Пандемија е... да си кснеме, да умреме и да бидеме у статистиката на обезни. Па ќе речат, абе дебели биле, затоа. Стварно не разбирам...
Не знам како тоа не е здраво зошто не мешате јх, протеин и скроб... Ама шо знам ја, не сум експерт на секоја тема...
Не, поздрава бев кога бев надуена и не можев патиките да си ги врзам, што од лекови, што од јадење. Се задишував и желудникот у грло го осеќав. Сега трчам, вежбам и немам тегоби во добрите денови. А добрите денови порано ми беа ко да имам 70 години. Ко хроничар со повеќе комплицирани работи на глава - препорачувам, тек за луѓе во добра здравствена состојба. П.С. Денес не се осеќав добро, си имам вакви денови да не должам зошто и како, пиев јогурт и јадев пециво у овошен ден зошто осеќав дека ми треба, само еднаш и се останато овошје. Ако не знаеме да си го слушаме телото, ниедна диета не е ок. -12кг за 70 дена. Молим лепо.
Ама не. Сериозно прашувам сеа. Која придобивка ја имаме од тоа да мешаме јх и протеин пример? Како тоа помага на имунитет? Како тоа штити од пандемијата? А во спротивно имаме обилен оброк односно три во денот од кои едниот содржи овошје а другите два зеленчук. Или мора со вешалицата леП да се јаде за да си здрав!? Сериозно не разбирам.
Топла препорака: Кој сака да се едуцира на темата ун диета, има цела една книга за неа, плус бонус "Здрави и витки" - уште една цела книга за како не треба да се меша јаглехидрати, скроб и протеини. Е после, можиме да си отвориме нова тема и да си дискутираме.
Да видиме .Не кажавте. Што е здраво ? И што е разновидно кога се јаде една група на намирници на ден? Оваа диета воопшто не во склад на правилна , разновидна и урамнотежена исхрана. Која здрава диета кога 3 дена се тукуречи шеќери? Која е логиката да се оптеретува организмот со протеински ден? 3 дена не внесуваш протеини, и после воден ден. Зошто служи да се има воден посен ден? Тоа што може да се јаде пица и пропагира јадење на колачи,сладолед,торта без грижа на совест,,ви звучи здраво ? Сериозно. Зошто се навредувате ако некој каже дека не здрава или се истакнат негативните страни на оваа диета,ко некој во око да ви брца. Зошто да пише уште некоја дека предобро се осеќала,како доказ,мотивација? Ја држев и јас кратко,па подоцна после куршлуз со желудникот дознав дека оваа диета е веќе позната како најголема будалаштина во историјата на диетите. Секоја диета придонесува кон промени во организмот(промена или шокирање на метаболизмот,нарушување или пад на имунитетот..) и во време на опасности од вирусов не е паметно да се држи. Има подобар,поздрав начин да ослабеш,да не бидеш "обезен" во време на пандемија. Поздрав
Точно. Ова се чисти глупости. Прво и основно погрешно ја називаат таканаречената УН диета. Смешно undiet значи недиета, а не UN dieta. Обединети нации врска немаат со оваа глупост. Каква неедуцираност во однос на исхрана постои на Балканов човек да се изначуди.
ај сеа ако веќе не ти е досадно замини од темава и остави ги неедуцираниве да одберат што сакаат да прават во својот живот.
