Претходните денови јадев ко несалам и пред да ја стартувам диетата, морав еден ден овошен да направам, да се прочистам. Вчера изедов две средни банани, јаболко, бадеми и лешници и за вечера салата од кисели краставички и моркови. Денес, 1/90 - протеински ден. Доручек - 1 банана и горко турско кафе Меѓу доручекот и ручекот каснав 3 бадеми, умирав од глад. Ручек- Пржени пиперки со јајца и салата моркови, едно и пол парче црн леб и маслинки. Вечера- Две варени јајца и салата домати. Ајде да видиме до кога ќе ме држи еуфоријата
10 ден Овошје Посно тавче со кромид пиперка морков модар патлиџан домати и компири со салата леб ајвар маслинки В.пола без леб Не сум се мерела ја тргнав вагата ама обемот оди.
Ме немаше на темата, со гости бев и ја прекршував диетата, не пишував да не демотивирам.Ќе продолжам каде што застанав.Не се чувствувам убаво воопшто после паузата но ми требаше.За утре се крчка грашок со морков и кромид. 57 ден протеински. д банана р кајгана со кромид и морков в исто п.с. Со среќа на новите унки, со лесно да ви оди!
Кога јас ќе почнам да пишувам никој нема.Вчера направив мала грешка, добро не баш мала, да си признаам.Не претерав со јадењето но не ми беше добро малку спиев и морав нешто да каснам.Бидна сендвич со пилешко на скробен, за ручек и вечера грашок беше.Денес со обврски не стигнав да доручкувам а веќе ми е доцна за само овошје да јадам па преминувам директно на ручек.За ручек ќе имам јуфки сос од домати и неутрален зеленчук,а за вечера ќе се најде нешто благо дома.Мислам дека ќе испечам една штрудла со јаболко и задолжително црно чоколадо. инаку стигнав до 59 ден.Уште месец дена остана до крајот на диетата.Со што ќе продолжам не знам ама ќе мора со некој друг режим за да не почнам да се дебелеам празнично .
До кај сте бе женЦки? Јас претерувам со јадење на пици и сендвичи, никако да се стаам во ред Или сум на диета или гнетам неконтролирано,средина нема. Сакам да почнам пак...
Јас и откажав љубов на УН, се стаив на Кето/Хроно/Фастинг диета, од се нешто, многу ми е напорно веќе готвење по 2 по 3 ручека, вака спремам за сите и ајт. А и ми се изгубивте од овде, немав друштво.
Јас сум трет ден, без грешка. Денеска јх, банана, пица со тиквичка и шампињони и за вечера палачинки.
Како ти оди? Многу пати сакав да почнувам со кето и и почнував ама се откажував пошо многу негативни коментари читав.. Дури и стапчиња за кетоза набавив, и толку беше. А многу убаво ми одеше. Почнав да се прејадувам,значи многу јадам,од стрес јадам, пак 80кг сум отишла Ме депремира дебелинава, а не превземам мерки...
Јас едино добро после ова УН не можам да се прејадам, тешко ми е. Јадам значително помалку. Ама мислам дека имам некоја мака со желудник, многу бавно ми се вари храната, по 4ч од јадење мене уште ми е тешко. Вчера ручав во 5, во 8 се осеќав како да сум јадела пред пола саат. Ми се дува стомакот. Ќе направам една комплет крвна слика со урина пак и ќе одам на преглед. Сега засега насабајле пијам цеден сок од пола лимон, пола портокал и пола цитрон, со ѓумбир во прав, за доручек некој јаглехидрат со намаз, ручек туна, пилешко, вечера би му дошло она што имам дома за ручек ама ќе внимавам да не мешам.
Исто. Премногу сум здебелена, 80кг достигнав за прв пат во живот. Кога ќе ми текне лани колку се потресував што видов 7ца напред на вагата, а сега до каде сум.. Ама тоа е, стресови, нервози, напнатост цело време и премногу почнав да јадам лебови, пецива, благо да не правиме муабет, грицки, хамбургери, кафиња со литар млеко.. Некако сакам од утре да почнам, се осеќам спремна, ама ќе видиме, милион пати имам пишано во темава дека почнувам и ме снемува.
Исто како тебе.. Јас па само ве читам и си се тешам ај од понеделник ај од следната недела и така си поминува време. Да не има некој да ме дружи да стартуваме заедно?
1 ден скробен Друштвото ми е до скробен па и јас да бидам со нив Д:три мали киви Р:мешана салата малку палента и неколку семки од тиква В: салата зелка ајвар со маслинки и 5 варени костени.
Ај се дружиме тогаш Јас некако неочекувано ги откажав цигарите, и овој месец многу почнав да јадам. Вчера запалив пак две.. ми се згади. Ни цигари ни храна превише сакам. Убав ред имав со Ун, сега на овошје не ми текнува. Бадеми и индиски имам, а јас крекери и благо јадев. Сакам утре понеделнички да стартувам, веќе знам и што би јадела. Имам 77кг моментално. Со 72 сум топ Со 67 ќе бидам тип топ
@kostarika Тешко е додека почнеш. Зимо ми е полесно за диета, печена тиква во овошен, варени костени во скробен.. Јас дежурам во темава секогаш кога ќе накачам кила, ама многу ми сметаат овие 3 што ги вратив... Ме депримира самата помисла на незадоволството кога ќе се видам во огледало и спојлерите и стомакот ми висат,а пусто па не можам широко да носам.. Ја имам таа мотивација и инает кој го имав лани кога почнав. Денес менито беше вакво Д:Банана Р:Пржени пиперки со урда (се трудев да ја тргнам) и сушени копани+маслинки, место леб изедов половина ѓеврече (утка) В:Сушено копанче и салата