вагата почна да оди надолу, 1.5кг за овие десет дена, со еден утнат ден, што е супер мотивација за понатаму . Имајте убав ден девојки
Женски од утре почнувам дефинитивно ова не го бива повеќе Сега сум цврсто решена знам дека е тешко првите денови ама не можам да се гледам повеќе во огледало. Ќе се дружиме
24/90 витамински/овошен Кркнав сабајлечки банана и бадеми, да му дојде како подлога за денешниот ден, нели најкалоричен да е доручекот. Имам уште 2 крушки, 2 јаболки и некоја слива за денешниот ден на работа, а дома ме чека лубеница, диња, ананас и некоја салатка. Може да украдам некое грозјенце од кај свекрва. Уште 4 дена до воден и ќе го држам, само со чаеви и кафе, не можам само на вода.
23/90 јх ден доручек 2 праски ручек домашна пица вечера торта + ред црно чоколадо килограми симнати 0 ама не се давам, ќе држам до крај.
И јас сум тука од денес 1/90 Протеини Д:Праски и некое бадемче Р:Туна со кромид,патлиџан и маслинки В:Помала туна со патлиџан Пак сум качила килца, со 75 стартувам. 70-71 ќе ми бидат таман, затоа полабава ќе бидам, со некое оревче и бадемче плус во доручекот. Се мислам и супички да си правам секојднено од брокула,морков,пашканат.. меѓуоброци, за да не џвакам смоки
Кога ми се јаде меѓуоброци пијам лимунада, како во Хроно што прават, кафе исто така ме заситува, значи не сум гладна жедна сум.
@AngelOfArh Ја ради тебе почнувам Те гледам со каква мотивација и влезе на диетава, и со каква мотивација пишуваш, ма ни грешки ни бутур сум прочитала од тебе! Добро,само еднаш. Ќе пијам и јас, ама и супава ми е ок, првиот пат така правев. Ни едно килце не вратив од ун, мене кето ме зафркна. Со кој памет диета без овошје почнав... сега сакам да појачам внес на зеленчук и овошје,и течности. Затоа супи ќе правам. И во овошниот ќе изгурам со една чинија супа за вечера..
Ме примате назад? Со УН ред имам, не се мислам и морав да се вратам. Денес 1/90 Д: 2 праски и турско Р: стек со салата и супа В: стек и салата Да видиме до каде ке се стаса, ке се мерам со метро, на вага не се качувам ама околу 58-61кг. сум сигурно.
Имам една дилема ај кажете искуство. Дали да носам на работа ручек или дома да ручам, некако касно ме фаќа 16.30 и тоа е најрано што може.
Ако имаш можност носи си, зошто да не, има убавии кутии за храна каде можеш да си ја спремаш од дома и секогаш да имаш убав ручек без да посегаш по нешто друго или да гладуваш.
И јас ручам на работа. Појадувам кај 9-10, ручам на работа околу 1 и вечерам дома со мм кога он руча уствари.
11/90 - ЈХ ден Д: 3 помали праски Р: Интегрални макарони со доматен сос В: Или пола од ручек, или нешто благо, уште не знам
Исто да, според многу доктори е добро од последниот оброк до првиот оброк (од вечера до доручек следниот ден) да има поминато бар 16 часа, така се забрзува слабеењето бидејќи се чисти скроз желудникот и цревата така, и откако почнав да го правам ова навистина се (се извинувам однапред) прочистувам секое сабајле и стомакот визуелно ми спласна како да сум изгубила па едно 10 кила сигурно. Познавам една жена која јаде секој ден од 8 до 16ч, после 16 не јаде ништо до сабајле, само пие вода, ослабе 25 кила, нема грам сало и висната кожа, за овие 8ч јаде што си сака колку си сака на размак од 4ч 3 оброка и се фаќа.
Ова ни физички ни физиолошки е возможно, да не зборуваме какви последици по здравје, хормони, баланс и имунитет ќе има.