Значи никаква сум и незнам зошто си дозволив грешки да правам. Последниве 3 дена катастрофа, а вчера касно ноќта изедов се па и пиво си пиев. Браво за мене, ете зошто нема да ослабам никогаш кога правам киксови невидени. Разочарана сум од сама себе најискрено. Ајде денес да видиме каков ќе ми биде денот, се надевам успешен и Јх ми е. Подоцна извештај, сега за сега 2 праски изедени.
22/90 Скробен П:напиток и јаболко Р:плескавици од ориз(превкусни се) и сос од печурки +краставица и клавче(пола сега пола вечер) и маслинки
И јас пијам алкохол некои денови но не мезам а и дека малку јадам брзо ме фаќа па само на една чашка останувам . Пишувај тука полесно ќе ти биде да издржиш кога си во искушение. Спиј или излези да шеташ кога ти се јаде
И јас се приклучувам. Ова да ми биде како еден дневник Ја држев диетава едно време ама не знаев дека постои тематата ама сега пак Таман и да ми биде мотивација ( лебот не можам целосно да го исфрлам мора по едно парче сега за сега да јадам на оброк а за понатаму ќе видиме, и за воден дем ништо не обеќавам ) Почетна килажа 73.7, среќна ќе бидам ако дојдам до кај 65 Вчера 06.07.20 1/90 Протенски ден: Д: две јаболки Р: две парчиња кашкавал и шопска салата и парче леб црн В: едно псрче кашкавал шоља јогурт и едно парче црн леб
Добро Дојде девојко... Полесно се држи вака (групно) сликај, постирај , прашувај и колку и да несакаш ќе згрешиш... Јас ќе имам најавен грешен ден во сабота на керка ми и е роденден 1ви и од јх само тортата ќе биде оправдана, нема да јадам претерано ама од се ќе пробам со сигурност еднаш е 23/90 Јх П:напиток и банана + банана Р:дури сега јадам(и вечерата е на сликата
@kostarika па не, ама и онака многу слаби ги сечам како листови, бидејќи дебело парче кашкавал ми е малку лошо кога го јадам, како да не се осеќа вкусот и ми е лош
Женцки мене ми е 39 ден. Скробен....терам уште....грешки имам неколку до сега... се мерам после 2 воден. На 29ти ден беше -7 Идемо даље
51/90 Скробен Салата, рижото од басмати ориз со печурки (или шо би рекла мајка ми рижото, кажи таму тава ориз хаха), го варев со коцка супа од зеленчук, кари и ловорив лист и додадов при крај од варењето откако ги пропржив на лажичка маслиново пола главица кромид, едно чешне лук, печурки. Во стимер, искочи одлично, за вечера ладно беше уште подобро. Единствен ориз кој не ми прави киселини е овој, а природната арома што си ја има му ја обожавам. Не сум се мерела, немам драстични разлики, но, целулитот намален. Еден конфекциски број официјално помалку. Како што кажувам повеќе пати, правам грешки, но исто така и не планирам после 90 дена да запрам - ќе продолжам со начинот. Практичен ми е, не тупам глава со комплексни ручеци, он исто така ми се приклучи и него му одговара. Се гледам на долг рок вака. Имав периоди на кризи, со лошење и повраќање, додадов јогурт почесто, среди. Психички се спремам за воден на 15ти. Дома че бидеме, првиот со обврски супер го поминав, ама дома ќе биде забавно.
Па тоа сакав да ти кажам , да прочиташ убаво што може да се јаде ,кои комбинации се прават и по колку може да се јаде, затоа што дозволеното воопшто не е малку има леб и мислам дека ќе бидеш сосема сита.
Не се мерев од последниот пат кога се разочарав и драстичната разлика мислев од тогаш до сега, да се објаснам, сум пишала ко баш сите па мене ме читаат и се во тек.
16/90 -3,5кг до сега Овошен ден д: праска р; салата од патлиџан, кромид и рукола в; уште незнам што, ама како би изел 10ка со кромид сега...Утре протеински
Ден 17 Д- Сливи Р- Динстано месо, пинџур, салата и парче тонус леб. В- Пола од ручекот. После грешките, вчера и завчера супер поминав и продолжив напред. Сабајле на вагата видов уште едно кило во минус и се израдував и решив веќе без грешки. И може барем до крај на месец да не се мерам на вага, се надевам ќе издржам.