1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

УН Диета

Дискусија во 'Диети' започната од mKdevojce, 7 јануари 2010.

  1. ♡BuBaLe♡

    ♡BuBaLe♡ Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 мај 2015
    Пораки:
    5.169
    Допаѓања:
    105.778
    Пол:
    Женски
    Исто сме биле.
    За минусирање, чекај ехее, рано е. Засега ако имаш одење во тоалет по секој оброк - добро е, почнало да делува. За минус килограми имс време, не мери се воопшто, не е целта овде за три дена три кила да симнеш, долг процес е. Јас прв пат кога држев после 6тиот месец во рок од недела дена 20 ги стопив. Секој организам различно реагира, а дека резилтатот е гарантиран тоа нема збор
     
    На Fidorija му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Chanell*

    Chanell* Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 септември 2016
    Пораки:
    4.389
    Допаѓања:
    32.797
    Пол:
    Женски
    Да. Барем мене ми беше :)

    А дали е погодна за трудници?
    Не да слабеам, туку да не се дебелеам.
    Башка не внесувам овошје и зеленчук скоро ич, јадам глупости само.
     
  3. ♡BuBaLe♡

    ♡BuBaLe♡ Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 мај 2015
    Пораки:
    5.169
    Допаѓања:
    105.778
    Пол:
    Женски
    Не ти треба диетава за да внесуваш овошје и зеленчук. Бар сега има во изобилство. А диетава, не би во бременост. И воопшто не е погодна за секого, наутро само овошје има, не е погодна за секого. Сега немој да експериментираш со диети, гледај бременоста, јади си здрава храна и приушти си и по некоја храна која ти ја, сака душичката во оваа блажена состојба :hug:
     
    На Chanell* му/ѝ се допаѓа ова.
  4. AnnaPe

    AnnaPe Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 мај 2019
    Пораки:
    132
    Допаѓања:
    216
    Пол:
    Женски
    Кога почна да оди вагата надолу?:D
     
  5. ♡BuBaLe♡

    ♡BuBaLe♡ Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 мај 2015
    Пораки:
    5.169
    Допаѓања:
    105.778
    Пол:
    Женски
    Батали вагата, пантолоните да почнат да паѓаат и добро е. Вага не ти ни треба :D
     
    На simoncelicius и AnnaPe им се допаѓа ова.
  6. AnnaPe

    AnnaPe Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 мај 2019
    Пораки:
    132
    Допаѓања:
    216
    Пол:
    Женски
    Ќе пробам некои викендов за мотивација. Иако сум само 4ти ден, помала бројка и те како ќе ме израдува :)
    Не одам строго по диетата бидејќи дојам, па не сакам да влијае тоа некако. Како голем обожавател на благо, доволно ми е за почеток тоа што не јадам по 200гр чоколадо секој ден :(:D
     
    На ♡BuBaLe♡ му/ѝ се допаѓа ова.
  7. ♡BuBaLe♡

    ♡BuBaLe♡ Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 мај 2015
    Пораки:
    5.169
    Допаѓања:
    105.778
    Пол:
    Женски
    На добар пат си. И јас кога ја почнав бев зависник на благо, минимум 200 грама милка јадев на ден, па прво тоа ми дојде како промена, отсакав благо, си чекав до четвртиот ден и супер ми е еве осум години поминаа и благо јадам ретко. Штом си доилка, јади мноооогууу овошје наутро, повеќе пати до пладне, јас кога доев така ја држев и овошен ден немав редовно.
     
    На AnnaPe му/ѝ се допаѓа ова.
  8. AnnaPe

    AnnaPe Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 мај 2019
    Пораки:
    132
    Допаѓања:
    216
    Пол:
    Женски
    Па тоа се моите грешки - повеќе овошје од пропишаното, и кога имам криза за благо јадам коцка црно чоколадо иако не е јаглехидратен ден. Најголемата победа за мене ќе биде ако ја искоренам таа навика која ја имам цел живот- ден без благо не е целосен ден.
    Колку кг симна ? :)
     
    На ♡BuBaLe♡ му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Ilina_na

    Ilina_na Активен член

    Се зачлени на:
    17 мај 2020
    Пораки:
    14
    Допаѓања:
    4
    Пол:
    Женски
    25/90 Протеински
    Го истерав супер,и сега страшно гладна бев каснав цреши можда две раце...ретко правам грешки ама не можев да издржам:(((((​
     
    На ♡BuBaLe♡ му/ѝ се допаѓа ова.
  10. ♡BuBaLe♡

    ♡BuBaLe♡ Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 мај 2015
    Пораки:
    5.169
    Допаѓања:
    105.778
    Пол:
    Женски
    Па не е толку голем грев црното чоколадо. Со тек на време ќе ти се одмили благото, бар мене по два месеци ми се случи тоа.
    Јас симнав 30+, добиени во бременост. Три бремености со толку + килограми имав и сите ги симнав со режимов, секој нареден пат полесно и побрзо, а притоа додека доев не држев овошен редовно, воден никогаш, кафе со млеко и шеќер по две три секој ден. Тоа ми е нешто што за ништо не го откажувам. :)

    Некогаш вреди да си послушаш што ти бара душичката и да си каснеш со сласт и без грижа, па еднаш се живее :*
     
    На AnnaPe и Ilina_na им се допаѓа ова.
  11. Ilina_na

    Ilina_na Активен член

    Се зачлени на:
    17 мај 2020
    Пораки:
    14
    Допаѓања:
    4
    Пол:
    Женски
    А да прашам дали смее да се јаде киноа и во кој ден од диетата ако воопшто може?:wasntme::wasntme:
     
