1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

УН Диета

Дискусија во 'Диети' започната од mKdevojce, 7 јануари 2010.

  1. Carolin.

    Carolin. Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2014
    Пораки:
    2.073
    Допаѓања:
    15.490
    Пол:
    Женски
    Затоа мерење со метро. Имаш изгубено во обем, сигурно знаеш. Браво алал да ти е на истрајноста.:bow:
     
    На AngelOfArh му/ѝ се допаѓа ова.
  2. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    17.541
    Допаѓања:
    95.412
    Пол:
    Женски
    Што од мака што од диета што од вежбање, ослабев колку толку. Имам мака со бубрезите, јадам колку да се рече, ич апетит немам, намален ми е и желудникот и ете толку беше, ми се погоди.

    Иначе си земав оривче за ручек па ќе мора да правам тоа и за вечера, со грашоче, пченка и морков беше ама ајде, ќе се изеде со патлиџан салатка.
     
    На Carolin. му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Katie90

    Katie90 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2013
    Пораки:
    127
    Допаѓања:
    1.171
    18/90 Скробен денес за доручек една банана и ручек и вечера ќе биде ориз со салата.Вчера протеински супер поминав со ќофтиња со доматен сос за ручек 3 и за вечера 2 и едно нес 3 во 1
    @AngelOfArh според фб групите не се меша јајце со сирење , ако јадеш сирење треба немасно фета или моцарела и после ручекот јогурт.И за килограмите не се замарај многу.Сигурно од вежбањето салото се претвара во мускул и затоа на килажа немаш изгубено туку обем имаш намалено.
    @mKdevojce Враќај се побргу.Те чекаме да не мотивираш со слики
    @Carolin. http://www.undijeta.rs/grupa-1 погледни и тука имаш рецепти
    Имајте убав ден и почесто пишувајте.
     
    На Carolin. му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Carolin.

    Carolin. Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2014
    Пораки:
    2.073
    Допаѓања:
    15.490
    Пол:
    Женски
    Мене денес овошен ми е:D
    Уште немам ништо јадено, се враќам од Скопје дури сега. Само турско кафе и две шишенца добра вода со прска што е:)
    Од сега се мислам да ставам во блендер банани, праска и имам замрзнати јагоди:inlove:
    Диња ке каснамсе после и вечер ако ми се јаде салата една ке изедам:)
     
    На Katie90 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    17.541
    Допаѓања:
    95.412
    Пол:
    Женски
    32/90 јх ден

    доручек 2 јаболки
    ручек ѓевреци
    вечера нешто слатко или сладолед, ќе видиме, ама многу ми бара душата нешто слатко

    Пијам лек за болка што ми го копа, ма ора желудник и синоќа имав таква лоша болка а немав лек за желудник па фино лепо си земав бисквити грицкав, неколку плазма бисквити. Многу лошо. Мислам и дињата дополнително ми го разгриза желудникот пошто неделава се фаќа некако почесто да јадам диња, а таа некако ми го гризе желудникот не ми прија. Што да речам, ја утнав, ама немаше да заспијам од болка. Мислам дека е така бидејќи јадам помали порции од она што е пропишано па веќе ми е испоснет организмот. Ама ќе издржам. Затоа денес земав 3 ѓевречиња, секако некој од колегите ќе ми штрбне па ќе останат 2 сигурно.
     
    На Carolin. му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Carolin.

    Carolin. Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2014
    Пораки:
    2.073
    Допаѓања:
    15.490
    Пол:
    Женски
    Вчера добро издржан овошен ден, во 10 вечерта грозје јадев да не посегнам по нешто друго. Инаку истерав со 3 праски, една зелена јаболка и пола диња, и грозјето вечерта ама ни пола не го дојадов:)

    9/90
    Д: две зелени јаболка и кафе
    Р: Вешалица со печурки и салата краставица со павлака
    В: ке биде само краставица салата

    После овие 4 дена ке се мерам:D Иако дм ми рече дека стомакот ми бил рамен:D
     
    На Katie90 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    17.541
    Допаѓања:
    95.412
    Пол:
    Женски
    Може еден совет?! Не јадете помалку од пропишаното. Вчера што ме гризеше желудник уствари било колапс на црева. Не е страшно, само сега треба да ги поделам оброците на неколку пати за да не добијам грчеви. Значи ако вика месо и супа и салата, се да си јадете.
     
    На Carolin. му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Katie90

    Katie90 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2013
    Пораки:
    127
    Допаѓања:
    1.171
    19 јх ден. Скоро цел месец на диета и уште 10 дена до воден.Се размислувам дали да го држам.Денес доручек банана ручек фокачо мислам така се викаше тесто со песто домат и малку моцарела исто како да немаше потоа пак огладнев затоа што во 10 ручав и си каснав маалку макарони со 1 лажица ајвар и решив и да вечерам затоа што не ми се откажуваше од благото неколку медени срциња и едни турски колачиња 3 си изедов не беа многу големи.Денес малку повеќе си каснав и ич не ми е гајле.Се беше во рамките на денешниот ден.
    Иначе јас за супата ич не се замарам, не е по правилата ама не ја пијам.Ми нема логика зошто би било добро супа да пиеш, како ќе го забрза слабеењето ? Единствено ако си јадел малку пр 2 варени јајца па да си направиш домашна супа со пашканат целер тиквица морков или пак некоја со брокула и други неутрални намирници па да ти биде доволно и помалку да изедеш. Инаку супата со неутрални намирници е дозволена секој ден. посебно ако ручекот и вечерата ти се многу саати оддалечени.И логично ми е .Наместо да се најадеш нешто што не треба ќе си каснеш нискокалорична супа.Исто читам и дека советуваат и да се пие топол напиток после ручекот ако не можеш супа пример незасладен чај од билки или топла вода.


