Унки...јас сеуште сум тука денес ми е 27ми ден ЈХ Се мислам за во сабота, ќе ми биде воден ден..дали да го држам, дали да се пробам..не знам некако се нервирам и со килажава од - 4 не сум мрдната еве подолго време
54 ден скробен д банана р ориз со праз в ориз со зелка подварок @oli18 ако имаш малку за симнување тогаш бавно ќе оди, не се разочарувај.Повеќе варено помалку пржено и ако имаш услови физичка активност вметни.Исто можеш и турбо ун 12 дена пред вториот воден ако стагнираш понатаму. @AngelOfArh како оди кај тебе, колку килограми намали? Стигна до М бројче или ?
Да ти кажам искрено на лик изгледам како да слабеам уште а вага не мрда и заклучив дека вагата ми е расипана. Влегов во М, дури и прстите на рацете ми се ослабени и сега прстените ми се таман не ми кипе мевце, ама на вага... Додуша јас вежбам па тоа ми има логика. Еве ме 68ми ден а од 8 кила не сум мрдната доле. Апетит немам, нели тоа е најбитно, ама благичко ми се пријадува. Искрено не слабеам брзо и ефективно како порано. После оваа диета ќе продолжам со мој режим, комбинација од УН за појадок и не мешање на намирници од типот на скроб и протеин, протеин и јх, јх и скроб, ама ќе јадам повеќе протеини, а јх ќе ги намалам најмногу што можам. Ова од здравствени причини е секако. 68/90 скробен доручек банана ручек сакале верувале сакале не, уште немам ручано и немам идеа што да ручам, а немам ни апетит, немам ни ручек, па веројатно ќе земам некое лепче и со хумус ќе јадам вечера мислам дека ќе кикснам пошто сум на роденден па ќе кснам можеби некоја кифла и кашкавалче, ако нема свежа салата да зобам На роденден сум и утре, ама лесно е, ќе зобам кифлички и ќе кснам торта, јх ден, оправдано, ама денес не јадам торта, ветувам! Малку ми здосади како се ближи крајот, ама ќе издржам!
Затоа те прашувам, зошто никаде не стои ужина. Во секој случај не е грешно што си изела круша место чоколадо, ама не е секојдневна практика, не постои ужина во оваа диета! Ако ептен те фати криза изеди една крушка, јаболко, ама не секој ден или да ти е задолжителна намирница. 58/90 протеински, да да, добро прочитавте, со оглед на тоа што парче напраив викендов рестартирам од прв ден после воден, иначе ќе требаше за 15 дена да завршам а не сум задоволна. Ќе удрам форца на вежбање, нема утки, помали оброци и повеќе вода. доручек банана ручек ајвар и сиренце вечера исто како ручек Во принцип не сум за вакви почнувања од ново ама сакам да биде како што треба. Сто посто сум сигурна дека викендов качив кило, ако не и две, јадев без ред, не мешав ама беше сувомеснато, беше салата кремава, беше три дена по ред торта... Шејм он ми! Вчера го достигнав врвот со чипс и чоколатцата на синко
59/90 скробен доручек јаболки ручек компири печени или ориз тава вечера исто Искрена да бидам волку малку ефект одамна не сум имала од диета, дали организмот не ми ја препознава со оглед на тоа што по 16ти пат ја држам, или што е работата не знам, али по завршувањето ќе почнам некој друг режим, повеќе на протеини, па ќе видиме. На лик изгледа wow, како да сум симнала 15+ кила, освежена сум, полесно ми е, ама на вага, цврц, ништо, од 8кг плус минус килце не мрда.
5 ден П.банана У.јаболко Р.3 јајца со младо кромидтче и шампињони салата леб супа В.пола без леб и супа
Искрено ми прекисна од овошје за доручек веќе неколку дена. Со мака ги јадам јаболкине ем од најмалите најшугавите зимам. 60/90 јх ден доручек 2 јаболчиња ручек 2 ѓеврека вечера мислам дека пудинг ќе сварам со некое нескафенце благичко со млекце, а може да остане и на чоколадо само, немам идеа искрено И да, после само 3 дена враќање на старо од оној дебакл викендот ми спласна гумата околу стомак, се средија и гасови и се, диетава е мајка, каков и да имам режим понатака ќе се трудам да го следам бар малку принципот на диетава, немешање, утро со овошје почнато...
61/90 овошен и салатен ден Изедов досега 2 банани, 100гр индиски и 2 мандарини. Имам апетит за човек да изедам. Ми се јаде некое мевце, некое салатиче со нешто така сиренце одозгора, ми се јаде дури и чварки, ама нема. Да ми заврши диетава на протеини ќе се ставам тогаш ќе ми скисне од месо Имам јаболчиња, микс салата и уште мандарини до крај на денов. А каква грашок манџичка имам напраено, мммм...