Ами камо банана? Мене жими она ме држи сита. Јаболки рендани со цимет и ореви, некое смуди смучкај Вечер салата Ти се јаде затоа што пола ден ти е во течности.. ем лимонот и ѓумбирот ти го нагризале желудникот ем кафето капак. Јас бев прегладнета сабајлево, уште еднаш не би почнала ден со сок.
Ден 4 овошен 2 банани 3 мандарини 1 кива досега Имам овошна салата за покасно мандарини киви и ананас со кокос и цимет а можи и нешто зеленчук ке каснам
Како ги спремаш макароните? Варена зелка или? Интересно звучи, не сум пробала вака. Или салата зелка и морков беше?
4/90 Д. Јаболка Р. Салата со домати, краставица, пиперка, магдонос. Плус две пржени пиперки, знам дека не смеам. Сега зелка салата со лук и магдонос. Јас ги јадам салатите зачинети со сол и лимон. А вие? Знам дека не смеам. Дури јадам повеќе од вообичаено сол.
Со сол,зејтин и оцет. Не можам поинаку, бљуткави ми се. Друг пат подобро печена пиперката јади ја, ептен е вкусна во комбинација со домат и кромид. Ете ми идеја за утре.
17/90 Протеински 2 јаболка Стек со малце кечап(можеби грешка) + салата и 1 парче интегрален леб Пола од ручек
во тавче сецкам лук, малце го пржам па додавам ситно сецкана зелка и морков(свежи), ги пржам заедно, па во 50мл вода ставам кари, вегета и бибер и го турам во тавчето, врие една минута па ги додавам макароните (варени секако)и ги мешам заедно.Се припрема за 5 минути и е многу вкусно.
Трет ден Д:Смуди од банана и јагода Р:Макарони со зелка,морков,лук,кромид и томатело ( фала @em.dzer ) В:Колач со малини Сакав денес да ми биде овошен и да терам само турбо ун пошо ич не сум гладна а воедно и вчера бевме излезени со мм и јадев помфрит и поховани тиквици па да го испррам гревот, ама сепак не. По редослед ќе одам а од 17ти ден турбо ун.
и како беа, ти се допаднаа? денес овошен -две крушки сабајле, па во 12 јадев банана и мандарина па наредно ќе видиме
Ден 5/90 Д: јаболка и кафе Р: омлет од млад кромид и печурки една чаша јогурт В: марула со јајце ќе биде Кажувајте ако грешам во комбинацииве, зошто си правев и порано грешки така..
Кога јадеш јајца се пие супа, а со урда/сирење јогурт. Знам дека е повкусни јајца со јогурт ама грешка е @em.dzer Уште не сум ручала, ама сигурно ќе бидат убави. Се чувам за попосле. Се надевам и утре ќе немам апетит вака.
Ајде и јас да ви се придружам Ја почнав пред 5дена и го издржав и овошниот ден,мислев потешко ќе ми биде. Сакав да прашам дали смее пита со праз во јагленохидратен?
Смее. Со праз,со спанаќ, со блитва.. Со се’ Јас вечерав млеко и бисквити, пола обично пола чоколадно млеко+мало кроасанче 7days. Ми требаше нешто течно,ручекот ме претупани.
5/90 Д.Јаболко Р.Два копани, Салата краставици, магдонос и една кифличка. Никако навика за супата. В. Копан, зелка салата со лук и магдонос. Нокта е долга пред нас.
јас сум уште еден сат на работа, последно во 22 пиев цеден портокал со лимон бидеќи не можев да издржам на работа, а работам како келнер со храна ..не е проблем што испив така?
Јас си се тешам сама себе кога правам грешки, од што неможам да издржам, дека подобро така одколку да седнам да се најадам како претходно.