6 ден скробен. Појадок 2 праски, чај од камилица со ним. Ручек ориз со салата. Вечера пола од ручекот.
Од утре ви се приклучувам. Плус наутро ќе трчам, добив некоја мотивација да се стопам, сакам новите купачи убо да ми седат. Стартувам со 64кг, целта ми е да имам 5кa напред, па макар и 59кг да се. Ќе ви пишувам редовно, заедно сме посилни.
Почнав вчера и јас, 1/90 Д. 1 банана Р. Пиперки полнети со сирење +салата В. Пола од ручекот. 2/90 Д. Две праски Р. Печурки пропржени со кромид и грашок без масло и краставица салата В. Или пола од ручекот или само салата ако не сум многу гладна.
Го прескокнав, се одлучив за какао без шеќер. Фала ти сепак. Ден 7ми Д- 2 праски Р- Зелник со блитва и перја, може и повеќе изедов незнам, ама не сум прејадена. Убаво ми дојде. В- Парче торта, правев убава освежителна со малини. Инаку ми доцни, требаше да ми дојде пред 3 дена, дали што сменив начин на исхрана, кај и да е ке пробие па таков ми е денот со болка Убав ден на сите.
Јас колку што знам не, можеш сама да си напраиш сос, со динстани печурки, кромид, и морков, водичката од печуркитр ќе ти се направи како сосче, и така е многу вкусно. Исто можеш и тестенини со зеленчук и неутрални намирници, и така се многу убави.
Џенцки пројде вода вчера околу 4л.испив што со лимон што без Се на се околу 7кг.имам симнато. П.с пијте вода....не пиев на почетокот и не идеше баш...првите две недели по 1кг може само отиде. Почнав на сила вода шишето пред мене по 2-3л.минимум и оп -7
Дајте идеја за јх... Ми се јаде нешто ама нз и јас што.... Околу вечерата ако правам палачинки во нив дозволено ли е банана, крем, ореви... И се рачуна ли како Вечера мала порција крофнички(од оние панаѓурските)
7 јх ден. Појадок една банана и цеден сок од лимон. Ручек макарони со кечап. Вечера три домашни колачиња. Вчера малку ја утнав, ама идеме понатаму.
15/90 јагленохидратен П:напитокот и банана +кафе Р: макарони посни мерев 100гр и планирав благо за вечера ама ставив помалку од 100 и ќе имам Вечера исто како ручекот... Макарони и сос од печурки(морков, кромид, печурки, оригано, ким, сусам, мелена сол, сол, вегета, ловоров лист, малку брашно) макароните ги варев во сосов + салата(зелка, морков и магдонос)
Прв ден и од старт грешка, ама немам избор. Морам да почнам со скробен, утре ќе истерам протеински. Доручек-цреши Ручек - компир манџа и салата За вечера пола од ручекот
Чим признаеш грешка пола се простува..... Добре дојде инаку..... Утре нека ти биде прв ден денешниов не го рачунај барем јас така мислам, си требала ако не месо јајца свари си а со тек на време ќе се навикнеш еве утре скара ќе јадат другите а мене ми е овошен па затоа ќе си зачувам за протеинскиот а и планирам да си замрзнам пошо плескавици и копани ќе печат а јас сакам од двете Имав пред тоа слично на јх ден јадев леб, печурки и тиквичка на скара па по 2дена си го јадев делот од скарата за мене.. Инаку смачено ми е за сите побашка да готвам за мене, бебе и за останатите ама вољата е битна... Среќно душо