Те послушав.Направив лосос 1ипол парче за ручек со салата и со парче леб со сусам пола парче лосос за вечера. Е сега за разлика од тебе јас сум љубител на сирење па барав кое сирење и која количина е дозволено.Моцарелата е немасно сирење и фета сирењето исто па 100 посто сум сигурна дека се дозволени исто и урдата.Гледав и рецепти на ликовите кои ги ставив и парамезан има и гауда со печурки .Најдов дека парамезанот е здраво сирење кое не е многу калорично па и тоа сигурно може.А штом има во рецептот и гауда значи и тоа треба да е дозволено(но е во многу помала количина ставено веројатно тоа е помасно) https://www.dijeta.net/pecurke-punjene-svezim-sirom-i-spanacem-ili-blitvom-a/ ,https://www.dijeta.net/grcka-salata/ Исто и во рецептите на ун диета на линкот што го постирав не е напоменето дека треба тестанините без јајца да се но во групите се инсистира на тоа. Мислам дека се создадоа групи кои се водат по строги правила за да имаат побргу резултати, а тоа не знам колку е паметно.Исто и за скроб ние не мешаме е ставот ,а членка објави дека пожелно е да се меша скроб и објави од странски форум линк.Така да се согласувам за да се ослаби треба да се почитуваат правила но до таа мерка јас не планирам.
За немешањето во скробен ден и јас не се согласувам, убаво си пишува дека е дозволено во сооднос 20:80. Во групите на фб некои од админките се прават паметни па си наметнуваат некои нивни правила. Исто така, не ми е логично јадење на мусли со млеко за јх вечера, се знае кога што треба, и да не е напоменато треба по самата логика на нештата да се водиме.
Ај да бидеме искрени, ние за 90 дена не сме се попраиле по 30 кила да очекуваме да ослабеме за толку време. Јас сакам УН да го продолжам во поголем дел од моето време, односно доручек овошје, ручек и вечера по можност иста група и без мешање, не мора по редослед ама важно ми е да не мешам. И овошен повремено да си правам. Ќе видиме дали ќе успеам искрено. Јас уткам, не дека не, ама строги правила не држам оти не ми е за 9 дена, ни за 90, за многу повеќе ми е.
Скробен ден 22/90 д јаболка р тавче гравче со парче леб и марула салата вечера половина од ручекот без салата
Вчера успешно поминат прв ден без ниедна грешка ама женски имав криза и желудникот ме болеше малку.Убаво јадев и за ручек и вечера незнам зошто. Колку време ке ми биде ова кризава дури се привикнам ? Денес 2/90 банана, рижото со кромидче и пиперка и салата зелка со крставица.
36/90 јх ден доручек крушки ручек кифлички вечера мислам дека нема да јадам благо пошто се осеќам ко вселенска топка, имам доста задржано вода од антибиотикот што го пијам и баш се осеќам неубаво, па може да си останам на кифлички Поради еден проблем што го имам здравствен бев до кај докторката во петокот и ми рече дека сум и изгледала многу освежена, вика дај да боцнеме крвна слика, 148 хемоглобин, супер е тоа. Диетава е закон!
Првата недела е тешка, потоа се навикнуваш и самиот организам ќе биде презаситен и од тие 150-200 грама ручек... Мене ми е 33 ден во обем сум многу во килажа и не баш, ама не се замарам ми прија исхранава и ќе терам. А и убаво се чувствувам кога ми викаат лелееееее ама си ослабелаа, браво! А јас само 3 , 3 ипол кила .. Поздрав,
33 јх ден ( воден не држев ) доручек 1 банана ручек пита со праз и салата + маслинки вечера 2 палачинки + ред црно чоколадо Вчера ми беше скроб и малце утнав... во 3 саат бевме на детски роденден и си викам не готвам сигурно ќе има некој компир ќе боцнам и салата...ноооо само мевце имаше и бев прегладнета несакав да го мачам телово пошто до 5 требаше да седиме и си земав мевце малце ( 2 - 3 парчиња ситно месо на боцкање од кетеринг ) и после дома компир печен јадев со салата....