    Знаете ли колку грама тестанини треба да се јадат во јх ден за ручек?Ако ја има некој книгата и ми ја даде оваа информација би му била многу благодарна.Не од фб групата туку од книгата :)
     
    На Carolin. му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Tri_Bubacki

    Tri_Bubacki Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 јули 2018
    Пораки:
    52
    Допаѓања:
    93
    Пол:
    Женски
    Здраво на сите :)
    По стоти пат ја почнувам диетава и еве денес е сто и првиот.
    Го издржав денов некако, јадев црн леб, сирење, јогурт и патлиџан со кромид (протеински).
    Е сега прашањето ми е за оние поискусните, дали имате ослабено ако еве на пример како мене, наместо две три кришки леб сте изеле повеќе од дадената доза?
    Ми треба мала мотивација пошто не сум јак карактер а треба да симнам 10тина кила :/
    Исто проблем ми е што деновиве имам некој апетит и ми е тешко да се исконтролирам :(
    А и плус го јадам на психичка база, знае да ми се сврти, снеможи и одма мислам ете диета не е за мене, одма се плашам да не ми се слоши и на раб сум да се откажам.

    Фала ви на одговорите однапред.
     
  10. Katie90

    Katie90 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2013
    Пораки:
    127
    Допаѓања:
    1.171
    Не сакам да те разочарам но апсолутно не можеш да изедеш пола леб и да очекуваш да слабееш.Совет почекај да ти помине овој период кога имаш многу апетит обично пмс е тоа и после кога ќе бидеш спремна почни.И не за протеински со сирење почни си со месо купи два стека направи голема салата од марула зелка исецкај го месото на парчиња и стави го во салатата јади и парче леб после јадењето направи си домашна супа од неутрални намирници за вечера уште поголема салата и еден стек и ќе видиш нема да си гладна.Пилешкото на скара е нискокалорично.А ти гарантирам и нема да се онесвестиш.Ако имаш потреба јади повеќе овошје од сабајле.Патлиџан пиперки кромид лук домати зелка марула печурки се се тоа неутрални намирници кои можеш да ги додаваш во секој оброк и ќе те заситат.
    Можеш лимунада да правиш при напад на глад или незасладен чај направи 1 литро и пиј.
    Пишувај редовно дали тука дали во мотивациона поддршка дали на фб, нема да ти недостасува мотивација.А можеш и да си купиш еден број помали фармерчиња и после 29 ден да ги пробаш.Поголема мотивација од оваа мислам нема!
     
    На Carolin. му/ѝ се допаѓа ова.
  11. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    17.541
    Допаѓања:
    95.412
    Пол:
    Женски
    Ама зошто моцарела, не ставај, зошто да ти се брои. И мене ми се јадеше повеќе за вечера па си направив колачиња со многу малку шеќер и путер од кикирики и тоа јадев. Супата е потребна да се јаде за да го забрзаш метаболизмот, зошто во диетава најмногу страда тој, односно се добива запек. Тестенини со сос можеш да изедеш максимум 150гр, јас и вообичаено правам по толку.

    Ако тргнуваш со фактот дека нема да издржиш и нема да издржиш, зошто толку негативно. Не ти се свртува од диетата сигурно, ти не си прегладнела, имаш за јадење и јадење во диетава. И јас на психичка база јадам, затоа диета му е мајката. Кога не сум на диета божем пазам ама од идење дома од работа до ручекот јас ќе изедам се што ми е пред очи и нема ефект. Не размислувај ич да не ти се слоши, јади тоа што треба да се јаде, ама не можеш да очекуваш со леб и сирење дека ќе ти се засити организмот, додај бар нешто покалорично, ајварче пример. Ако не сакаш да јадеш повеќе од тоа што си изела ќе јадеш полека и ќе се најадеш со помалку.

    33/90 овошен
    Изедов 2 јаболки, имам мала диња ама не знам искрено дали ќе ја изедам, ќе нарачам лубеничка, ќе земам сега банана и бадеми, можеби ќе земам и суво овошје без шеќер, ќе видиме. Некако не ми сака душата зеленчук на “голо“ па не јадам.
     
    На Tri_Bubacki и Carolin. им се допаѓа ова.
  12. Chanell*

    Chanell* Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 септември 2016
    Пораки:
    4.388
    Допаѓања:
    32.796
    Пол:
    Женски
    Мене ме нема на темава оти јасно е дека прекинав... каде ми е тој карактер и таа воља што ја имав во февруари не знам?!!
    Баш сеа кога имам шанса да дојдам до посакуваната тежина. т.е кога ме делат само 5кг од идеалната тежина и ќе закрчам...
    Од утре,од задутре,од друг ден, и никако да потерам..

