Јас вчера 40ти ден и утка...имав лош ден и каснав и помфрит и кашкавал,а убаво ми тргна се до вечерата..сега да прашам дали да си продолжам со скробен како 41 ден или да почнам пак протеински???
Мене прв пат ми се случува ова. Ќе пробам ден два да јадам нешто помрсно да го разбудам организмот.Мислам дека и вода не пијам доволно . Ама се изнервирам сабајле коа видов вагата си стои ,стомакот исто Не сакам да прифатам дека не ми одговата диетава мене ми е спас
Направи си во бокалче вода со лимон исечен на кругови и малку ѓумбир, нека отстои преку ноќ и нареден ден испиј го. Литар од тоа, уште литар вода и да знаеш колку си испила тој ден. Јас се збогував со ун. После две бремености, едноставно не е за мене. А и вака кога ќе споредам, помалку имав енергија отколку сега на кето. Не се секирај, ќе си најдеш нешто што ти одговара, само мора да пробуваш
Јас после првата бременост кога ја држев се преполовив со диетата . Ама ја држев после година ипол од порагај . Сега по втор пораѓај мнг брзо ја почнав по 3 месеци . Може и тоа си има влијание. Ќе пробам ова со лимон. Фала ти за советите.
35/90 Скробен Доручек банана, ручек печен компир со зачини, печурки печени и салата зелка, цвекло, морков и магдонос.
Дечки хелоу јас сум на ун од 30.05 не се измерив пред да почнам немав батерии тогаш ама преку 83-4 сум била сигурно....барем маж ми вика така хахахаха Најтешка во живот до сега Пред неколку дена се мерев имав 81 а денес 79кг. Денес ми е јх 23ти ден.....цел ми е 6ка да видам...макар биле 69,99кг
Турбо УН се држи во склоп на УН диетата ако подолго време стагнираш со килажа. Се почнува 12 дена пред вториот или третиот воден ден и се држи по следниот распоред: протеински, скробен, овошен, протеински, ЈХ, овошен. Ова се повторува 2 пати, односно 2х6=12 дена и потоа следува воден ден. После водниот си продолжуваш со регуларниот распоред на диетата.
7/90 јх П:напитокот и банана(немав дуго) Р:леб на скара+печурки и тиквичка на скара (2кришки)+салата В:2коцки торта(касато) +ред темно чоколадо Тортата нагости ја јадев па ми беше незгодно да сликам
Ме примате во друштво? Почнувам од утре иако ПМС дрма. Едноставно морам. Ќе си пишувам овде ради евиденција и за да не забушавам. Летото е измислено за диета.
Добредојде чим си решила... Таман и мене ми е утре протеински и јас сум на почеток 8ма ден ќе ми биде...