8ми овошен јееј Call me crazy ама јас едвај чекам овошен ден да ми дојде, сакам смудис,сакам јаткасти, обожавам цеден сок од портокал, а само во овој ден е дозволено, така да го засакав овошниов несакајќи. Од сабајле испив две чаши смуди од банана,јагоди и аронија Подоцна еден филџан цеден портокал Сега за ручек две печени јаболки со цимет и ореви, 30гр ф’стаци До вечер имам уште два портокали,индиски ореви ииииии нејзиното височество-варена тиквааааа! Заситува ко компир да си јадел Во меѓувреме кафе со цимет, вода и овошни чаеви. @Carolin. Абе златна шо се потресуваш за едно кафе? Што, да не ќе те здебели случајно? Не сме за еден ден на диетава, така да рилекс. Првите три дена си пиев нес со млекце, и сега би ама повкусно ми е турскови си малку цимет внатре. Ај, не сме нови тука па да кукаме за вакви ситници Мешањето ориз со компир јас не го гледам кко грешка затоа што е дозволено мешање 80:20, тоа е сега нешо по ново на фб групиве дека “никако не се меша” “никако кафе со млеко,шеќер” “никако оцет и сол во салатите@ и тако даље
Ја имам држено диетава и имам ослабено со неа и тоа многу. И јас не верувам дека од едно кафе ке се здебелам, ама си кажувам и пишувам да памтам што јадам... Мене организомот ми е навикнат на ручек да добие јадење и тоа збориме во нормални количини не сум некој тип на човек што станува и седнува на маса, ама пак затоа гледам ручекот да ми е добро најадување. Ако јас за ручек не се најадам после уште 10 пати да јадам џабе ми е. А еден компир во ориз не сметам дека е некоја голема грешка Теа Вечера јадам салата зошто ми е лесно на стомакот после. Мислам дека сите сме различни и нема потреба да си солиме памет еден на друг, ако правам грешки во комбинирање на намирници како што знам дека правам во протеински со јајца и јогурт и се обидувам да не ги правам, тогаш ве молам исправетеме, а во порциите и јадешето навечер или наутро, нема потреба да си попуваме една на друго. Јас знам за мене вие за вас. Најдобро намерно ова. Имајте убав ден.
Ден 10 скробен: Доручек прескокнат Ручек: ориз со печурки Вечера: ориз со спанаќ Се надевам не е грешка и печурките и спанаќот се неутрални?
10/90 Д. Јаболка, Лимонада, две кафиња со по малку шекер Р. В. Ке е исто ваљда на пола, со зелка салата.
^Инаку да знаете дека бомбоните ја бркаар гладдта. Си земав едни на Др.Солдан од капини и едни со ѓумбир, ма ништо не ми се става во уста сега. Благички а без шеќер. За во овошен се 5ка
денес протеински, доручек немав касно станав, ручав околу 16 часот стек и марула па ми беше касно за вечера и ништо не прекаснав..
Ден 11: Доручек: овошен сок Ручек: ке направам пита со готови кори и спанаќ Вечера: торта и ред црно чоколадо
дор. две киви сега ќе ручам јајца маслинки домат е едно лепче. значи овде сме да си помагаме една на друга не за соленје памет. ако нешто укажам или ми укажат не е тоа соленје памет. јас кажувам како е правилно диетава а не индивидуално зашто читаат и други да не дојде до забуна. а секоја намирница си има своја цел во диетава и не е грешно да се меша ориз и компир туку грешка е да не се вечера од истото пола. а тебе како ти одговара така прилагоди си ама не значи дека е правилно. и ова најдобронамерно :0
9 протеински Д:Смуди јагоди и банана Р:Пастрмка,зелка салата и супа В:Туна и салата (домат,краставица и кромид) Овие 4 дена само 100гр сум отишла надоле. Битно не е нагоре Ама имам циклус, така да очекувам после него да се регулира. И онака се осеќам подуена целата. 78.9. Важна е 8цата тука
Ај помош денес ручав јајца со маслинки и домат, а за вечера ке бидам во ресторан. сигурно нема јајца да порачам. што би можела да јадам со салата ?
Доручек 2 исти овошја.Плус свежи,не цедени или смуди.Тоа за ручек вечера можиш во витамински ден 24/90 Витамински 2 портокали,1л мед,кафе без шеќер 1 шака ореви,јаболко Вечер ќе биди салата со цвекло и морков
Каква врска има дали е цедено или смуди? Кај го пишува тоа дека не смее да е цедено или смуди? Мене ме држи повеќе сита вака него ли свежо. Една јаготка не му менува ништо на мојот организам, така ми е научен
Придружисе во групата на ФБ.Таму има поискусни и плус имаш идеи за што да си зготвиш секој ден посебно.Планот за исхрана е таков,а тебе како ти одговара така прави
Членка сум, а првпат УН ја практикував пред 10год кога не постоеше фб група, многу поискусна сум во неа Не бегам од планот, смуди е исто што и свежо овошје пошо е правено од свежо овошје, не е ова тетрапак сок со шеќери внатре. Поздрав
Здраво женски.Да ви се придружам и јас тука (само затоа се регистрирав ).Веќе месец дена сум на Ун и ослабев 8кг.Целта ми е уште 8.Почетна килажа :73кг,сегашна 65кг,целна : 57кг Денес П ден : доручек : две јаболка Ручек : парче интегрален леб,пилешко,цвекло,4маслинки. Вечера : пола од ручекот без леб и маслинки.