Јас досадната,пак дојдов неповикана Д:Урми и некоја семка од тиква Р:Шопска салата и јогурт В:Пак салатичка ќе си јадам Свеки прави ручек стек во кари сос, па може и случајно да се предомислам и место салата и јогурт да биде стек и супа Конечно добив циклус после две годинииии, и знам дека сега и надуеноста ќе си замине, и побрзо ќе слабеам Така да,тие 5килца последни а и више ако се нема да ми смета, ќе ги стопам многу брзо Си давам рок еден месец.
И мене ми треба во обем некако како подуена сум не ми стојат убаво панталони фармерки што ми се на мерак и минатата година сум ги носела сега ми се претесни вака и неубаво изгледа не сакам толку стегната да бидам а и не можам нови да купувам Дали може сончоглед да се грицка ако ме фатат кризи пак ?
Сончоглед мислам само во скробен, но поискусниве нека ме поправат ако грешам. Дај боже да грешам па да можам да си грицкам и јас било кој ден.
23/90 ЈХ д јаболки р проја со праз и маслинки в 3 колачиња средна големина и едно банана чоколадо , една коцка црно чоколадо (поголеми се коцките) @Tea88 семки и сончоглед непечени и несолени во овошен до 100 гр (според фб групите ја немам книгата за да ти кажам 100% сигурно)
37/90 овошен скркав 2 јаболки, 100гр бадем и 1 банана имам крушки, краставици и праска до крај на денов дома ќе скркам уште нешто, патлиџан, ово оно
2/90 Скробен ден Д:Крушки Р:Тава ориз и салата од домат и кромид В:Оривче и зелка,морков,цвекло салата Вчера мала грешка со помфрит имав, ама касно ми текна дека сум на диета... Па не изедов се пред мене,туку де задоволив со тоа што го изедов. Оти ако кренев раце пак,ќе јадев ѓевреци за доручек денес одново... и ќе почнев другиот месец. Не ме карајте за грешката, ненамерна беше
Женски јас имам мака ептен, на вага не мрда ништо, на мене облеката виси. Градниците сите до еден ми се веќе големи, пантолони, фармерки ми се големи сите, гаките кои кога ги купив ме стегаа ми се комотни, полесно ми е кога вежбам... Ама вагата не мрда. Ај ќе речам една недела пијам антибиотик држи вода тој, ама не мрда воопшто. Ќе земам сега некој чај за ифрлање на течности, па ќе видиме. Пукнав да ја видам таа фамозна бројка, никој не ми верува дека на вага сум 85, не им личам како толку, си мислам а вагата да не ми е расипана, утре ќе ја ставам на плочки да проверам Не ме демотивира, се гледам во огледало и се осеќам убаво, доволно ми е, ама сакам бројка која уште повеќе ќе ме мотивира.
Спореди си две слики, една од пред месец дена една од денес и воочи си ја разликата. Земи си метро и мери обем, и остави ја вагата настрана. Јас секој ден се мерев и само се демотивирав кога не мрдаше... Плус,пробај да не јадеш касно. Завршувај најкасно до 7, и нека поминуваат 12-16часа до нареден оброк.
Јас морам да јадам до кај 5 најкасно, дека одам на вежбање, а пазам од последен до прв оброк да е поминато бар 16ч, да го запазам она 8ч период за јадење. Не е дека не грешам, грешам, ама вагата на почеток мрдна многу сега стагнира. Не се демотивирам, напротив, инат ме фаќа.
3/90 ЈХ банана интегрално со маслинка торта и ред темно чоколадо и денес почнав со чај демек бил за слабеенје на критичните места а мене баш стомакот ми е критичен и ќе ви кажам за една недела. инаку некако ми е тешко да издржам со овошје до 16.30 а станувам од 06.30 за на работа (од осум почнувам ама градинка ги носам децата) и мора да смислам нешто или да ручам на работа или да го поделам ручекот. Како го комбинирате времето за оброк за тие што сте до 16 h на работа ?