Хај, да ве поздравам и јас. Денес ми е скробен 54/90. П: лубеница Ручек и вечера ќе ми е мојот специјалитет - ориз со се и сешто и многу салата. Леб не јадам. Цела диета ако имам два или три пати каснато, ама само кога сум кризирала ептен. Моиве ми се пресмешни, јас јадам со многу зачини а тие не, и кога ќе ме видат дека почнувам да готвам, одма, ама одма се евакуираат. П.С. Си ги пробав старите купаќи и не само што ме собраа, туку и многу сум задоволна како ми стојат
Зеленчук е задолжително и тоа во поголеми количини отколку тестени и. На пример: тестенини со печирки ,домати ,кромидче и салата и супа бистра.
Девојки јас не бројам денови те. не се сеќавам точно кога почнав ама отприлика би требало сега да правам 1 месец. Вагата покажа утрово - 5кг. Морам да напоменам дека грешки правам милион, но сепак апетитот ми е многу намален. Додуша имам и стресен период, не знам дали е до тоа или до диетава. Премногу ме мотивира бројката на вагата и не планирам да се откажам. Диетава е предобра. Можете да пишете малку за мотивација колку сте ослабеле досега.
38/90 Протеински П:напиток и банана Р:3јајца(од двете јајца жолчките ги искористив за дресинг со маслото од цвеклото,сол и балсамико) марула,морков,цвекло(печено во фолија со м.масло, балсамико и сол), одозгора има чиа семе и толчен потпечен сусам... Би ја нарекла ФАНТАЗИЈА САЛАТА изобилува со вкусови и текстури а не е потребен мн труд само инспирација и секако супата е тука
Мене ми е протеински а 54 исто... не држеже воден па ми кидна ден ? П.с денес не издржа срце јуначко се измерив -10
Ама нормално е јас со повеќе кг почнав. Пропорционално гледано разултатот ни е ист. Баш сум среќна за двете Целта во животот ми е 6ка да видам....од основно немам видено хахахаа макар било то 69,99кг
zdravo na site 1/90 za airlija poveke pati sum ja zapocnuvala i nekako ne mi bese interesna. ne postoi dieta sto ne sum ja isprobala,site dieti ako ima disciplina ima rezultati. ajde ke vidime .vagata kazuva 59kg. 4-5 kg. za kolku vreme bi se simnale,od ovaa kilaza?iskustvo
Зависи, јас пред 4 години ја почнав со твојата килажа + вежбање. До 56 стасав и се откажав ама долго време ги немав вратено старите кг. Тие со помалку кг што се потешко слабеат,ама сепак има ефект.
Направив исклучок вчера наместо јаглехидратен ден. сменив со овошен. денес ќе го терам Ј.Х. Се мерев сабајле - 1.5, за овие 3 дена. Знам дека е вода, ама сепак се израдував. Има ефект и покрај мојот бавен метаболизам.
Женки манекенки 4/90 овошен Како е дозволено зеленчук денес и смееме ли да го печеме или само свеж да се јаде?
Само свеж. Ако правиш салата, само со малце лимонов сок, др. ништо. Ова е според строги правила. А и ако преминиш на зеленчук, не се враќаш на овошје, ќе си продолжиш со зеленчук до крајот на денов. Женски, мене ми е 55/90 јх П: јаболчиња Р: пита со кромид В: ќе си правам кроасанчиња Иначе периодов некако ми се здосади диетава. Не правам грешки, строга сум ама го немам ентузијазмот. Ако имате некој совет, помагајте!
Душо не ти здосадило туку си се навикнала на ритамот и начинот на оброците затоа така се осеќаш Не ги мешај така деновите... Ако веќе си терала Овошен денес нека ти е протеински... Барем јас така мислам
67/90 Протеин Целулит се помалку. Волку кога бев помлада не го снемувало. Иако правам вакуум масажи и со рилакс енд тоун, дури два пати неделно де. Појадок, банана, ручек пилешко со зеленуци, супа, салата и парче леб, вечера исто. Чикен одамна не сум јадела. Се што е едноставно ме тера да останам на патот. Вчера 14 км испешачив. Денес ќе трчам.
Најубо е да не ги менуваш деновите, распоредот е таков пошто има причина. Ептен, ептен некогаш ако мора ама пошто си на почеток не ти препорачувам. Браво за изгубеното! Резултати секако ќе има.
За сите што се борите вака. Ако згрешите, не почнувајте пак од почеток, тоа ви ја убива мотивацијата. Гледајте да имате самоконтрола и една грешка на ден (и да не биде грешката одма цел хамбургер). Првиот месец го поминав без никакви грешки, а после тој правам повремени со цел да останам мотивирана, да не ме утепува диетата. Јадев и хамбургер, ама грешките ги правам обично во јх ден. Ама ми се случува феномен, откако почнав така, кг почнав да губам повеќе. Ако згрешите, не почнувајте пак од почеток, продолжете. Подобро како-така да бидете во ред, отколку никако и разочарани. И така сфатив дека јас вака можам и цел живот - со ништо забрането, а да бидам слаба. Сега ми требаат мислам уште -10. Ама ќе удрам на помали количини на храна, мислам дека можам, за месец и пол и нив ќе ги нема.
12кг, еве сега се измерив. Дисциплината не е отсуство на грешка, туку да згрешиш свесно и да застанеш тука, да не врзеш да речеме три дена еден по друг со грешки. Секој ден секако дека не. Ама еве пример вчера. Овошен. Се убив од пиење вода, јадев само грст индиски, една банана, пола праска и пола слива. Пешачев доста, дома вежби направив и аха, гледам последно сум згрешила во саботата. Ок, пола интегрално стапче (домашно, на почетокот одев бг целосно, ама сега не толку зошто приметив дека веќе и тоа ми се смирува, но на почетокот бев драма, повраќав, ми се лошеше од протеини,јх не ми беа доволни итн). Пак бев во калориски дефицит, јх не се од овошје, туку од житарка, но не е страшно и не паднав во несвест. На 3 литри вода и толку овошје, баш ми го регулираше шеќерот. Мерете и обем. Јас имам баш многу на обем изгубено. И размислувајте и играјте паметно со храната. Кога е со сила, тогаш се откаживањата.
УН Диета Оваа диета јас ја сфаќам κаκо диета со κоја не се навρаќаат изгубените κилогρами. Пρвин се зголемуваат κилогρамите, за да потоа се изгубат неповρатно. П.с. Ефеκтот од возење велосипед со голема бρзина...