Јас се канам со мм да ја почнеме еве веќе цела недела бидејќи е најуспешна ама имам едни пирошки по грешка одмрзнати морам да ги правам утре да не ги фрлам и од задутре тука сум Ја држев порано кога спремав еден голем испит и плус постев така се погоди периодот и пак симнав, нај здрава и комбинирана диета
25/90 протеински доручек - 2 јаболки ручек - 2 јајца сварени ама само белката, парче сирење и салата вечера - пиперки со јајца и урда Знам дека не е исто како ручекот, ама пак јајце, сирење и зеленчук, мислам дека не е проблем. Сабајле сакав да си направам и за на работа пиперки со јајца и урда ама нешто не сум арна па не успеав. Уште 4 дена и воден, уф догурав до тука.
Јас сакам да ве прашам пире кога можам да јадам? Купечко? Би го направила само со вода без млеко По некоја моја логика би доаѓало во скробен ден, нели компири може ама да си прашам 2/90 Д: праски и турско Р: морков, брокула и карфиол варени зачинети само со сол В: сакам пире(ако може) ако не пола од ручекот.
Абе што ќе ти е тоа? Нема ни к од компир, тоа е прашок некој со арома. Свари 2 компира испасирај ги со вегета, солче, водата што се варело и готово.
Добар ден унки.Јас уште ја држам диетата но морам да си признаам дека правев некои грешки.Денес 12 овошен т.е. витамински .За доручек банани и имам шака боровинки за жал ништо друго овошје немам и немам денес време ни да купам па ќе преминам на салата подоцна. Имам марула и домати па тоа ќе биде вечерата. Спојлер Па да си ги кажам грешките да ми биде полесно.Протеински јадев доручек јаболка, пиперки со сирење за ручек со парче леб ноо вечерата стигна ајварот и биднаа 3 кришки ајвар со сирење за вечера .Скробниот ден немав доручек овошје туку геврек а ручек беше малку салата од компир со геврек*бев на еден настан и не можев повеќе од салатата да земам За утеха не измешав се ни сок ни благо пробав и двата денови вечерата ми беше до 5 часот.И вчера се помина како што треба јаболко за доручек ручек ајвар и леб и вечера благо минијатурна крофничка и др ситни работи
Мислам сосема е ок да јадеш зеленчук, јас исто јадам дури понекогаш и мешам зеленчук па овошје па пак зеленчук кога неможам да се воздржам А и прашав во групата на УН диета на фб ми рекоа може нема проблем. И мене ми е денес овошен, со лесно !
Се урочив, никако да тргнам. Јадам смоки ко невидена, се дујам безвезе. Заборавив како е да си гладен наутро дека само овошје.. навикната сум на ѓеврек и крем сир Ај од утре пак.. Па после ќе речам ај од понеделник пак.. и ќе дојдам до 80
Мене конечно ми спласна апетитот пмсовски. Денес вечерата ради реда ја изедов, ни пола од тоа што треба. Ручекот исто пола.
Вчера бевме на гости и каснав 2-3 чипсчиња се со цел да не изедам еден цел дома кога ке дојдам. Да се исповедам 3/90 Д: кафе и јаболко Р: шпагети (од сеа ги мислам) В: сладолед мама еве ја мати ке си почекам до вечер
Здраво диеталки. Некаде си го изгубив карактерот, незнам само како си дозволувам да се вртам во круг. Знам дека треба правилно да се држи Ун диетава, но дали би ималп резултати ако од сабајле почнам директно со тоа што е наменето за ручек само со овошје неможам да издржам, навикната сум да доручкувам. Сепак се е до калориите нели, јас истите ќе ги внесувам?
Не, мора да имаш 3 оброка составени од доручек овошје, ручек и вечера. Во твојов случај ти и овошниот не можеш да го издржиш а тоа веќе не е УН диета. Одбери друга диета.
Тоа би бил некој твој режим , а не ун диета.Зошто не пробаш со диетата за 20 дена 8кг? Ја имаш на форумот.Таму јадеш 2 пати на ден немаш овошје за доручек.Ја тој проблем да издржам само со овошје го имам само после овошен ден и ручам и вечерам многу порано.Пример јадам банана ручам накај 11 часот и вечерам 4 или 5 часот. Инаку протеински денес доручек банана,ручек печено пилешко зачинето со сенф, кари и малку сол со свежи печурки и салата од домати и парче леб и за вечера пола од ручекот.Прв пат правев печено место пржено и воопшто не ми се допаѓа.Без капка зејтин само зачините ги ставив и во фурна со малку вода.
Имам домашно сушени копани.. Ако ручам такви, а вечерам печени копани, не е утка нели? Плус домати и бистра супа, и кришка леб од Фурна Диме(без брашнп)
Имам големо искуство со диети и Ун ја имам држано, дури на времето мислев дека и многу се јаде тука. Грешка си инаку сега летово држев некоја си моја исхрана и секој 3 ден ми беше овошен. Зборот ми беше дека многу се изгладнувам само со овошје до ручек и чисто прашав бидејќи обожавам тестенини и сакав и таков ден да имам. Сепак фала ти на одговорот.
Не сум за такви брзи диети. Кај мене проблемот е што со гладот подобро се справувам навечер отколку насабајле. Затоа тешко ми паѓа само овошје за доручек. Ти благодарам секако за споделеното мислење.