@Fluffy^-^ на првата страна од темава ова го протичав и се водам по тоа, ако е грешка ќе јадам само свежо. "Доручек - сите 90 дена се јаде само овошје. Се јадат по две исти овошја или еден грст суво овошје."
Gledam po grupive na fb mnogu zborat za mesecevi meni , mene mi e voden den na 11 avgust a toa gledam bilo posledna cetvrtina ako moze nekoj da mi objasni sto e forava so mesecevi meni i sto menuva toa vo dietava
Супер чим можи и до 100 грама суво овошје. Утре ми е овошен ден дали смее јаткасти плодови и колку? И дали лубеницата можи во воден ден,бидејќи содржи 90%вода. Извини те натрупав со прашања.
Смее јаткасти исто 100 грама. Ќе ти кажвав за сувоно овошје дека има многу калории, пробај да не јадиш многу, многу. Лубеница во воден не смее. Само вода, саси вода ( краставица, лимон, ѓумбир и нане да отстој една ноќ во литар вода во фрижидер, утредента цедиш и пиеш), кафе и чај без шеќер и то е то. А и во овошен можиш и салати зеленчук ( зачинети само со лимон) ама ако свртиш на зеленчук не се враќаш на овошје тој ден. Слободно прашувај си, тука сум јас.
50/90 Протеински 1/12П Од денес ќе ја почнам турбо ун П:грешен од старт нес Р:отворена пастрмка и салата нз како се викаше модифицирана грчка(ако одите Маврово обв свртете Вруток пастрмка а сама ја извадив од корито и ја зготвија по пресно здравје) В:супа само ќе си направам да се распакувам и утре здра је нов ден Инаку вчерашниот Овошен ни О немаше шетав е и се препуштив на искушението за пробување нови работи замислете јас што не јадам кравјо сирење јадев овчко галичко(дедоми пред 20г правеше таму па ме фати така некако)... Убав викенд поминав батериите се фуллллл
Денес втор воден ќе видам утре како ќе сум со килажата дали уште стангирам или сум спуштила макар и грам. според ова се води.
29/90 Воден Луѓе, не ми се верува дека го поминав. Го почнав начинот на исхрана со помислата дека ќе следам се освен водениот ден. Но, ме фати некој инает и сакав некој предизвик и еве го исполнав. Се осеќав добро, освен некаде околу 17:00 часот, после туширање многу ми дојде тешко ми се поремети притисокот. Се напив само половина чаша кока кола колу да ми се разбистри погледот. После тоа се сталожив, отидов пешачев околу 10.000 чекори. Си дојдов и легнав да спијам. Денес се осеќам супер немам проблеми и потешкотии. На вагата покажа 69.5 Пресреќна сум што конечно гледам 6ка Без разлика на се, многу сум среќна што издржав и не изгубив контрола. Инаку, вчера со дечко ми, бидејќи и тој ја држи и заедно поминавме добро, гледавме и видеа од рецепти што може да ги правиме наредните денови и јас му викам : -зошто вака правиш?" и ми вели : -па да вежбаме самоконтрола
67ми ден.... се договорив со другарка и другар дека ќе одиме до водно 2× пати неделно. Морам да воведам и малку вежбање..... Денес таратур ќе јадам за ручек нјам нјам
51/90 Скробен 2/12 П: Р:компири и моркови варени па запржени на малку масло, кромид, сусам и босилек+краставица и домат Совет:кога варите компири пресечете ги на пола и во водата додадете јадра сол повеќе, ќе немате потреба да ги солите одпосле или да ви бидат благи во салатата В:пола компири и дупло салата
Поздрав другарки диеталки. Како ми сте? Јас денес 67 ден јаглехидратен. Сабајле кога станав нешто не бев добра и намерно напрајв некој отстапки во однос на количината за благо ама се е во границите на денов. Си се тешам . Иначе еве се ближам при крајот, и не знам што ќе прам со себе после. Толку многу си се навикнав. Си знам што точно јадам и кога. Дури и дома конечно прифатија иначе нооооон стоп ми префрлаја, де сум јадела премалку де премногу. Туку, нема да имам драстично намалена бројка кг, пошто јас и претходно се хранев слично. Едино си јадев многу благо. Секој ден. Мислам дека ако ништо друго таа навика ја искоренив. И официјално да кажам што јадев 67ми ден јаглехидратен П: банана Р: две кокосови коцки и сладолед В: четири кифлички, салата и маслинки И плууус парче роденденска торта. Грешна сум, знам.
30/90 Протеински Д:две праски Р:урнебес салата (измешано сирење и изварка со зачини и маслиново масло малку) и тиквици со лебче В:половина од урнебесот плус салата