Девојки дај напишете некоја што имала стагнација во килограми па ако има држено турбо ун дали е навистина ефикасно, јас на два ума сум сакам да почнам турбо ун ама пак ми е страв дека нема баш ефект и само ке си го зафркнам редот и мирот инаку денес ми е 46/90 сега за сега супер ми оди ама и намалена сум -7 кг само една грешка имам направено ама после 30/90 имам стагнација дај споделете искуство се плашам дека на тие -7 кг ке си останам
Некој оди на турбо Ун. Јас јадам еден ден џанк, утредента просолжувам со денот кој требало, после 4 дена губам кг. Ама ова јас...
46/90 Протеински П:напиток и лубеница Р:печен ослич во фолија(со лимон,м.масло, Лукче,мајчина душичка, магдонос) и прилог(Карфиол, брокула, морков, Тиквица, кромид со м.масло, сол, мајчина душичка) +супа и краставица И за другарками исто се изнајаде В:пола риба другото може и повеќе
колку ми е страв ако недај боже прекршам и ќе ја прекинам диетата бидејќи и предходно сум ја почнувала и на прво прекршување си велам ај бе од утре пак си продолжувам по старо секако ослабев демек и нема ништо да биде и до толку ми било никогаш не ја продолжував и затоа сега се решив овој пат ај да отидам до крај без прекршувања ама мнооогу се нервирам што имам стагнација и незнам дали е привремено дали повторо ќе почнат кг да се губат или така ќе си останам недај боже
Види како тебе ти одговара така, јас за мене кажувам. Ако си човек што тешко се враќа на стаза, тогаш не го применувај ова. Јас се помирив дека ова ќе ми е на долг рок, а не само 90 дена. Зошто ако не е така, пак ќе се убуцкам после тие 90 дена. Па така решив, ок грешки, еднаш и никако да не бидат пследователни, те ако сакам слесно да згрешам мора еден турнус од 4 дена да помине.
Нај битно си е да си сватиме дека ова не се сведува на само оние 90 дена како што кажа @Lilit бидејќи ако си се вратиме на стар начин на исхрана се ќе ни пропадне во вода целиот труд, што сака нека биде со мене нема да си се одкажам од диетата а после 90 дена секако веднаш почнувам со 90 дена одржување и потоа ќе видам зависи од доспеаната тежина дали ќе има потреба за уште еден круг и се надевам до тогаш и умот ќе ми се смени па ќе бидам и дисциплинирана со исхраната
@Lilit секоја ти чест за километриве, посебно за истрчаните You rock! @Мецаа91 ми се свиѓат што ни пушташ слики, а комбинацијава денес ти е чиста десетка @***КИКИ*** хм, ако немаш проблем со овошните, слободно почни со турбо ун, пошто секој трет ќе ти е овошен. Јас лично не би ја држела турбо и не би вметнала џанк деј пошто не сум толку јак карактер. А колку кила сакаш да намалиш? Тудеј 62/90 скробен П: лубеница Р: посна компир манџа без запршка, ја мислев со денови и конечно бидна денес, со лута пиперка, плус салата цвекло и салата краставица За вечера пак манџа ќе биди ама со некоја друга салата. Имам приметено дека обично килцето го слабеам после овошен, па после протеински пак уште едно минус, ама после си го враќам. Ова е оти нон стоп се мерам
Навика ми е сликањево уште од кашичките на малава во "инстаграм за бебешка храна" а сега некако и тоа ми придонесува околу диетава, околу денешниот ручек и јас сум презадоволна јас и бебе најздраво најадени двапати ми правеше друштво и лимон че од печените изеде... Пробај сликај постирај може ке те поттикне повеќе
25/90 Протеински Д:една банана Р:јунешко месо+Лебче (одамна не сум била на млечни, ама не можев да одолеам, дечко ми правеше јадење, нареден пат ќе биде млечни) В:пола
Сакам уште 15 кг да намалам до сега сум -7 значи сега сум 80кг а идеално ќе ми биде 65 ,ама бидејќи знам дека нема шанси да стигнам толку да намалам сега сум 47/90 од диетата,кога ќе завршам обавезно ќе бидам на одржување 90 дена и веднаш почнувам уште еден круг со диетата од 90 дена па се надевам тогаш ќе завршам работа инаку со овошните денови немам проблем дури најлесни ми се кога сакаш ке си подкаснеш па и на овие горештини дури најиздржливи ми се П.С доста сум мотивирана бидејќи преку глава ми е од неуспеси а и сите ови женски форумки згодници ми се ептен ептен подршка бидејќи знам дека не сум сама <3
Хај, денес ми е 63/90 јаглехидратен. Јас сум ви тип на човек што многу јади ко ќе е нервозен, претежно благо па така денеска се налапав мекици (свесна грешка) и за вечера парче торта и сладолед
64/90 Овошен За денес: лубеница, праски, банани, оревчиња,јаболчиња иииии грозје. Луѓе до 64 ден стигнав, не ми се верува
Девојки ме примате во друштвото! Денеска почнувам со диетава, инаку сум + 10 килца, вага покажува 72.900= 73 кила. Незнам колку ќе успевам... имам дете... како ќе готвам за него,а да не пробам. Инаку секогаш и јас си поткаснував од неговото јадење. Маже сака да ме дружи, но ќе оди сред недела на ручек со пријатели и незнае што ден ќе му се погоди. Изгледа од другата недела и тој ќе ме дружи, ако не се предомисли да почни од денеска. Па така од една страна ќе ми биде полесно за готвење. На сите ви посакувам успешна диета со добар резлутат
Добредојде девојко и јас готвам за мене и бебе(1г има) наврати наназад имам некои предлози што можеш за сите да ги направиш
За едно залаче да пробаш, чисто дали е вкусно не е толку голем проблем. Слободно почни си, па со тек на време ќе прилагодуваш некако. Битно е да почниш!