Јас ја држам се уште диетата, само некако немам волја да пишувам секојдневно... Сакам да ги прашам поискусните дали може да прескокнам еден ден (пример утре ми е јх ден, ама да го заменам со овошен) бидејќи баш на новогодишната вечер треба да имам воден ден, а не би сакала да се измачувам себе си, а и луѓето околу мене. Што е подобро: да го прескокнам утре јаглехидратниот ден, или да не правам воопшто воден ден?
Да не направиш воопшто воден ден, според мене. Никогаш не го држев јас а секогаш имав резултати без него. Па и да смениш ден со ден не е фрка, само за да не забушаваш и после тоа. Нова година ко Нова година, се и сешто има за јадење па секако ќе утнеш. Ама утредента ќе тераш со овошен и ќе се вратиш назад. Ако ти е желба да држиш воден, држи го одма после јх ден т.е после Н.год Јас од први ќе ве дружам. На нишо не личам.
Јас денес го скокнам јх, ќе држам овошен, утре воден и за нг ќе ми биде протеински што мислам дека е најоптимално решение за да не правам грешки и да не сум нервозна и во искушенија. Фала ти за одговорот.
Јас ќе почнам од утре со диетава, ќе ти правам друштво Кажи ми макарони кога јадеш дали може да се комбинираат со сирење или не?
Не. Се комбинира со неутрални намирници, пр.кечап. Мене денеска ми е 40 ден од диетата и сум - 7 кг и доста минус цм во обем. Задоволна сум со оглед на фактот што 2 дена имав забушавано, но утредента продолжував со овошен ден, пиам кафе со шеќер и не држев воден ден затоа што бев болна
Ова со дорукечот не ми е јасно нешто. Дали секое сабајле (значи сите 90 дена) јадеш исто овошје пример сите 90 дена по 2 јаболка или секој ден различно денес 2 круши утре 2 портокали задутре 2 лимона итн...???
Јас од утре почнувам. Бебе цица ама и втор оброк ќе воведам па се надевам ќе е ок. Сакам 15 тина кила да симнам.
Д: мандарини Р и В: течешки шницли и зелка морков цвекло салата. Супа, немав. Прегладна сум веќе... За утре здравје, компир салата со кромид.
Јас за утре сармата од Бадник ќе ја дојадувам Денес немав леб,па за вечера со туната кифлички јадев Утре затоа па нема да има леб. Се подув.
80кг сум стигнала.Пааааак! Арно се качив на вага да видам Д:мандарини Р и в:сарми од лозов лист само со ориз и кисели краставички, парче-две тонус леб и малку ајвар
Р. Шпагети со доматно пире пропржено на лук и маслинки. Вечера имам посна тортаа ќе си јадам мм.. Е утре е денот овошје. Плус сабота. Леле... ние обично скара или печење некое со конпири јадеме во сабота и тажничка сум.
На скробен ден прегладнав со сармите и јадев пастрмајлија Вчера појадував банана, па после 2 саата три ѓевречиња Вечера едно домашно ѓеврече и баклава После неуспешниот скробен си реков ма не можам, се откажувам. Вчера најслучајно тесто јадев без да мислам дали е јх ден на ред, и денес викам чек.. вадам вагата, вика 78кг. Wtf? Ама како? И еве ме на овошен ден. Сабајле смути од банана и јагоди, сега цеден сок од портокал, до после имам мандарини,ореви и бадеми,суви смокви,сливи и урми Ќе биде успешен. И нека е само вода, ама сепак е повторно 7ца напред Ај фииил гууууддд