Здравоо Вчера 11/90 Д: банана и турско кафе Р: три кришки црн ржан леб потпечени во релна со патлижан, тиквица, маслинки, кисели краставички и печурки плус две фафарони В: еден ред црна чоколада и мед со ореви Денес 12/90 Витамински Се снабдив со банани, портокали, јаболка, замрзнато овошје имам марула, краставици и спанаќ ке се прават смутиња ке се издржи некако. Плус ми дојде сабајле, а кога имам воопшто не ми се јаде така да плус ке биде тоа во издржувањето Го добив првиот коментар дека изгледам ослабено и тоа од некој што ме гледа секој втор ден и бев
@Carolin. И јас, и тоа од маж ми бе, кој буквално секој ден ме гледа. Уствари надуеноста спласна и стомакот се “издиши” малку,па тоа прави да изгледам послабо. Ама назад ми е возот
За вечера само еден ред чоколадо? Колку мед и ореви? Како ги подготви? Не ти се јадеше? Јас не би издржала со толку малку. Може и затоа оди преспоро кај мене, едвај 2 кг за еден месец. И тоа, ден-два помалку 200-300гр, нареден ден плус 200-300..... без мотивација сум.
Немам воопшто аперит навечер, ваљда и затоа издржувам, ама ручекот ми е обилен. Гледам да јадам во рок од 8 часа, доручекот ми е во период од 10-11часот а вечерата околу 18-19часот. Ореви земам колку една рака што бере и две лажици мед ги мешам и јадам, многу е вкусно. Многу вода и чаеви скоро 4литри течност во денот ми се берат. Станувам и одма подготвувам топла вода со лимон и ѓумбир и ја пијам после тоа кафе и литар вода до доручек имам испиено сигурно.
Ден 12 овошен: Смути од малини боровинки банана и ананас Бомбици од банана суво грозје ореви и кокос Имам уште 3-4 суви смокви Малку утнав требаше да пијам таблета ми требаше нешто позаситно испеков 5-6 шампињони без масло. Се надевам не е голема грешка. Мислење?
25/90 Протеински Д: 2 портокали Р: омлет од 3јајца со маслинки,1 парче интегрален леб В: пола од ручек+салата
Жени ја денес зае**в Скробен се до ручек.. После пица,баница и баклава праев и ај од едно, ај од друго да пробам... денов излезе јх ден Не знам со што да продолжам утре? Овошен ли да го правам, пак ли јх да биде? Срам ми е.
Воопшто не е грешка.Тоа е неутрална намирница и слободно може без масло и сол.Може и пиперка,тиква,се од неутралните намирници на овошен ден.Ти препорачувам и ореви,бадеми до 100гр,тоа баш заситува,барем мене. Вчера- скроб. Појадок : 3мандарини Ручек : компир манча,4маслинки,салата од зелка и морков,парче интегрален леб Вечера : пола од ручекот без леб Денес јх . Појадок : банана Ручек ќе биде пица со дооматен сос ( во сосот ќе ставам доста зачини и бел лук) исто на пицата маслинки и печурки. Вечера : парче торта. Ти препорачувам уште од наутро да си направиш лимонада со 1-2 лимона во 2л вода.Да го пиеш ова по цел ден а особено после вечерата.Многу ја убива желбата за глад и слатко а и слабее.Пробај.
Фала ти на предлогот, ќе направам и ќе пробам. Не знам дали е дозволено кокосово масло, но почнав да го додавам во кафе и се надевам и тоа ќе ми го забрза метаболизмот.
13/90 Д: турско кафе и два портокала Р: 4ќофтиња со салата марула и супа В: салата марула Уште еден циклус и се мерам, да видиме до каде сум
26/90 Скробен Доручек немав касно станав а обично не отпрескокнувам Ручек-Компир манџа,салата,1 парче интегрален леб Вечера-пола пд ручек Се наближува воден ден.Никогаш досега го немам држено и слабеев+имам физичка активност.Најверојатно и овај паѕ нема да го држам поради дежурство
Ден 13 протеински: Доручек: парче ананас Ручек: мисиркино месо салата од домати и јогурт Вечера: пола без јогурт
"Овој ден може да се јаде сирење или млеко, но во тој случај на месото односно на јајцата треба да им се преполови количината." Првото мислење во темава.
Вчера се изнајадов баница, не знам за кај вас ама во нашиот крај е традиција да речам, денот пред Прочка сите баници месат. Баник и баклава и за ручек и за вечера беше. Денес овошен Едвај го дочекав.. Да помине денес и од утре ем протеински ем понеделнички убаво да си терам пак. Уште овој циклус и на 17тиот ден турбото ќе ја почнам.
Турбото мене ми беше тешка, плус, ми се успори намалувањето на кг. Според мене, подобро е полека ама сигурно. Јас сум денес прв воден ден. Споро оди ама упорна сум.
14/90 Р: турско кафе и две јаболка Р: ориз со печурки и салата В: појма немам салата некоја ке биде Ме фаќа вирус изгледа, едвај јадам едвај голтам, кило лимони исцедив само пијам и се молам да не се разболам ама главава и коските ме болат а кај мене тоа се знаци на разболување
Мислев дека почести овошни ќе убрзаат процес. Лани не држев турбо а супер резултат имав. Го издржа водниот? Денов помина вака 1 банана,1 портокал,1кива, половина круша и половина јаболко,1 урма и 3 суви смокви, една рака ореви, некое бадемче и индиско оревче и на крај салата од патлиџан и краставица. Печев пица и пица лепчиња за мм, ма глад ме уби. Готова бев да се изнајадам ама знаев оти прво тука ќе кукам па после ќе имам грижа на совест. И одолеав Ама многу сум гладна сеуште..