Некоја девојка да ми објасни... Дали супаможе да се јаде само кога ќе има месо или можи и со јајца??? Заборавив да одмрзнам месо и сега ќе јадам јајца + лепче+ салата а дали за вечера можам да јадам само таратур наместо јајца.
1. Супа оди со месо, риба или јајца; јогурт место супа оди само со сирење 2. Што си јадела за ручек, за вечера пола од истото, без супа (или без јогурт) и без леб
Да напишам само е Точно, ова е една од нездравите диети која многу ја практикуваат бидејќи “се слабеело“. Како прво слабееш бидејќи не јадеш, односно гладуваш, сабајле само 2 парчиња овошје и после тек на ручек ти е следниот оброк... се слабее бидејќи малку калории се внесуваат, а тоа е всушност слабеењето, да трошиш повеќе калории од што примаш. Второ, во која диета е дозволена торта за вечера или пица? не велам дека нема здрава верзија од овие две, но имам гледано слики и баш торти јадат од слаткарници и пици со свашта на нив. Одете на нутриционист па да видиме дали ќе ви даде торта или теста/лиснати за јадење.. нема шанси бидејќи не е здраво за организмот. Диетава е повеќе за брзо слабеење отколку здрави навики и здраво хранење. Сум читала се давало торта за вечера за да се издржи овошниот ден, а како јадеш шеќери за вечера за да се спремиш за следниот ден во кој ќе се храниш цел ден со шеќери? Зошто да се мачите цел ден овошје да јадете кога и овошјето е калорично, а и полно е со шеќери, се препорачува умерено да се конзумира, пример ете за доручек e доволно, заедно со јаглехидрати и масти за да му дадете енергија на телото, е а не цел ден да се “наливате“ со шеќери. Можеби брзо се слабее, но и брзо се враќаат килограмите ако не продолжиш со диетата. Во тие 90 дена комплетен шок ќе му направиш на организмот, баш како што си напишала погоре и во право си. На нутриционист или фитнес тренер најубаво да се обратиш, само за тебе ќе направи диета и за твоите цели и потреби, и постепено ќе слабееш а не во тек на 90 дена, толку брзо слабеење воопшто не е добро за организмот. Секој ден умерена и здрава исхрана(комбинација на протеини,јаглехидрати и масти) е клучот за слабеење и долгорочни резултати.
Ти си на диетава? Не?! Нема потреба да коментираш во темава. Благодариме и пријатно! П.С Слободно отвори нова тема, дали е здрава диетава, па ќе дискутираме
Темава е УН диета и е општо за неа, ко што гледам има секакви дискусии така да не замарај кој што сака ќе пишува, ако не поднесуваш друго мислење ти отвори си нова тема само за истомисленици Не знам зошто сте навредени толку ако некој има друго мислење за диетава, не возвраќај и тоа е тоа, јас одговорив на некој што има исто мислење ко моето, не те нападнав лично тебе па да пишуваш вакви глупости
Нема секакви дискусии. Овде се дискутира само кој што јадел и колку ослабел. Исто така, пишуваме и некои мали победи, на пример сите јаделе хамбургер а ние сме јаделе банана. И на некој што му е смачено, ќе се измотивира од таков пост. Нема потреба да коментирате ни ти ни другите членки дали е или не е здрава диетава, ние сме совесни личности и се работи за нашето здравје, ако сме имале потешкотии, немало да продолжуваме. И јас сметам дека хроно е нездрава, па не се дрзнувам да му улетам како подобранец и да му пишувам реферати зошто не треба да ја држат. Нивен избор. Јас си гледам за себе и не сакам на никого да му солам памет. И не знам што толку се запнувате со нутриционисти. И храната што ја препорачува нутриционистот е устручавање и кога ќе почнат да јадат нормално, луѓето си ги враќаат килограмите. П.С Ако застаниш за секунда, и прочиташ што ти пишав претходно, ќе увидиш дека во ниту еден момент не те навредив, за разлика од мене, ти...
Одговорот не беше на место, односно лошо се испонаша, освен тоа што сте споделувале што јадете и слично видов и други одговори и затоа одговорив на некој што мисли исто како мене, не земав да пишувам директно на некој друг што ја држи диетава, тоа сакам да кажам, на никој не улетав туку се согласив со девојката погоре. И да ,ја имам држено пред многу години кога не знаев ништо за здрава исхрана и здрав живот. И нема ништо лошо да издвоиш факти или мислења ете пр за хроно диетата на некој што ја држи, а дали ќе смени тоа нешто или не ,не е твој проблем. Како и да е , не мислев лошо. Пс. сакав да кажам дека нутр. дава здрава диета додека од оваа се слабее бидејќи се гладува, а не дека се исхрануваш нешто здраво, најлесна е пошто на тацна ја земате и е лесно достапна и напишано е се што како треба, да земете малку да истражите за човечкото тело и исхраната може нема така да реагирате кога некој ќе каже нешто против диетава. Позз и со среќа
Хелоу мај лејдис Најпрво се извинувам што не сум имуна на мислења како на членката пред мене. Повеќе нема да одговарам, чесен пионерски збор! Туку, што ќе ви кажував... Денес 65/90 Протеински П: Динче Р: 2 свински плескавици со оооооогромна салата В: Варено свинско, исто со салата Овошниот вчера, го поминав без грешка, си се тешам дека имам уште малце до крајот, па оди некако.
Девојки пишете резултати плис, ми треба мотивација да почнам и да се тргнам од злото наречено лоша храна. Тенкс
Дечки, вчера ми беше 28 ми ден овошен ама јас не го држев, за прв пат напрајв пропуст. Сега денес ми е воден ден. Не знам како да продолжам, дали да пробам да бидам на вода?
Јас ви се вратив пред 2 дена, да доослабам уште малку Паузирав 2 месеци од крајот на диетата, доручек овошје секој ден, за ручек и вечера кога како, некогаш се придржував до немешање на видови, некогаш не. Диетата ја завршив со 75.5 кила, сега стартувам со 74.5, ќе ја држам пократко овој пат зашто само уште 5-6 кила сакам да намалам, претпоставувам до почеток на септември негде ќе ве дружам... да речеме, заклучно со воден ден. Денес 3/29 - За доручек цеден портокал, ручек пица со доматен сос, сусам, домат, лута пиперка и кромид (ако не заборавам ќе сликам). За вечера уште немам одлучено, може пудинг ќе направам.
Welcome back Колку кг ослабе првиот пат? Малце за мотивација @Srnaa Јас сум -7 за 65 дена. Почнав со 79,5 сега сум 72,5 ( мојата вага што претпоставувам дека ми покажва 1,5 кг помалце, ми покажва 71)
15тина. Имам пишано подолг пост назад низ страните, негде почеток на јуни (околу 5ти, 6ти), ако ви треба мотивација барајте наназад.
3/90 Јх Д: кафе+ суво грозје Р:макарони со домашен доматен сос, сусам, буковец, оригано В: сеуште незнам