Женцки Само да јавам до сега -11 кг. Моментална килажа 73 71 ден протеински Е сега....размислувам дали да одам втор круг ун директно без одржување на 28ми завршува првиот
Јас мислам да одиш на одржување, сите што читав дека одма продолжиле пишуваа дека немале ефект Иначе бравос!!! Одлично!
Оффф....во тешки дилеми сум....ќе видам до 28ми што ќе одлучам....иначе денес си се почастив нес со млеко....оф оф убаини
Имаш убав поглед девојче особено што и мојата куќа се гледа Не знам кој ден сум на диетава, 1 месец изгледа има. Дојдов на темава @Lilit ме викна Слабеам, почнав со 88, пред недела дена бев 83.8, следниот ден 84,2 и се разочарав и не се мерам веќе. Си терам по 4 дена режим, најтешконми е овошен у викенд, готвам за маж и дете по 3 оброци, обично различно јадат, значи скоро 6. Уште потешко е пто ранам дете и гледам како си мацка под нос ми мириса се... јас сум апетитлија човек...и тогаш ќе каснам од сиренцето нејзино Вежбам walk walk, ама маж ми го испрал усб то па веќе не сега вежбам кардио, 45 мин потење, ама додека правам од вежботе малата ме јава, се удира од мене, демек вежба па пола од вежбите не ми се направени. Копам у двор најчесто, косам, чистам по дома... И добив точак на поклон и полнувам од утре ако не врне да визам до работа. Виден ден не знам дали ќе издржам, ако сум на работа тој ден, тешко ќе биде, шеќерпѕ ми паша и ме боли глава кога сум гладна. Ако сум дома па моиве ќе јадат пред мене, уште пострашно. Работиме од дома некои денови, па маж ми пред очи ми јаде додека работам, и буквално у лиги се давам. Имам нагони да го треснам у тие моменти. Вчера бев на овошје, од пазар купивам лепници и бадеми, најевтини се, купивме и лубеница и ја ладиме у базен, ама не стасав да си каснам. Денеска ќе појадам од неа. Вжера кипив лути пиперки па ќе си отавам пржени со јајца, едвај чекам ручек. Иначе, пред некоја недела, гладна... овошен ден, па овошје за појадок и на работа немав како да јадам, немапе време, и дури у 5 саат дома ручек. Си направив пржени јајца со пипер, со мерак и љубов , и да ги ставам на маса... малата ми зборна нешто, се завртев и ги испуштив.... ми идеше да заплачам од мака. Секако дека нема да плачам за јајца, ама.... и напраив нови. И така, денеска ќе пазам да не ги скршам. Одам во базен да наберам лубеница
@Cka Welcome , ќе се дружиме! Ме изнасмеа со постов Мене ми е 72 овошен. Засега немам ништо каснато, апетит слабо, после сум на роденден, веќе си порачав круши и динче да има за мене , другите пилешко и торта ќе јадат (која што ја правев јас ). Животеее... Ама не се жалам, навистина не, и онака сум под стрес периодов па најчесто ми се повраќа. Туку, знајте што приметив? Почнав да се прејадувам од многу мали количини храна. Старата јас би можела да изеде тридупло. Вчера јаглехидратен, мене, најголемиот фанатик за благо, поќе ми сакаше душата солено и не ми е ни криво , си јадев веге пица за ручек и потпечени лепчиња со зачини за вечера, а и открив ново црно чоколадо, мнооооогу убо, само што немаше висок процент на какао. И то. Со лесно денес, утре давам рапорт дали машки сум издржала или ...
@Cka не биди строга со себе, тоа те малтретира. Поарно некако, отколку никако да тераш. Велкм. Да се исповедам. Неделава, счабо вежбање, те трчам само еден ден, и вежбав само еден, но и пливав и вежбав табата. Вечер ќе одам на ноќно капење. И грешев вчера. Пица едно парче. Но знаев дека нема да ми додржи гзот, па само ручав рано и тоа ми беше вечерата. Одамна не сум се мерела. Ама веќе не ми е важно, последно бев пред цифра со 6 напред, се надевам дошла јебената 6ка, а таргетот е 58. Како и да е, и после ун реков ун и понатака, знам дека е 91 ден, ама ќе продолжам така. А што се однесува до домашни и готвење, нема избор, јаде тоа што и јас, па и он ослабе, нормално побрзо ко за инает. Едино некогаш пример му доправам месо или компири ако е јх или скробен ден, или протеински, а овошен, тера со мене, да се цитирам "прочистел" хахаха.
Хај! Ден 9ти. Појадок портокал, ручек и вечера ќе биде јајца и лути пиперки + некаква салата. Вчера овошен истерав само со една банана и 100 грама микс од бадем и лешник, ме болеше заб и не можев ни уста да отворам. Затоа испив 4 литри вода, па скоро како воден ден ми дојде. Се мерев сабајле 72.8 кг, се ближам кон 6ката. Не ми се верува дека скоро 20 кила сум полесна отколку пред 5 месеци.
Е како макарони со салата?? Ич не ми оди пуф. А измислив едни макарони со печурки и маслинки, перверзија беа.
Јас ја јадам прво салатата, па 5 минути пауза. Па макароните. И мене не ми иде. Нема ноќно, наслушнав не работи. Ако не заврне, ќе се трча. Денес скроб, басмати со буковки и шампињони, кари и лук. Со салата цвекло и морков.
Луѓенца па на првата страна не пишуват салата и реално не одговара ни со пица ни со макарони ни со ништо друго, евентуално ако се јади лепче па ајт да не е само леб. Мислам дека е придодаена произволно и јас ако не ми одговара не ја јадам.
Ги изедов за ручек пржени пиперки лути со јајца, 2 патлиџана и чаша јогурт, 3 парчиња леб без квасец и брашно. За вечера 2 варени јајца, патлиџан, краставица, 2 каж кисело млеко. Извозев 10 км. Исчистив куќата. Мислам доста е вежбање Јас не пијам вода од зеленчук. Го јадам свеж.
Не мора да е салата ама може да е на пример со сос од домати, тиквици... а па да дојде како манџичка На пицата стависи патлиџанче кромид тикцица наредндај , печурки маслинки...
Јајцата одат со супа а не со јогурт Ќе издржиш Мене ми е ту мач и тоа , ама ако можеш ќе даде резултат сигурно.