Фала на одговорот душо... Ќе гледам да ускладам некако од кај за малава башка појадок,ручек, ужина и Вечера па и за мене ли...
Денес 33/90 Витамински. Вчера грешев. Јадев силбо геврек со сланина и јогурт вечерта и помфрит. (Јадам глутен после 33 дена). Нешто не сум добра, па си каснав. Денес -5 кг. Втф?!
5/90 протеински П:напиток и јаболко гоолемо Моментално кафе пијам Р:копан и подкопан +марула+краставица+домат+маслинка се заедно ќе направам Мора ли супа да пијам... Јогурт дали може? В:само копанче и салата Вчера овошен и супер поминав *5мали крушки *1рака непечени кикиритчиња и малку брусница И јадев кај 5 зелка,краставица и морковче со тоа завршив 3кафиња јас мислам не згрешив
Ова 12 витамини што е? Инаку цедевита, шумливи таблети такви работи можат ли да се употребуваат или само кафе, вода, чај и какао во јх
И јас приметив дека ако подолго време стагнирам и си каснам нешто ептен „грешно“, како да ми се размрдува метаболизмот и продолжувам да губам кг потоа.
6/90 скробен Напиток и 2 праски Инаку да се пофалам неможев да додржам 10 дена за да се мерам и утрово застанав на вага иииии ми покажа 92.500 што значи 2.400 сум намалилаза 5дена Јас па мислев нешто плус пиеш..
Еве ме мене пак. Првиот пат издржав некои 40 тина дена, - 10. Денес 6/90 - 2 Појадок две кајсии.. Кафето го пијам со шекер. Ручек помфрит со брокула и краставички салата. И многу магдонос. Лилит ти го препорачувам магдоносот, мене мн ми помага џа исфрлање течности. Многу.
Абе јас еден период пиев по литар чај од магдонос, а сега само го купувам и го фрлам. Арно ме потсети, од утре во салата ќе го ставам. Освен тоа дитокс одличен прави на бубрези и црн дроб. Деновиве не се осеќам ок. Стомакот ми е крш.
Здраво . Дали некој има стагнирање со кг додека е на диетава. Трет пат ја држам , секогаш успешно сум симнувала по 15 кг но овој пат не е така. Веке 2 ипол месеци сум на диетава ,при крај значи . Првиот месец симнав 7 и од тогаш ни грам . Дури и има денови еве како денес +кг а после витамински ден е. Дали треба да пијам повеќе вода , или е во нешто друго проблемот не знам . Почнав да се нервирам многу . Ако имате совет пишете
Можно е да не ти одговара веќе. Последно кога ја држев, немав исти резултати како првиот пат, а прилично строго се придржував кон диетата. Претпоставувам, организмот се навикнува и поради тоа резултатите се минимални.