Можи си во ПМС, мене секогаш плус 2кг ми покажува. Иначе јас мислам дека ќе успееш да се придржуваш иако си Маврово. Не знам што денови ти се паѓаат, ќе си спремиш нешто за успат и ќе успееш. Иначе јас не сум за турбо ун. @kostarika нема откажување! Утре ќе си тераш со денот што ти е на ред и ќе тргни работата. @abc1234 Никаде немам прочитано дека не смее кари а плуууус јас еднаш направив свесна грешка и ставив едно лажиче павлака со ниска масленост иначе можиш и со водичката што се варел стекот за повкусно да е. Иначе денес мене 57/90 протеински, вчера супер поминав со овошниот. Прауд. Денес имав само еден оброк ама покасно ми беше и така мерачки се налапав, пилешко со многу салата, така да нема да вечерам. И јас имам стагнација периодов, малце се разочарувам ама се осеќам убаво и лесно со ваков начин на исхрана, така да баталувам вагата и одиме напред!
Дааа и јас многгу убаво се осеќам ептен ми е диетава погодена ама пусто око гладно ќе продолжам утре секако.фала
Истрчани 10 км без губење здив. Ме собираат работи што не помислував дека ќе ме соверат со број 38. 69/90 јх Тортиљи со печурки и гвакамоле. Вечера едно парче штрудла со јаболко.
20/90 Овошен Сабајлето три кајсии, за ручек овошна салата со ананас и круша вечера диња и три урми Премалку вода мислам дека испив па вечерта ми паднс притисокот изгледа и ми беше прелошо но некако издржав Денес едвај чекам да јадам
Ме интересира, што после диетата? Премногу се навикнав на режимот на исхрана и продолжив да јадам на ист принцип, но различен редослед. Дали ваквиот начин на исхрана ќе го афектира моето здравје? Секој ден знам што ќе јадам и не мешам намирници. Секако си продолжувам, без водениот ден.
После диетата, овошје до 12 ч. после за јадење, без мешање на различните видови храна и растојание меѓу оброци барем три часа. Имаше некоја табела за одржување, ама таа била своеволно напишана од некоја диеталка, во книгата наводно не го пишувало тоа ама не сум сигурна за информацијава, тој што ја има книгата нека кажи. Иначе, во врска со афектирањето на здравјето, ќе си процениш сам/а, ќе си испитуваш крвна слика и ќе си пратиш тегоби, ама јас мислам дека нема да има проблем. И ако можи да ни кажиш колку време ја држиш, и колку кг намале?
Првиот пат многу ослабев, скоро 20 кила. Вториот пат 5 кила, имаше Х причини кои влијаеа на тоа. Но сега буквално не ми се јаде пример пиле и компири, некако се навикнав и си продолжив да ја терам без мешање на намирници.
Диетален ручек, 58ми по ред Не ми се верува дека го изјавувам ова, ама печениот компир со зачини ми е сто пати поубав од помфрит
Тоа лебот што го изодернизирале ич не ми е јасно.... пред 10-12 год.кришка леб имаше исклучиво за ручек на протеински ден. Мене ова ми личи дека некој си го има додадено во последнове година две да му е полесна диетава.... Ама не сметам дека е правилно.
Јас ќе продолжам. Не се враќам на старите навики. Не дека ќе живеам стриктно и строго, но ќе продолжам. А после 90тиот ден ќе продолжам со еден друг режим кој повеќе одговара со вежбање и трае 1 месец.
ne sum znaela ama i mene ne mi odi primer kompir i leb too much e nekako,ama taka gledam i po grupive na fb jadat se so leb pa duri i spageti
Баш напротив, ние внесуваме повеќе овошје и зеленчук (читај витамини) од сите што не се на диета, заедно. И воопшто не ви ја сфаќам потребата да ја прегледувате темава и да коментирате а не ни сте на диетава. П.С Намерно не мешам леб со друго јадење.
Секој според организмот може да проба да види што му одговара да јаде, а што не да не јаде. За некого одговара за некого не. Во секој случај мислам дека е подобро за некого кој има здравствени проблеми и проблеми со вишок килограми да се храни вака отколку да јаде мрсни јадењеа сланини, шеќери и да не набројувам уште што. Во секој случај, секој човек без разлика дали било пандемија или не, може самото тело да си каже што одговара, а што не за да јаде. И мислам дека нема потреба ако вас не ви одговарало или не планирате нешто во врска со овој начин на исхрана да ги демотивирате останатите членови во темава и да наведувате неиздржани факти во ваква ситуација.
Ако видиш екипа мотивирани жени, види шо убаво, зошто да не им расипеш?! Што не е здраво? Тоа што јадеме подобро од вообичаено? Поздраво не сум се осеќала. Нека пише уште некоја ако не е така. Се јаде обилно и разновидно, не се гладува. Зошто би пишала воопшто ако не ја применуваш?! Врапчето ми кажа дека имаме повеќе посетители во сенка кои се мотивирани од темава, ама не знам зошто не сакааат да се активни.
Јас ги имам исчитано сите 1000 и кусур страни од темава и имаше чат пат вакви мислења, ама не се впуштаја во понатамошна дискусија. Се надевам дека @Cosmi ќе не удостои.