    опседната сум со килажава со години,мајке ми!
     
    На Carolin. му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Carolin.

    Carolin. Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2014
    Пораки:
    2.073
    Допаѓања:
    15.490
    Пол:
    Женски

    Ајде друшке можеш ти:muscle:

    10/90
    Д: кафе и јаболко
    Р: супа,зелка тава, имаше и мевце ама не каснав:muscle:
    В: краставица и морков
     
    На Chanell* и Katie90 им се допаѓа ова.
  14. Katie90

    Katie90 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2013
    Пораки:
    127
    Допаѓања:
    1.171
    20/90 Овошен ден.Секогаш ми е тежок овој ден едвај го издржувам.Помина со две јаболки ,1 кива ,2 банани,шака ореви.Вечер порано ќе си легнам да не направам грешка.
    @AngelOfArh кога го купив тестото видов дека има песто и домати но подоцна кога го прочитав составот видов дека има и моцарела, сеедно си каснав не се потересувам толку.Јх ден е најкалоричен и за вечера секако мешаш па не мислам дека е толку страшна грешка но сепак ГРЕШКА е си признавам!
    Исто кога купувам макарони не гледам дали се без јајца, и кога правам проја ја правам со јајца и млеко затоа што без , со кисела вода не ми е вкусна воопшто.Не сум јас пример си признав!
    Утре се мислам што ќе се готви, некако топено сирење ми се јаде.
     
    На Carolin. му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Tri_Bubacki

    Tri_Bubacki Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 јули 2018
    Пораки:
    52
    Допаѓања:
    93
    Пол:
    Женски
    Дечки макароните што може да се јадат во јаглехидратен ден, може да ги јадам со обичен кечап?
     
    На Carolin. му/ѝ се допаѓа ова.
  16. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    17.541
    Допаѓања:
    95.412
    Пол:
    Женски
    Во српската книга за УН никаде не пишува без јајца, пециво е пишано, не посно, макарони нема спомнато без јајца... Ја дадов некому иначе ќе ти сликнам, не ми е вратена а заборавив кому е дадена. Не е дека е толкав прекршок де, битно не си изела сендвич од 7ца за ручек.

    Што мислите за во овошен грицкање семки и сончоглед, околу 50гр пример цел ден? Или обичен ден (не баш обичен, би рекла ПМС ден :D) ако баш не можеш да издржиш место да нагнетеш свашта?
     
    На Katie90 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. mKdevojce

    mKdevojce Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    1.952
    Допаѓања:
    13.890
    Се враќам од понеделник, јово на ново 8)
     
    На Katie90 и Carolin. им се допаѓа ова.
  18. mKdevojce

    mKdevojce Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    1.952
    Допаѓања:
    13.890
    Јајца во јх не, топено сирење никако, да не се караме :!:, :D.

    Btw. Многу ја сакам темата кога е вака размрдана, ајмо само напред, до Нова Година сите по мин. 10 кг. 8)
     
    На Chanell*, Katie90 и Carolin. им се допаѓа ова.
  19. Katie90

    Katie90 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2013
    Пораки:
    127
    Допаѓања:
    1.171
    Здраво унки,
    21 ден протеински доручек јаболки
    @mKdevojce зошто не може да се јаде топено сирење ? Планирав да испржам на малку масло свежи печурки па да го исцедам маслото да ставам две три лажици доматно пире вегета црн пипер и оригано па сето тоа во плех врзз него фета сирење и врз тоа моцарела и во рерна да се стопи мераклиско ќе биде.Да не мислиш ти на зденки или кашкавали па затоа не може ? Гледам по групите јадат топено сирење моцарела јадат фета урда.Ме премислуваш искрено.Имам и лосос па може и тоа ќе го јадам ако не бидува топеното сирење.
    @AngelOfArh слободно касни си сончоглед или семки.Ја јадам што имам по дома до 100гр.Дали ќе бидат кикиритки дали индиски орев или обичен орев, дали миксот што е суво овошје со јаткасто.
    @Chanell* мк девојче почнува од понеделник, ајде не се мисли придружи ни се и ти!
    @Tri_Bubacki можеш секако со обичен ќечап но пробај со доматно пире пример рецепт кликни на линкот .https://www.dijeta.net/salsa-sa-belim-lukom-i-maslinama/
     
    На Tri_Bubacki, Carolin. и Chanell* им се допаѓа ова.
  20. mKdevojce

    mKdevojce Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    1.952
    Допаѓања:
    13.890
    Јас под топено сирење подразбирам зденки, затоа кажав дека не смее. Како и да е, од сирење знам дека е дозволено само несолено сирење, не ги знам кои се и какви се затоа што не сум љубител на сирење. Сепак, зденките и фетата не се дозволени затоа што немаат ни С од сирење, и се полни со маснотии.
     
    На Carolin. му/ѝ се допаѓа ова.