2/90 Д: диња Р:леќа,тонус,салата и супа :леќа и супа Се издржува воопшто не чуствувам глад Мора ли да имаме и вечера како оброк ако подоцна ручаме (18ч)
Избегнувај банани, јади повеќе лубеница ( мене многу ми делува ) За супата, читав дека можи и во скробен после ручек, ама за вечера не треба ни во протеински а ни во скробен. Не сум сигурна дека ти го разбрав прашањето, ама ако си ручала во 18ч можи да си вечераш во 20ч на пример, да не е апла касно а и да има неколку часа измеѓу оброците. Туку да рапортирам за мене. Вчера овошен 52/90, издржан благодарение на две банани, праска, малку диња, суво грозје, околу педесеттина грама лешници и неколку малечки јаболчиња и луѓе за чудо не кризирав, апетитов ми беше ептен намален. Се зачудив, можи треба почесто да ви квичам овде. Денес 53/90 протеински Сабајлево само една праска ама огромна беше. Неколку протеински по ред јадам месо, така да денес малце да сменам и да се освежам со една голема салата со сирење и јогуртче. Иначе срце јуначко не издржа и се мерев сабајлево, имам намалено половина кг. Значи имам некаде околу 73 кг, ме зеза вагана не знам точно ама напредок има, почнаа и да ме примеќаат луѓево дека сум ослабена
Девојки, дали ќе биде голема грешка, ако ги сменам деновите? Утре треба да ми е ЈХ, а во четврток овошен, но бидејќи имам потреба да си сменам би било ли проблем, т.е. помалку ефект да има?
Абе дека е грешка, грешка е. Знајш и сама. Но, ако ти се случува прв пат и ако стварно не можиш поинаку, слободно смени, да беше пример овошен со протеински ќе бев против, ама во твојов случај мислам дека не е страшно.
Ќе гледам да издржам и да не го сменам.. ама чисто информативно да знам доколку после појадокот наместо да продолжам со ј.х. продолжам со овојшје би било грешка.
Имаше еден многу убав пост на една од групите на фб за диетава. Дека целта на диетава се темели врз различните количини на јаглехидрати што ги внесуваме. Во протеински малку, во скробен малку повеќе, во јх уште повеќе и во овошен нели сите овошја имаат шеќери. И после 7Х4 циклуси, воден ден, односно нула јаглехидрати. Зато ти реков ако се јаглехидратен со овошен е подруго отколку овошен со протеински. По оваа логика.
Мајките со мали деца кои ја држат диетата прашање до нив Кога припремате оброк за децата пробувате ли за вкус ,прави ли тоа проблем во режимот или не
Во која смисла лошо? Па колку треба да си цврст карактер за да одолејш? Браво! Многу ме мотивирате вака
Замрзни ја Ме болеше глава , ми се вртеше на секое движење, клекни стани едвај издржував да не паднам, слабо се чувствувам , исцедено...
Воден ден немам држено во ниту еден мој обид со диетава. Шок му е на организмот а и времево жешко, ништо чудно што ти паднал малце притисокот. Не е страшно, ама ако си вежбала само на овошје а не после ручекот, ќе се караме! Откако ќе ручаш, после супата, треба да се стабилизираш. А и имам некаде прочитано дека смее по едно лажиче мед на ден, ама не го тврдам ова. Ти препорачувам да си исцедиш кришка лимон и мало лажиче медче со топла вода, да те свежни малце. И до после ако не ти е тешко пиши ни како си
Јас сум за некои работи инат ама баш инат(пред 4г ги откажав цигарите а пушев по 2кутии на ден некогаш и 3отварав и ми вика мм неможеш туку така да ги откажеш и ја секако инат магарешки ја фрлив кутијата полна и толку беше немам чепнат цигара повеќе) а сега си се тешам на јх ќе ручам или вечерам а тоа е за неколку дена... Утре ќе се мерам па ќе видиме(преку 1овошен се мерам) Дечките ја изедоа и го најдов крајот да не ја гледам
Тука сум и јас денес 44 ден. Јаглехидратен ден. Д.Боровинки. Р. Шпагети со маслинки и брокула. В. Нешто благо ќе биде а што ќе видам до после. Инаку сега малку стангирам некои си 10на дена во место сум со килажата си признавам правам и грешки. Покрај роденденот на синко си направив куп ама не се откажувам ниту пак почнувам од поново продолжувам кај што сум застанала.
Не сум вежбала, клекни стани правам со двете деца иначе многу подобра сум после ручекот. На одмор сум ,немам ништо дури ни вага . А баш ќе беше фино да се измерам .
Ве читам, се сеќавам како јас пред неколку години бев цврсто решена дека сакам да ослабам и успеав, ама сега, секој ден ми е нов почеток и пак на крај завршува со триста глупости а кг одат мноогу нагоре. За жал, сега се веќе и +20 за намалување. Покрај проблемот со нередовен менструален циклус, имам и отоци, облеката ми е мала и не можам да се поднесам. Затоа пишувам тука, воедно барам и друштво и поддршка доколку има некоја слична на мене, да почнеме веднаш, од утре. И покрај тоа што немам време, сама си ветувам дека ќе постирам секој ден заедно со грешките доколку ги имам. Ви посакувам на сите да стигнете до посакуваната цел.
Еве сум ти јас, со нередовен циклус и бев со сите проблеми што ги наведе... Ајде од утре да не дружиш!