Вчера 4/90 витамински Помина супер, јадев банана, јаболка, суви кајсии, суви сливи, лешници и бадеми. Вечерта околу 19 часот јадев салата од домати и краставица со мелен бадем одозгора. Денеска 5/90 протеински Д: 2 јаболки + кафе Р: туна во маслиново со младо кромидче и 10тина маслинки + парче тонус В: туна со младо кромидче + макало од модар патлиџан, тиквичка, лукче и кромид со доматен сос.... Значи се убив од кромид јадење овој ден
Вчера 29/90 Воден Успешно поминат Денеска 30/90 Протеински Д-2киви Р-печурки со кашкавал,салата со краставици и домат без леб јадев В-печурки салата и малку кисело млеко
6/90 Д: јагоди+кафе Р: ќе биде ориз со спанаќ, салата и домашно р'жано лебче без квасец В: пола од ручекот со салата (без леб)
Девојки денеска ми е јх ден бидејќи утре ќе јадам месо а треба витамински дали во понеделник да продолжам со скробен или пак со протеински?
78/90 Скробен Д-Само лимонада бидејќи немав ништо овошје Р-Компири печени,пола парче леб В-пола од ручек + салата
46ти ден а јас истата. Мислам дека ни грам немам симнато, немам вага ама во огледало сум буквално истата од кога почнав. Строго се придржувам, плус после 18ч не јадам, а и бајаги килограми имам за симнување, над 25, предебела сум. Знае некој што би можело да е проблемов? Преразочарана сум.
Провери си ја тироидната чим не слабееш ,а си држиш по правила диета.Хипотироидизмот забавува метаболизам и резултира со дебелеење.
A да не се замараш со вакви диети и да смениш на здрава разновидна исхрана со плус вежбање? Јас одамна се чудам како диетава ја рачунаат за добра.
Јас лично кога ја држам диетава кога станува збор за кафе, чај, вода не се ограничувам од кога до кога. Течности се, и дури во intermittent fasting се дозволени во периодот на постење да се конзумираат, па не гледам причина зошто да не биде така и тука. Секако има разлика од кафе до кафе, има кафиња буквално ко парче торта да си изел ќе дојде, јас зборувам за еспресо или евентуално нес без млеко. Има периоди кога ја имам држено ептен строго додека да дојдам до онаа килажа во која се чувствувам најкомфорно, додека пак има периоди кога гледам доручекот да ми биде ете овошје, а понатаму да имам било каков поздрав оброк кој нема да содржи леб, многу шеќери и се она што се смета дека дебелее. Последниот оброк гледам да не ми е после 8-9 часот, секако ова зависи и кога си легнувам. Ова имам утврдено дека ми прија лично мене и ми помага да се одржавам на некој начин да не забегам по мрсни работи.
Фала ти многу мила, јас пред два дена почнав, нова сум па сега за сега добро иде, се надевам на некое кило помалце