Значи неможам со ова благово навечер ич не ми одговара ке почнам со пола од ручекот за вечера и ред темно чоколадо во јх.
пред да ја почнам ун мислев дека јх ден ке ми биде омилен и едвај чекав да дојде дојде еден два три јх и толку беше толку тешко ми беше на јх ден се осекав подуена со гасови за никаде и после почнав да си терам со што за ручек тоа за вечера тоа што не симнував тежина е друга ситуација
Во ЈХ ден омилено ми е ѓевречиња да ги мацкам во томатело сос со бибер. Утре ЈХ ден, од сега му се стрвам. Инаку 10 ден денеска, се мерев после вториот витамински, имаше - на вага, мада не очекувам брзо да паѓам. Сакам -10 кг ама и со 5,6 ќе бидам задоволна. Денес прегладнев, појадок банана, ручек кон 1:30 грашок манџа со кисели краставички, вечера во 17. Сега ме врти стомаков, ми се јаде ми се лае. Испив едно кафе ама џабе. Ќе си легнам да не мислам на јадење
И јас почнувам од утре.се дружиме значи.ја држев една недела и супер ми Одеше.ама почнав на работа и се ми се измеша.од утре цврсто
И се случило ли на некоја веќе во трета недела уште да нема видливи резултати? Бидејќи ве читав и погоре, повеќето пишаа дека во обем намалиле, а кај мене нема никаква промена. Внимавам многу до сега не сум утнала нешто, исто и пазам на порциите количински не јадам многу. Дајте некој совет доколку се соочила некоја со истово, ќе ви бидам многу благодарна ❤️
4ти овошен помина успешно до сега сум -2 кила. Биди упорна нагло ќе почнат да паѓаат килограмите редуцирај го благото јади пола од ручекот во јх.
Во обид сум веќе цел месец да ја држам, но секој трет ден имам големи грешки. Ќе си продолжам на тој ден што сум, и се надевам дека нема да правам грешки, барем не големи. Денес ми беше овошен и во текот на денот јадев мандарини, бадеми и салата марула. Единствениот проблем ќе ми е алкохолот еднаш неделно, ама ќе гледам барем тој еден ден да намалам со количината.
Здраво, јас се враќам на старата и добра УН, ред си е ред Почнав вчера, понеделнички Имам голема мотивација се надевам ке ме држи барем месец дена. Не се мерев на вага туку само во обем, планирам еднаш неделно да се мерам, евентуално после секој втор овошен Ден 1/ Протеински Д: труско кафе и јаболко(кај 7ч), во 12 макијато и портокал на факс бев, морав да каснам, ке се потрудам макијатото со еспресо да го сменам или чај.. Р: Две јајца, пиперки, фафарона една каснав, 2 парчиња двопек и чаша јогурт. В: 1 јајце во салата марула Ден2/Скробен Д: Турско кафе и портокал Ужина(сега): Зелен чај и јаболко Р: Брокула, карфиол, морков со ориз и леќа. (250гр. мешан зеленчук, една лажица леќа и две лажици ориз.) В: Витаминска салата од сега ја мислам Да кажам дека си пијам топла вода со ѓумбир и лимон насабајле после станување. И еден чај со стапче цимет секој ден после ручек обично. Имајте убав ден
протеински д: немав касно станав р: две јајца, парченце сирење и зелка салата и зелен чај в: едно јајце, зелка салата
Јас кога почнав нели се исповедам дека ја усрав уште првиот ден, па така си решив да почнам кога ќе бидам спремна. И подебела секако Еве решив од утре. Ќе речев од денес ама касно ееее Ќе си испринтам еден лист со неделно мени сега и сакам само по него да се водам. А не, ми текнало ќеса чипс да ја офукам и о лелелеее гзот ми е голем! А не да е голем веќе, се срамам во тренерки да се облечам Така друшки, утре сред-среќен ден! Среќен почеток на сите па и на мене
Вчера прв ден: Д: 2 портокали Р: голема туна и салата марула В: мала туна и марула Денес Д: 2 круши Р: ориз со тиквица и зачини, марула салата Ручав касно во 17 часот и сега прашањето ми е; според правилата во скробен ден растојанието на оброци треба да е 3 часа значи во 20 часот кога и треба да е последниот оброк ама мислам дека нема да бидам гладна дали е ок да ја прескокнам вечерата?
Втор ден.. Читајки ве, некако поразлична ми изгледа од тоа како што ја имам јас. Јадете и пржени јајца? Ако ја имате правилно, може некој да ја закачи?
Јас според ова се водам. На групата што ја пратам на ФБ гледам пржени јајца што значи може, веројатно со минимално масло
А смее во ист ден да се меша ориз, грав и слично? Пример месо џс ручек јајца за вечера? Во мојата не смее.