Додека не се опраам треба дане пишувам Вчера овошен, и на крај со мм во кафана на месо и салата. Денес протеини и во план сум само со шопска салата и за ручек и за вечера да терам.
Исто и јас во овошен немам проблем,а јх сум најгладна Ве молам да ми кажете тие што се на турбо,дали има значителна разлика во кг.Ако може малку повеќе да ми се објасни кои денови се почнува и колку смееш да бидеш на турбо.Редоследот ми е јасен. Мене денес ми е 16 ти ден витамински,до сега една банана,3 киви ,1 зелен чај и едно турско кафе.
јас сум моментално на Турбо УН, а за резултати ќе видиме за брзо.Трае 12 дена и после продолжуваш со нормалната УН. дали смее печена соја во овошен?
Јас сум на турбо прв пат сега денес ми е 7ми ден, пред да почнам со турбо бев -4, е сега ако сакаш до недела да почекаш да завршам за да ти кажам со килограмите како ке бидам, ма да јас повеќе со метро се мерам. А стомакот мене ми се слизна одма, само овие од страна спојлериве абер немат, затоа и почнав турбо комбинирам со вежбање може и затоа имам побрзо резултат. Еве слика: Денес: 23/90 7/12Турбо ун - Протеински Д:турско кафе и јаболка Р: марула салата со три варени јајца В:салата со едно варено јајце
Мислам оти ќе ве напуштам. Вагава неќе надоле да мрдне После еден овошен покажан 78.5 - 80.5 сега си стои пак. Ох се разочарав баш. Не ми е мерак да продолжам со оглед на тоа што веќе 3 недели сум а прекршив 3 пати. Одам да се утешам со сутлијаш.
Сакав да ти пишам денес, тиква е скроб Пробај со кето, вага потешко ќе мрдне, ама чудо е како топи визуелно.
Не зезај, а јас во овошен ја јадев Не знам зошто закочив олку, лани баш лесно одеше Од кето ми е страв.. тие маснотии толку..
Секогаш кога ќе држиш диета, точно провери кои намирници шо содржат, инаку џабе. Пример многу мислат дека боранија има скроб, а нема. Или тиквата ја јадат како овошје, а има скроб. А за кето најважни ти се здрави бубрези, за маснотиите ич не се грижи. Луѓе средуваат холестерол и шеќер со диетава. Јас имав одлични резултати, а не бев гладна, море се изнајадов.
Да? И не се враќаат пак кг? Само јајца/месо јадеше? Еднаш ја практикував ама многу кратко. Знам дека стомакот брзо спласна. Ми изгледа многу ригорозна, беш овошје, без компири Нема cheat days нели? Познаничка се стопи во последните 3 месеци. Можеби преку 20кг е ослабена. Морав да ја прашам како и што, ми кажа дека е на кето. Ваљда вреди да се проба.
Фала ти на инфо. 17/90 Протеини Д:Два цедени портокали Р:марула,туна,семки од тиква и сончоглед + коцка зееленчукова супа В:пола од ручекот Сабајле се мерев - 4,5 кгр сум. Не знам се мислам дали да ја почнам турбото.
Оф топик сме, само ова за кето, а друго ако те интересира пиши ми лп. Јајца, месо, млечни, салати, јаткасти, од овошје јагоди, малини, капини. Кога ме фаќаше криза за благо по 1-2 коцки дорина со стевиа. Ако користиш заблажувачи, стевиа смееш. Ама добрата работа беше што благото ми беше преблаго, едноставно веќе не ми беше вкусно. Еднаш ја прекршив, јер роденденска торта, едвај пола парче изедов. Најдоброто е што ги топи мастите, пример јас најбрзо во нозе слабеам со други диети, а со кето стопив спојлери, тоа и што ми требаше.
Од лично искуство, кога ќе престанете со кето, и почнете да внесувате јаглехидрати килограмите т.е. подуеноста и во обем се се враќа пак. Ова или треба да е режим на исхрана цел живот без јаглехидрати, шеќери итн или јас незнам како поинаку. @NarCis@ ако знаеш некој трик за да не се врати првобитната форма на телото по прекинување на кето те замолувам да споделиш .
Кај мене пали барем минимална физичка активност секој ден, барем еден саат брзо пешачење. Бев болна и на боледување, па залегнав убаво и вратив три килограми. Се оправив, се вратив на работа, со пешачењето почнаа да спаѓаат килограмите без посебен режим за јадење. Здравје, планирам да почнам и со малку џогинг, ако ми дозволат условите, пошто дома сум со две мали деца. Ако не, си го имам пешачењето.
7/12 турбо УН- протеини доручек немав касно станав ручек: три јајца со спанаќ, печурки и домати и пола лебче вечера ќе биде само салата девојки, печена соја дали смее да се јаде во овошен?
36/90 Витамински Јаболка 3 4,кикири,1 банана ,салата-Ова беше во текот на целиот ден 37/90 Протеински Денес за појадок Јаболка и лимонада.За ручек и вечера ќе биди омлет со печурки и маслинки плус 1 парче интегрален леб
18/90 Скроб Д:1 јаболко Р:Компир варен + домат В: Половина од ручекот или само салата (ќе видам како ќе бидам гладна)