25/90 протеин доручек 2 праски ручек ржан пилешки врап и салата + супа вечера печено пилешко едно парче со салата
2 Скробен ден Д:Сок од цеден портокал Р и в:Ориз и салата Утре макарони, вечера чоколада, ќе ги мислам цел ден! Мм ко за инат 5 Милка чоколади купил, ме довикуваат цел ден
4/90 овошен До сега: - кафе - јаболко - праска - јаболко Мама диња ке ми донесе тоа ке јадам, од сеа ја мислам. И вечер ке направам салата. Вчера место саладолед дм ме одесе на блашко. И тоа баш блашко разни овошја со чоколада прелиени. Ама не се чуствував подуена туку баш добро ми дојде.
Скробен 14/90 За доручек банана ручек компири печени со куркума кари вегета и малку зејтин како салата мешани во марула и по некое шери доматче зачинета салатата со балсамико и малку зејтин за вечера помалку компирчиња повеќе зеленило @Chanell* ти го можеш тоа.Дома моментално колку што има благи работи никогаш не е имало.А да ти кажам па од вчера од роденден една торта имам во фрижидер па не сум посегнала.
Да ве прашам денес ми е овошен нели, можам ли да јадам компот од вишни или сепак не? И да, ве молам пишувајте почесто што јадете ми требаат идеи
Јас ги заменив денешниов скробен со утрешниот јх Не беа причина чоколадите, туку тоа што од оризот кој го спомнав имаше останато дууури една лажица а од вчера им реков да ми чуваат за денес.. Така, ручав интегрални кифли некои, со малку ајвар, и каснав 4 коцки милка орео. До вечер ќе ми се пријаде секако, па си земав О’кејк од брусница и протеински пудинг. Џабе чекав утре за макароните ...
@Carolin. Во овошен можеш рендани јаболки со цимет и ореви Потпечени јаболки во рерна со ореви и кокос Бомбици од суви смокви,банана,лешник Смути, свежи цедени сокови ..
Здраво унки @Carolin ако ти фалат идеи разлисти ја темата прочитај некои 20 страни од темава и ќе се инспирираш нешто за готвење па и ќе се мотивираш плус.Не мора да чекаш нови мислења.Исто и на фб групиве имаат и слики од храната што ја јадат па и од таму можеш да добиеш идеа за оброк.Еве и од мене од српски сајт имаш за секој ден рецепти. https://www.dijeta.net/un-dijeta-uh...0cTPx9cN1GkVIOqi7WcDgwdVgQkMKnRFN5sOY7GfTxdLc Јас протеински не вечерав не можев бев најадена. Вчера не го преполовив ручекот пак грешка и денес грешки.Доручек млеко и бисквити малку (да не се фрли) ручек маргарита пица( и ова е грешка ми се јадеше пица а каде што живеам нема празно тесто а не ми се готвеше) и вечера ќе биде торта плус уште нешто благо. Ќе се потрудам да се вратам во нормала зошто со овие грешки дефинитивно нема да ослабнам. @mKdevojce заедно почнавме ние.Како оди се мереше ли ? Јас се мислам дали после овошен сега да се качам на вагата или да чекам после воден .
Здраво @Katie90 ти благодарам за страницава баш тоа ми требаше 5/90 Д: турско и грозје Р: стек полнет со кашкавал и печурки и салата В: салата Исповед: Вчера добро истерав освен нескафето со млеко
Ни тргнало на грешки Грешев и јас, ама утре ми е воден ден, ќе го издржам мушки и од вторник построго. Денешниот Овошен ќе биде со ајвар и леб, тазе ајварче. Не ми е криво, среќна сум се гледам во огледало и конечно градите не ми се такви огромни и стомакот ми е помал. Од утре строго максимално!
Лелеее кога летна времето, се враќам наназад да не утнав, ама не. 29ти ден, воден, ќе го издржам денес и од утре јово наново малку построго. 1/3 летна, уште 2/3, ама морам малку построго оти си имав грешкички баш а не е убаво така, си сака упорност, истрајност и така ќе има резултат. Во воден ден мислам дозволено е се течности само без шеќер, па мавнав едно турско, направив еден чај од лемонграс и коприва, имам лимон ќе пијам лимунада, само не знам како ќе се издржи без ништо во уста на тренинг денес. Ама ја грешев ептен викендов, ептен! Не мешав ама јадев така повеќе и вчера од овошен ни О немав. Едвај чекам утре протеински ајварче, сиренце и лепче да си кснам
https://www.dijeta.net/pileci-file-sa-dve-vrste-kackavalja-i-pecurkama/ Денес доручек немав, на факс бев не се организирав убаво Р: ориз со краставици и патлижан салата В: салата ке е Имајте убав ден
Здраво унки.Помина и овошниот ден 16ти по ред . Изедов малку повеќе од 100гр непечен индиски орев 2 банани јаболка и уште погладна мислам бев.Ми се јадеше страшно.Одлучив да јадам зеленчук со цел да не изедам се што ќе најдам па направив салата марула со краставици и 10тина маслинки со малку масло и сол ја зачинив(за новите диеталки ако ме читате јас не сум добар пример иако најчесто пишувам, оваа зелената зачинета салата со маслинки е грешка). @AngelOfArh едно големо браво за тебе, чекаме да пишеш резултати после воден .
Издржавввв.... Минус 3 кила за 5 дена од кои едниот воден. Како издржав не прашувајте. Протеински ден 30/90 доручек 2 јаболки ручек ајварче со сиренце и јајце (мислам смее јајце и сиренце а и да не смее ќе јадам оти многу сум гладна ) вечера исто како ручек Од денес малку построго, морам. Не слабеам како порано а и доста грешки правев, искрена сум, тоа е.
7/90 Д: кафе и грозје Р: палачики со печурки и сос од лук В: нема да имам освен еден ред црно чоколадо Исповед: вчера изедов две топчиња сладолед дм е крив
Тука сум јас, малку забушавам во моментот, цела недела имам гости, па малку ми е тешко да готвам за сите и за мене посебно, така да имам грешки. Се враќам во нормала наскоро. Инаку досега бев -2кг.
31/90 скробен доручек пола мала диња ручек мислам дека ќе одам до маркет да земам од готвените јадења, ако не пченка и салата вечера ќе гледам да е исто како ручекот Сите коментираат дека сум многу ослабена а вага баш и не вика така, ама гардероба паѓа и широка е. Ми вика една роднина, и во бело изгледаш сега слабо. Ваљда ќе падне уште малку вагата чим вака изгледа на лик, не се мерам сега некое време.