  12. Maciiimac

    Maciiimac Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 декември 2018
    Пораки:
    80
    Допаѓања:
    21
    Пол:
    Женски
    Vo koj den moze da se jadat kikiriki nepeceni,nesoleni
     
  13. Girl235

    Girl235 Активен член

    Се зачлени на:
    27 март 2019
    Пораки:
    135
    Допаѓања:
    47
    Skroben :)
     
  14. Girl235

    Girl235 Активен член

    Се зачлени на:
    27 март 2019
    Пораки:
    135
    Допаѓања:
    47
    Ovosen :)
     
  15. agnes

    agnes Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2013
    Пораки:
    54
    Допаѓања:
    48
    Пол:
    Женски
    Гледам погоре зависници од благо дигам 2 прсти и јас сум истата само некако мислам тешко ќе ми оди без благо...Инаку денеска 4 ден овошен ден со лесно нека ни е :)
     
    На AnnaPe и ♡BuBaLe♡ им се допаѓа ова.
  16. ♡BuBaLe♡

    ♡BuBaLe♡ Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 мај 2015
    Пораки:
    5.169
    Допаѓања:
    105.778
    Пол:
    Женски
    Ти кажале веќе, скробен. Јас ја имам готвено кисната па варена со морков и брокула. За други идеи и рецепти со киноа да ме тагниш да видам, сакам да пробам.

    Вчера добро ми мина овошниот.
    Денес рано станав и дури сега појадок. Грешка или не - појадувам 1 банана и една рака јагоди, сецкани и прелиени со мед, чиа и кокос
     
    На Lilit и Ilina_na им се допаѓа ова.
  17. Estranged

    Estranged Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јули 2011
    Пораки:
    1.737
    Допаѓања:
    24.503
    Еве ме и мене со апдејт, дојдов конечно до вага.
    Почнав со 90кг +/-, не се измерив на сам старт. Ја терав диетата по правила, со тоа што еднаш месечно си дозволував еден cheat оброк (пица, чизбургер) и еднаш направив рокада на овошен и ЈХ ден (роденден ми се паѓаше во овошен, па ги заменив за да си ја пробам тортата :lol:).
    Пиев и огромно количество на вода. Првите 2 месеци дневно внесував во просек 3.5-4 литри вода. После како што слабеев, осетив дека ми е премногу тоа, па сега пијам околу 3 литри. Не знам тоа колку влијаеше на слабеењето, ама можам да кажам дека кожата никогаш не ми изгледала поубаво и поздраво. Исто и вежбав 3-4 пати неделно по пола саат до 40 минути ,low impact HIIT или орбитрек, кога-како, некогаш и двете комбинирано кога осеќав дека имам премногу енергија.
    Вчера ми беше 91 ден, денес сум 75.5 кг. Значи некаде околу 15 кила минус, и доста во обем (и тоа не измерив на почеток, пошто не мислев дека ќе ја држам до крај). Следната недела треба да правам крвна слика, ама претходниот пат кога ја држев (2014) хемоглобинот ми скокна до небо, очекувам и сега да е така.

    Генерално задоволна сум од резултатите, диетава е единствена што ми одговара како на организмот, така и на начинот на живот. Претходниот пат изгубив 16 килограми, и не ги вратив долг период. Последниве 2 години физичката неактивност и јадењето на претежно нездрава храна си го направија своето и стигнав до најголемата тежина некогаш што сум ја имала. Денес пак терам протеински пошто не знам што друго да јадам и немам се уште одлучено понатака како да продолжам. Имам уште некои 7-8 кг што ми пречат, ама о том потом, и вака сум среќна со одразот во огледало, така да планот првично не ми е да намалувам уште, туку да се стабилизирам на сегашната тежина. Претходниот пат во месецот после диетата изгубив уште 3 кг, само со јадење овошје за доручек, тој дел планирам и сега да го почитувам па ќе видиме.

    И тоа е тоа девојки, бидете упорни и резултатите ќе си дојдат.
     
    На Tajnaotrovna, ♡BuBaLe♡, Lilit и 2 други им се допаѓа ова.
  18. Fidorija

    Fidorija Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 јуни 2018
    Пораки:
    93
    Допаѓања:
    64
    Пол:
    Женски
    5/90
    Појадок: Еден Портокал и Едно парче Диња.

    Ручек : Едно парче печена Кременадла и парче Бел Леб плус чајна чаша пола коцка супа од зеченчук.

    Вечера: Пола од ручек без леб.

    Дечки инаку не можам да ја тргнам навиката од нес кафе,го пијам со кафеаф шеќер и многу млеко....се надевам ке имам резултати..
     
    На ♡BuBaLe♡ му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    11.716
    Допаѓања:
    150.560
    19/90 Јх
    П. Банана
    Р. Бг пица
    В.Палачинки

    Не сум мерена уште. Задоволна сум сега за сега по лицето и облеката.
    Психички се припремам за воден ден здравје за 10 дена.

    Ќе ти го успори слабеењето.
    Немаш избор.
     
  20. Ilina_na

    Ilina_na Активен член

    Се зачлени на:
    17 мај 2020
    Пораки:
    14
    Допаѓања:
    4
    Пол:
    Женски
     
    На ♡BuBaLe♡ му/ѝ се допаѓа ова.