17/90 Протеински Д: праски две Р:јунешка плескавица+домат+лебче В:половина (супата ја испив по вечерата бидејќи не можев не ручек бев на работа, не знам дали е океј после вечера да се пие супата)
39/90 Скробен П:кафе и 2праски Р:наут(дома варен и го излупив пред јадење така поубаво прима вкусови), зелка, морков, цвекло печено,краставица, сусам мелен, сол, м.масло и кора и сок од цел лимон Другото е за малава(цвекло, наут, јогурт, м.масло и сусам) Инаку од табелата што ја имам мерев наут за ручек и вечера ми се виде многу за ручек така да ставив 100гр(ненакиснат)за ручек и 50гр за вечера
56/90 Овошен За денес: лешничиња обавезно, праски, банани, диња, лубејнца и јаболчиња со цимет и суво грозје Конечно помина ПМС и ми се стабилизира апетитов, иначе тешко мене беше. Реално немам изгубено многу кг за два месеци ама мојот метаболизам е таков, јас бавно слабеам ама и бавно се дебелеам. Така дааа имам уште скоро еден месец, нема откажување, се гледа крајот! Кроасанчињата вчера ептен ми се погодија и си каснав малце отпоќе, и затоа нема поќе готвење благи работи, пошто тешко се контролирам
40/90 Јх П:кафе и крушки Р:пица+салата В:благичко и ред чоколадо темно Инаку одлучив од 46от да ја почнам турбо ун бидејќи грешки мн правам и вагата една недела исто ми покажува
Ептен ја заебав диетава се мерам сега наместо 88како пред тоа она 90ми покажува дали уште и се спие вагава не е расонета... Јас сум крива имав периодов родендени, седенки и ке ми се запнат ее од едно ништо не е се гледа дека имаш резултати.... Сега баш рачунав од 31треба да ја почнам турбото а на 1 одиме маврово на викенд дали би било во ред да ја почнам кога ке се вратам за да можам строго да ја држам подруго е да си дома нз во хотелот како ќе биде вака на фб шо гледав имаат се некои салати со прелив... Што мислиш ти?
Па мислам после викендот да тераш, опушти се таму малку , на секој му треба оддишка , ако не ја направиш сега ќе ја направиш понатака.
Ти благодарам девојко така и јас мислев да направам секако нема да претерувам ама колку можам ќе се држам.. Инаку турбото ќе го држам и за овој и за последниот Воден ден така сум во план... Ептен ми падна самодовербата со цифриве а сакав да направам нешто големо... Му предложив на мм да им кажам на пријателите што имаат ресторан во градов да направат мени баш за диетава или јас лично ќе си отворев некое мини ресторанче во кое ќе има неделно мени дури и уредувањето го замислив како да биде.. Замисли идеш со сопругот на ручек ти си јадиш по прописи пр:пилешко во кари а сопругот исто само плус ориз... Или со другарки што ја држат диетата на заеднички ручек.. Има едно местенце до самиот стадион каде што трчаат Велешани порано беше обична кафана а кога би имало вакво нешто ќе се поттикнат повеќе луѓе... ама се вратив во реалноста коронава се заеба Ако некоја од вас го може ова во вашиот град нека го направи ама под услов да ме спомне
Во Скопје знам за едно место што служат хроно мени (диета) дури и со достава... 12500 ден за доручек и ручек за 22 дена во месецот. И да ти кажам јас денеска многу заебав , сабајлево не знам што не се изнајадов и сега како ми е тешко и ми се повраќа како камења да сум изела
19/90 Јх Д:ништо ( на работа премногу имав обврски не стигнав да доручкувам) Р:тестенини В: торта парче бело нестле
Мора ли ако грашак е за ручек да е и пола за вечера Имав мала количина (ни еден тањир) па ќе немам за вечера За замена да си испечам зеленчук со салата може или не? Е зоштоооо , ајде да замижиме и овој пат дека нема грешка И мене на моменти ми се јаде па гладот малку го залажувам со домашен сок од вишни или минимално апетисани,и тоа е грешка ама не се прејадувам со храна која е забранета
Сите кога тогаш свесно ќе згрешиме,се простува кога се признава , и ние утре сме на ручек ќе видам и јас како ќе издржам ЈХ ден ми се паѓа. Продолжи од утре до кај што си,јас дома правам по два оброка за мм и синче и втор за мене баш од причина да не направам свесно грешка @Мецаа91 те прочитав негде во темава смее пилешко со кари во протеински или грешка сум
41/90 Овошен П:напиток и крушки +кафе(турско)со кокосово масло Сега салата јадам зелка,морков и краставица измеѓу пијам вода со лимон и ѓумбир