Денес јх. Паста со тостирана лажичка сусам и неколку индиски преви, спанаќ, лук и маслиново. Вечера, штрудла со јаболки. Вчера 13 км сум испешачила. Не сум идеално задоволна, ама тоа е.
Дали тоа ти се случуваше и пред да почнеш со ун ? Сосема е можно да не си толерантна на некој тип на храна ама на сите протеини не ми се верува.А да пробаш да намалиш со количината на месото на пример,а да ја зголемиш количината на неутралните намирници? Идеи за протеински ден : мусака од тиквици и мелено месо тиквица или патлиџан полнети со мелено месо во сос од домати супа со пилешко месо и неутрални намирници брокула,морков,праз,тиквица топено сирење еден ред домати врз нив обично кравјо сирење во мала количина и одозгора моцарела и некоја маслинка во рерна или пржени печурки 2 3 лажици сос од домати и врз нив сирењето и некоја маслинка и таратор за вечера пржени пиперки со јајца или моцарела цезар салата Печурките се неутрални, а според мене и аспарагусот исто.На 100 гр има само 20 кал и 2.2гр протеин и 3.9 гр јх.
Можно и утврдено, ама до толку никогаш не ми било нагласено. Буквално од се со висока концентрација на протеин и само протеин. Пример ако јадам цело варено јајце, тегоби има, но само колокотење на стомакот, ако јадам само белка тогаш повраќам. Ако јадам кајгана, никаква реакција. Нешто се случува, но не знам што. Страв ми е од коронава да фатам патот по болнициве. Немам поголем проблем освен ете - гадење, повраќање, слошување, не дека не е проблем многу е страшно у моментот, ама поминува. Сум јадела нормално и порано, но со леб. Кога јадам со бел леб, немам толкав проблем Фала ти за предлозите.
Здраво девојки Јас пред некој ден почнав со диетава, денес ми е 4/90 овошен(витамински) ден. Ќе се потрудам колку шо можам да сум активна со цел да одржам континуитет
Денес се осеќам баш бла. Овошен ми е. Немам грешки, освен тоа шо пишав ама било модификација, а не испад со џанк. Се осеќам олабавено. Широка облека имам, ама она во огледало не ми е задоволувачко. Си викам колкава суж била бре ако сега сум вака?! Интересно е што често не се гледаме реално себе си. Те најчесто мислиме дека сме послаби од што реално сме. Да, да... не е обратно.
3-Јх ден. Доручек: Цреши,кафе и 250мл вода со лимон. Ручек : Баничка тегата со к.зелка. +к.краставици,џинки(се надевам декаможе ова џинки). Вечера: Ред црно чоколадо и сенмислам што да биде дали пак баничка или нешто благо ќе видиме до вечер. Ova smee da se koristi ???
Не. Преливи и сосеви, мајонези не смее. Така во книгата пишува. @Lilit може ли рецепт за полнетите пиперки? Мене скробен ми е најтежок. Ем ориз како отиз не го поднесувам а грав не сакам, ем нон стоп гладна се осеќам. Едит: најдов, веќе со го пишала. Баш ќе пробам вака можеби ќе ми биде вкусно.
Дали може да се почне со турбо ун како прв ден,бидејќи се почнува од 17,46 ili 75 den,дали може дирекно со турбо?
Денес 32/90 овошен... инаку започнав со околу 73кг. сега се мерев 68...не е многу ,малце се демотивирам ама следно мерење по 10 дена
Јас сакам да се мерам и мислам дека денес ќе сефтосам. Вчера овошен, цел ден добро, вечерта направив посериозен прекршок, не од што не можев да издржам, можев, туку ми требаше храна за заземјување. Лош ден. И не се осеќам виновно. Ама ич. Дента ништо и така не јадев, само вода, пладнето една банана, јагоди, цреши и јатки. Калориска вредност ми се собра околу 800 калории, така да... не ми е гајле. И покрај прекршокот се осеќам полабаво него ли вчера сабајлето после јх ден. Бројам и калории инаку. Без калориски дефицит ништо. Денес протеински, ќебапи само со говедско месо, без додатоци. Ручек/вечера тоа, секако со салата. 25/90 инаку.
Не се мерев. Влегов у фармерки што горе 10 сантима се двоеа кај копчето и немаше шанси да се настегам у нив. Канп ми се, ама тоа е тоа.
5/91 Протеински. Д: Кафе, вода со лимон и една банана. Р: Сардина со салата ,лебче и супа посна мислам дека ќе треба со рибата денеска. В:Туна салата.
Неколку денови сум строго на салати , денес нешто ко да ми се слоши и си зедов туна (со салата црвена зелка),па се мислам да продолжам со ун ,ако денес јадев туна со салата , утре да продолжам со скробен ден и итн... Имав зимата еден неуспех со Ун диетата , дојдов до 25 ден и тука на жалост стопирав ...ослабнав тогаш 7кг ....ќе направам втор обид , мојата цел е -30кг !!!