Денес две јаболки, авокадо, една здела огромна зелка морков цвекло и после мандарини. Со оглед на тоа дека бевме наваму натаму добро се држам.
Ќе имам резултат ако го прескокнам/заменам јаглехидратниот ден? Шеќер и брашно веќе неколку дена кај што исфрлив од исхрана и не сакам да внесувам.
@Maylin Их уште прашуваш. Секако дека да, ама треба и јх да внесуваш сепак.. Интегрално брашно и црно чоколадо, или шоља топло чоколадо за вечера во јх ден.. Твоја одлука. Мене ми е успешен овошниот, јаооо после толку време Смутито и сокот од сабајле, “ручек” суви смокви и урми а завршив со една јаболка,една мандарина,неколку бадеми и сирови ореви. Евентуално уште една мандарина би каснала ама не сум гладна.
Девојки тотално сум разочарана од себе Паднав во искушение со празнициве и ја прекршив диетава ... Од утре почнувам од почеток ...мн сум разочарана а добро ми тргна ...
Јас сум на ЈХ ден денес (3/90) Поручек: портокал + малку банана. (ја не штедам на овошје ако ми се јаде, нормално не да изедам кило, ама мислам дека не менува премногу, бар во овој дел од денот). Ручек: макарони со доматно пире, босилек, лук и маслинки (од тука се инспирирав). Вечера: некоја торта + кафе. Утре прв овошен ден, ама мислам дека ќе ми биди втор најубав после денешниов
Ајде и јас да се пријавам за диетата. Сакам да намалам на кила, имам сега 67 па да стигнам барем до 61 би била пресреќна. Ја почнав вчера 1 ден Д:2киви и кафе Р:салата со марула, домат, малку сирење, две варени јајца и 1 галета В:едно варено јајце, 5маслинки и малку сирење Денес 2 ден Д:2 киви и кафе Р:спанаќ со ориз печен В:исто како ручек, пола порција
Јас, здравје почнувам од 1ви Март со велигденскиот пост. Лани исто ја почнав со постот заедно и од Март до Август ослабев 27кг. Не бев до толку ригорозен, посебно не со редовниот доручек. Но се откажав од шеќер во кафе, чај, од леб целосно, од кока кола и останато газирано (освен пиво ), пиев многу вода секојдневно. Презадоволен сум со резултатите, зашто еве после 6 месеци откога прекинав со диетата сум поправен 4-5 кг и тоа најмногу поради софрите пред, за и после Нова Година. Си давам фора до Март, па после уште 10кг да симнам ќе сум презадоволен. Единствена лоша работа во диетата (барем за мене) е тоа што останав без гардероба, се ми е огромно, ама па супер се осеќам, сепак 27кг и не се така малку. Денес прв пат после можеби 15 год купив јакна XL број и неможам да се изначудам. Во секој случај одлична диета, ја препорачувам на секого.
Намалив 5 пред празниците. Сега може се и вратени Старрувам официјално од вторник.. Ако има некоја да се дружкме и бодриме заедно
И јас стартувам од "утре". Сакав од денес, ама вечер сум на гости, ќе има кифлички и руска, па не е изводливо. Цврсто сум решена за утре, па ќе видиме. Вагата покажа 83. Цели 83. Уште не можам при себе да си дојдам, па јас од 75 нагоре никогаш немав мрднато. Се надевам дека ќе истраам овој пат до крај и ќе симнам барем 10кг.
И јас од денес. Имам 10 за слабеење ми се јаде ми се плаче ама јбг. Д: 2 портокали Р: стек на скара, салата и супа В: пола ручек ќе биде, без супа
И јас исто,денес роденден и имендени затоа не сакам од старт да почнувам со грешки. Тогаш, утре заедно почнуваме. Ќе се пратиме и бодриме секој ден.
Добро издржувам засега. Ден 3 Д:2 киви и кафе Р:пица В:ред чоколадо и парче торта Ден 4 (вчера) Д:банана и кафе Ужинка:1 шака лешници и 3 урми Р:салата од мало јаболко, пола банана, 1 портокал и 3 урми В:малку руска салата(прекршив за на тато името) Денес нов ден со нови сили 1кг помалку на вага Единствено лошо е што не пијам доволно вода
4/90 - овошен издржан машки 5/90 - протеински: пола портокал и пола јаболко; 3-4 парчиња кашкавал, 1 варено јајце, салата од зелка. вечера: салата од марула, варени јајца и млад кромид. (прекршок: бев на именден, јадев кифли 2-3 и благо, јбг) 6/90 - скробен: вода со лимон + банана; р: печени компири + салата (вечера исто). Засега супер ми оди, не чувствувам глад, а апетитот ми е значително намален. Некогаш се форсирам да јадам оброк оти мора, затоа количински скоро на пола ми е намалено од шо јадев претходно. Килажа немам мерено.
Почнувам денес ја имам успешно држено неколку пати и искрено, нема подобра! Сум се трудела да ја држам максимално уредно, но сум грешела и сум продолжувала, и пак имало ефект. Зборот ми е, немојте да се откажете заради една грешка, продолжете, но немојте и да се опуштате премногу Ајде сега да видиме дали јас ќе си го послушам советов ден 1/90...
7/90 - јх - сабајлето smoothie, ручек: пица; вечера: сладолед. 8/90 - овошен (веќе направив утка, си јадев сабајлево едно парче леб со намаз, ама умрена бев за јадење ) али до крајот само овошје и можда малку бадеми/лешници/индиски ореви, ќе видиме. Хумус во ЈХ јадите? или во скробен?