10/90 Цитрон (не можев цел да го изедам ) Ручек компир со зелка салата Вечера пола од ручекот Кој би рекол дека издржав без грешка
11/90 Цитрон (тој од вчера што не го доизедов) Ручек макарони Вечера пола од ручекот Вечерата ми е инаку најкасно во 18:30
Се мереше? Или рано ти е? Вечна дилема... Ун или кето? Мој режим нажалост никогаш нит функционирал,ни па ќе профункционира! Наместо да спазам ред, јас напротив ко за инает јадам ко невидена. Морам секогаш по диета да се водам или пропаѓа во вода се. Се кријам позади широки џемпери, стомакот ко 7ми месец бремена. Стојам на 77... Ах како ли да почнам, си фантазирам за изгубените 13 кг во март, сеа да сум -13 има по бикини да шетам на ладново
-6 кг душо...но да напоменам дека имам многу и вишак и не сум направила никаков кикс освен што вчера не вечерав а се напив ракија Сега наредно вагање на 3 јануари ..
Значи 15 дена вагата покажа -6 , но на мене нема видливи знаци на слабеење освен малку стомакот , друго ништо ..кога да ги очекувам видливите знаци на слабеење?
Во обем си ослабена, затоа така ти изгледа. Облечи некои фармерки или блуза кои си ги носела пред две недела и ќе воочиш разлика.
Епа само 15ти ден ти е. Не се сите 6кг изгубени маснотии, повеќето (ако не можеби и сите) се течности. Биди трпелива, за околу месец, месец ипол ќе имаш видлива разлика.
Чим ја држиш строго и си упорна, ќе имаш резултати со сигурност. Јас пред 2 години ја држев строго и плус вежбав во теретана, па почнав да гледам резултати после 20ина дена. Индивидуално е, ама сепак, за 15 дена можеш само ти да си воочиш разлика, а за поголеми резултати што се воочливи и за другите околу тебе, си треба време. Не се разочарувај, на сам старт си, убавото допрва доаѓа.
16/90 Витамински ден Јаболка и ананас Само јас ја држам диетава или има и некој ? Дај да се бодриме Инаку ме искина желудников..
Ја ќе те дружам од понеделник. Тактички испланирано за Нова год протеини да се паднат Таман ќе стигнам до 80кг ко што сум тргната со свинското и пициве секоја вечер Не,озбилно, од понеделник сум тука со воља иста ко лани.
Се вратив на овој прекрасен начин на исхрана.До 12 час овошје колку сакам јадам зошто постам и ми фали енергија. Денес за ручек риба со салата леб Вечера пола без леб
Комбинирам некогаш ун некогаш 1500 кал.Сега дека постам до Божиќ ми фали енергија а одам на работа и дома обврски и сум на ун.Со 1500кал.многу се стопив и коментари има позитивни и таа е добра ама мрсничко да се јаде малку јајце месо повеќе држи. Презадоволна сум од постигнатото уште 5 6 кила да симнам и толку не ми стои многу слаба.
Браво. Мене не ми успева броењето, се губам едноставмо во него, а баш сакав да пробам. Требаше и јас да почнам ун ама реков после празниците, за да не се туфкам дали утнав или не Ама треба и фитнес пал да го разлистам саглам,мислам тоа е бр.1 за успешно слабеење
Ун како диета е најдобра дури е препорачана од нутриционист.Јас не ја држам строго јадам овошје до 12 час цедени сокови смути вода го хидрирам и чистам телото наутро.После околу 13 часот ручек мешам лротеини кога мрсам и пола за вечера некогаш и два скробни дена држам место протеински и слабеам.Сега правам интегрални грисини со семиња мелени тоа јадам по две место леб за ручек. Оваа диета со движење топ резултати.