И јас се придружувам, денес 8 ден овошен , помина веќе. Деновиве знаев да прекршам по некое правило, пр салатата па после 20мин ручекот со месо. Или завчера во скробниот многу малку од ручекот, скроб скоро и да немаше и цел ден на салата. Дали во оваа диета е дозволено да пијам чај од ѓумбир и лимон. Мислам дека уште подобар ефект би имало. Пребарав во темава но не најдов ништо за ѓумбирот. Или можеби уште некој трик да ми кажете.
Денес скроб, 44/90 Не кажувам што, зошто шерував рецепт јавно ) Ќе пишам у некој нареден скроб, ама дефинитивно омилено ќе ми е. Утре 45/90, јх Пита со праз за ручек и салата, а вечера палачинки изгледа. Вака така на пола сум. Стагнирам, ама искрено, имам мака со желудникот, нооо не мислам секој ден што ќе се јаде, што е одлично. Имав неколку пропусти кои беа свесни и не жалам за нив, но веројатно и ради нив стагнирам особено послесниве 15 дена. Само, имам промена во циклусот. Очекував. Некој друг со сличен проблем?!
ЗДРАВО ЈАС МНОГУ СУМ СРЕЌНА ПОСЛЕ СЕКОЈ ОВОШЕН ДЕН СУМ МИНУС ЕДНО КГ ДО СЕГА -3 КГ А ДЕНЕС МИ Е 16/90 ОВОШЕН ДЕН УТРЕ ПАК ЌЕ СЕ МЕРАМ!!!!
Не кажувам што, зошто шерував рецепт јавно ) Ќе пишам у некој нареден скроб, ама дефинитивно омилено ќе ми е. Утре 45/90, јх Пита со праз за ручек и салата, а вечера палачинки изгледа. Вака така на пола сум. Стагнирам, ама искрено, имам мака со желудникот, нооо не мислам секој ден што ќе се јаде, што е одлично. Имав неколку пропусти кои беа свесни и не жалам за нив, но веројатно и ради нив стагнирам особено послесниве 15 дена. Само, имам промена во циклусот. Очекував. Некој друг со сличен проблем?! Истиот проблем го имав порано после еден месец прв пат си реков дека можам да си дозволам грешка бидејќи имав намалено доста и после уште 2 недели ни едно кг не намалив и тогаш ја прекинав диетата и заради тоа се зареков дека нема грешки овој пат да правам снаами е веќе 75/90 ослабна 12 кг до сега а направила грешки повеќе до сега имала периоди на стагнирање ама вели не се откажував бидејќи секако се осеќав прекрасно со режимот на исхрана и потоа повторно си почнале кг да намалуваат
А дали смеам да те прашам за темпото на губење на килограмите (освен стагнацијата што ја спомна сега, дали си задоволна)? Сакам да ја почнам диетава наскоро ама ме интересира некој што веќе ја тера подолго време да ми каже дали навистина дава резултати како што е наведено... Секако и други мислења се добродојдени ако сакате да споделите
Не сум меродавна, искрено. Мојот метаболизам е сосема друга приказна. Има членки тука ем со подолг стаж во диетава, ем немаат проблеми здравствени.
Здраво друшки Вчера 8ми ден, цел ден овошје и супер поминав немав воопшто кризи. Диетата ми беше страв да ја почнам бидејќи бев навикната да имам пообилен доручек. И можеби премногу размислував што и како ќе биде. Сега за сега сум задоволна бидејќи првите 4-ри дена ми беше најтешко. Почнав со дури 97 кг сабајле се мерев после втор овошен и сум 93кг. Знам дека е само вода, ама има надеж и секако си треба време. Битно да останам мотивирана. Денес ден 9-ти Д- Лубеница Р- Планирам сирење и јогурт со салата и парче тонус леб. В- Пола од ручекот.
Јас со стапчест миксер го матев(за побрзо и без шеќер) само нес и вода Во јх со колачињата наместо само млеко може од ова да се почастиш
На кој до што му дошло.. Сега за сега добро се држам 2јаболка, банана, сега лубеница за ручек... А утре здравје ќе се мрсам и јас
Женски здраво, најпрво на сите ви посакувам да си ја постигнете посакуваната тежина. Прашањето пред се се однесува на оние кои немале многу кг за симнување (околу 4-5). Одамна се придржувам на режимов, правев и грешки, но во принцип конзумирав еднообразна храна и со таков начин пред 2 години стигнав до 55 кг што и сега ми е цел. Во последниов период многу варирам со тежината, последно со 59 кг. Не се многу, но нелагодно се чувствувам.Прашањето ми е , за колку време имавте резултати (оние со помалку кг)? Пијам и вода со лимон и ѓумбир, и подуеноста на стомакот страшно ме нервира
17/90 Протеински П:напитокот и јаболко Р:2плескавици(по 100гр се), закиселен кромид(вагета, оцет јаболков, малку м.масло,сол) и салата + супа и малку лебче на скара В:пола од ручекот
За 16 дена - 5кг А за надуеноста намали го количеството на внес на сол така ја задржуваш водата во организмот и пази на храна што ствара гасови (компир, зелка, грав) пиј чај од ким некое време и газирани работи избегани колку што можеш
Газирано не пијам воопшто, а со чај од ким ќе пробам. Го има во филтер кесички? Ајде тогаш продолжувам и ќе пишам после 16 ден. Фала Браво!