Ден 6/90 11.07 Скробен Д: две сливи Р:комир варен со салата (без лебче, не можам компир со леб да јадам) В: половина од ручекот Денес, сабајле, на вагата покажува -1кг
56/90 Јх Погрешно сум пресметала, на 14 е воден. Денес пица за ручек, за вечера стварно не знам... или исто или нешто благо.
Џенцки јас денес за ручек се изнајадов слатко. Посно тестенце мн.меко па тенко развлечено на тепсија намрсена со зејтин и посипано брашно. Одозгора ставено секакви зачинчиња. И зелка салата.... мх мх мх п.с 44 ден ми е јх
Хај, гледам сабајле, минус 6 килааа, многу сум хепи! Иначе 45 ден ама ми е протеински, одвај чекам да ручам ( месо ќе биди најверојатно ), овошнине никако да ги навикнам
Ај со лесно денешниот ден По 2дена грешки правење денес е ден за прочистување 29/90 Воден Појадок, Ручек, Вечера Кај нас фурнаринки ги викаат и стварно е вкусно уште од сликата да се најадеш Браво девојко само напред
секаде има споменувано дека диетата одреден период и ке доведе до стагнација на килограмите , ај ве молам споделете искуства кој период и дали ви се случува тоа за колку време повторно почнуваат да се намалуваат килограмите )) ???
Ден 7/90 Јх Д:две парчиња лубеница Р:посни кифли В:сладолед 3 топки, чоколадо не купив така да не јадев тоа
Вчера, 13.07 8/90 Овошен ден Успешно го поминав, јадев лубеница, круши, сливи, со размак измеѓу различните оброци. Испив скоро две и пол литри вода и едно кафе без шеќер. За да сумирам се на се ќе ставам слики од вагањето од почеток па до денес, ден после овошниот
Јас мислам дека ова е индивидуално, не можи кај сите да е исто а е и многу нормално да има стагнација пошто организмот со сите сили се труди да компензира. Во таков случај, продолжување со диетата каква што е, без скратување на ништо, помалце вагање, поќе пешачење и то е то
30/90 Протеински Воден поминат без проблем Резултат 95(почетна) -88(сега) = - 7 јас сум презадоволна да продолжам вака супер ќе биде
Јас сум денес минус уште едно кило, не знам како е можно, можи ми е расипана вагана Иако вчера испешачив 11 км За денес компири all day long
Издржав, жива сум. Уште комшииве да не пржеа у 12 ч свинско мевце и компири (значи по мирис и звук ги познав). Ко дома да ни се. Задоволна и среќна од сама себе. Инспирирам и други и се радувам ради тоа. Утре, пиленце ќе печам. Задутре ќе полнам пиперки. А после задутре ќе правам посни гирца.
9/90 Протеински Д: две сливи Р: јајца со пиперки+ салата+ едно парче леб+супа без резанци В:половина од ручекот
Два месеци дечки, кој сака нека честита, -10кг. Со грешки и сјебан метаболизам. Се познава веќе. Фацата ми се враќа, но и телото. Фала на генетиката, имам захвална градба, па се оди како треба. А и телото памти, еднаш фит, под сета сланина - засекогаш фит. Малку напор, одма се средува. Не е диета веќе, ко што кажав - живот е и стварно можам. У климаксот на пмс, воден... алал да ми е. Не умрела циганката, горда сум си стварно.
БРАВО!!! Вака така ќе ме измотивираш и мене да му се пробам на втор воден Иначе, се срамам да кажам ама почнав со ситни грешкичиња, еве веќе три дена по ред...
Женски ја почнав диетава еве трета недела. Вагата веќе покажа -3кг иако правам ептен грешки. Кажете совет како да издржам еднаш како што треба овошен ден? Ич не сакам овошје, немам желба тоа да јадам, не можам. Среќа колку толку пробувам, па и тоа е некој успех. Конечно си ја вратив старата килажа што ми беше пред да се случи пандемијата, не можев да се поднесам повеќе. Сега желба ми е барем уште 3 до 5 кг да симнам и да си ја вратам килажата од пред бременост.