There, there... Те поздрави хемоглобинот од 9 ка на 14 и шеќерот до плафон, сега со 2,5. Да се едитирам, 14ка, тајпо. Се кажа освен здравиот начин. Еден пример да дадеше... На кого што му одговара. Мене хроното не ми одговара, ниту високопротеински диети. У реду е мастери на сезнаењето. Читни малце и за аутофагија. А и психологија на менување на навики. Зошто луѓето се откажуваат на пример... нооо... дојде да разориш група на мотивирани жени. Ајде сега чао. А ти, уште еднаш, зошто си тука? Добро утро, кој каде пишал дека значи обединети нации? Пишаа девојчињата и кажаа и за книгата. Прво и основно...мислиш ќе каже нешто, она за името на диетата за која и врапците знаат дека нема веза со обединети нации... Не, не можам да ја разберам потребата зошто вакви глупи муабети кои вас не ве афектираат никако?! Одете пред сендвичари правете го причингот. Оставете ги луѓето на раат да прават што сакаат. Некои имаат здравствени проблеми и си го нашле начинот, некои сакаат да ослабат и слабеат. Кој ви е проблемот освен злоба?! Во моментот кога некој ќе осети дека нешто е лошо за неговото тело верувам дека ќе престане. Еве како се храните вие?! Колки кг имате?! Чиста, најчиста злоба.
Со разновидна храна секој ден и со полни оброци свеж зеленчук и овошје @Cosmi што друго е здраво ако нашиов режим не е? Како ти се храниш подобро од нас за време на пандемијава?
Не вреди да се дискутира, ама морам @Cosmi секој организам е различен, никој овде никогаш нема пропагирано дека мора оваа диета да се држи, и никој не не тера со сила. Сите сме пробале и сме немале проблеми како твоите, ете на пример, си пробала, не ти одговарала, си ја прекинала. Мислам дека сите сме доволно самосвесни и доволно одговорни за сопственото здравје, да прекиниме ако гледаме дека не ни одговара ваквиот начин на исхрана. Всушност, кај прочита ти дека пиша некој, дека има тегоби со диетава?! Па испаѓа дека ние со сила некој тераме да е на диетава, па мораше ти да интервенираш. Смешки. Сите пишуваме секој ден, како што можиш да приметиш и има многу одговори од типот полесно се чувствуваме и не сме подуени итн итн. И сите сме околу два месеци, па фала Богу, здрави живи. И не, не јадиме исто па исто, си менваме да не ни е монотоно. И би ти објаснила, навистина за важноста на распоредот на деновиве, и за важноста на шеќерите во диетава ама не гледам потреба. Ќе мораш да си прочиташ сама ако те интересира. Верувам дека не. @truffles Твојата анкета за името на диетава, врз основа на која си заклучила дека не знаеме што значи ун, сум ја пропуштила, да ми простиш. Твојот коментар е злобен и треба да се засрамиш од себе и да се запрашаш зошто?!
Лицето ми е почисто, не чувствувам подуеност. Не јадам благо секој ден како претходно. Мотивирана сум. Внесувам по кило салата на ден, читај витамини. Регулиран ми е метаболизмот. Зошто не би била здрава?!?!? Самиот збор ун диета не значи диета како останатите и не е обединети нации диета, туку un diet, буквално не-диета.
Ко ќе се разболите ќе сфатите. Има сосема здрави начини за намалување на тежина со намалување на масти и шеќери т.е. калории и балансирана исхрана и умерена физичка активност. Овие глупости што тука се промовираат не е тој начин. Поздрав и со среќа.
Девојчиња дај олабавете.. Ајде вака да се договориме секој/ја што ќе пишува вакви коментари блабла ла да не им одговарате.. Читав се по ред сега и си останав рамнодушна само се насмевнав и да ви кажам баш таквите коментари ми дадоа мотивација плус(не да докажам дека грешат) ОНИ ЗНААТ дека грешат затоа ун лепотици имајте убав почеток на неделата 42/90 Протеински (вчера) П:кафе и 2праски Р:пилешко во кари и еден тон салата Вечера немав пошо цел ден на маса со салати пред мене и само ручекот ми беше со месо
43/90 Скробен П:кафе и банана Р:грашок и мнооогу моркови+домати рендан и салата зелка, морков(никогаш доста) и краставица+м.масло, балсамико и сол В:се знае И најверната другарка никако не ме остава сама да јадам што мама тоа и она, само што стана од спиење одма на маса
Само она ми прави секогаш друштво а сега грашоков и се погоди... Да напоменам потпршки нема од доматот е црвена а само 2л брашно со вода разредено ставив адаптирана е за двете да биде