Хахахахаххха е луда си стварно Ме изнасмеа .... лелееее јас ќе зголемам секс 3пати.... ама неделно ахахаххахаха
Да ти кажам пак да воведат нема да се бунам колку купував памперс и кашички толку кондоми(сите врсти ги пробавме барем на тенане) Колешка од раб пред пензија е веќе ама одржавана и ми вика "ние дете стари сме насабајле и навечер само толку можиме по ладот" Така да не се давам јас сум 29 а мм 31...
Девојки, дали на почеток ве болела глава Јас па се чудам зошто не ми оди слабеењето шала на страна, може и треба да пробаме повеќе акција и секако без грешки да си ја терам диетава
Едно со друго си одат... Пред тоа и двајцата "елегантно пополнети" додека се наместиме бебево ќе стане сега се е поинаку и ете мотивација плус.. И виц гратис и ја затварам темава околу **@$ Седеле да јадат едно 5члено семејство, јаделе супа арно ама на родители е им се сакало а ваму 3деца будни и и рекол М на Ж " ти Ж потурај се со супата в скут и право во купатило бегај, а јас ќе дојдам по тебе" и така биднало... Кога поминало 5-10мин се загрижиле децава и најмалото отишло да виде и се враќа трчајки бато, даде јадите убаво оти тате сите ќе не Е
Добро на човек и оддишка му треба ,и некогаш сакаш да го решиш јадењето без да се тортурираш , терај понатакс како ништо да не било Што да јадам во скробен ? Некако немам идеја , здосадено ми е се!
Турли тава со се и сешто (која што појма немам како се прајт), полнети пиперки со ориз, ориз со печурки, компири печени со зачини (сусам, оригано, пипер, сол/вагета и бибер), тавче гравче (моето омилено), посна компир манџа, леќа без запршка со компир итн итн... Ова јадам јас Плус можиш и грашок
Лелеама се налапав благо и се уште не се осеќам виновна Си Си олеснав веќе, се налапав сега за сите денови , утре што сака нека е
Хахахахаххахаха ако, некогаш и така иди... На здравје да ти ет! @Мецаа91 ме изнасмеј со мислењана преѓе, не само диета па диета сме се запнале. Битни се и пропратните активности
И мене утре ми е скробен .. од варен компир ми е преку глава ...но ќе напрам пире и ќе додадам внатре пиперка излупена и праз измешано и повкусно амин Инаку кога да се вагаме ?
Здравоооо женски ,нова сум на форумов. Па налетав на темава пред неколку дена и решив да почнам да ја држам диетава. Денес ми е 10ти ден. Почнав со 77кг, денес сум 73.3 Прееееезадоволна сум,само што ми е здосадено доручекот...секој ден овошје сакам нешто соленкооо ммм
Посолено можеш за ручек и велера , ако ти здосадило овошјето смени некое друго овошје само немој да го прескокнуваш ,бидејки мн е битно зошто тоа ти е единствен природен шеќер што го внесуваш во текот на денот Инаку честитки за изгубените кг
Да да не го прескокнувам. Не мислев дека ке ја издржувам диетава. Е сеа едвај чекам водениот ден да видам како ке поминам
На 28ми ми завршува диетата на 29ти ќе ви пишам резултати. Размислував долго и мислам дека ќе продолжам веднаш втор круг. Не сум сигурна дека ќе бидам принципиелна за одржување. Не ми е гајле колку кг ќе изгубам само да терам заради тоа и така одлучив. Многу љубов до сите џенцки унки
Најубо е после водениот, насабајле на протеински, после празнење без облека. Тогаш ќе имаш најточен резултат. А за нас понестрпливите и што не држиме воден, барем преку три овошни, на 12 дена то му иди. Мерење секој ден е демотивирачко јас мислам 78 ден скробен П: банана пошто немав ништо друго а претежно ја избегнувам за поручек Р и В ќе печам компири со зачини и огромна салата. Т.е две салати . има се, може се @Fillia јас не би да се мешам ама јас лично не би можела одма втор круг, многу е монотоно. Поубо е после завршувањево да си јадиме се ама да не мешаме пак. Не можи човек да е цел живот на диета
Не ми е проблем монотонија...терам со тоа....проблем ми е ако почнам да поткаснувам ќе се вратам на старо кркање. Се знам што ѓубре сум ќе терам уште еден круг. И ќе се обидам да бидам поактивна тука Денес цел ден лубеница ќе јадам....их колку сакам лубеница незнам што ќе правам во зимо без лубеница
40/90 Јх Д:една слива Р:вегетаријански сендвич(внатре сл салата од морков и цвекло, печурки и тиквица) В: три мафини и едњн ред чоколадо
61/90 ВОДЕН Денес Воден а само да ме видите Палачинки моментално правам, крилца пилешки печам, компири и јајца за мајонез а варам ама гости ќе имам па затоа а јас утрото го почнав со апче за "ден потоа" синоќа ја претеравме се занесовме кога кондомот кај мене... Сега за сега не планирам 4то да раѓам затоа пиев.. Инаку мислам не смета околу диетава
90 ден, јх. Лубеница, тортиљи со гвакамоле и печурки за денес, плус свежа салата. Вчера облеков панталони зара што никој пат ни ме собраа, ни па зара некогаш убаво ми стоела кога панталони се во прашање. Не се ни сеќавам кога ги купув, зошто ги купив, и зошто не ги вратив тогаш, си стоеа заедно со една кошула со се етикети. 38ца панталони и л кошула (проблем беа градите). Панталоните уште малце и ќе бидат одлични (сосема коректно стојат, но уште некое килце ќе бидат топ), кошулата во струкот сега голема (а ми беше тамам, а кај градите не се ни закопчуваше хехенце ), но кај градите уште мааалце за да убаво се закопча. Вагата не знам колку е уште. Но ова ми се допадна... Завршувам утре со 91 ден. Понатака - исто, иако се вклучив во една група со челинџ, ќе размислам до задутре што ќе правам, може еден месец ќе продолжам така. Факт е дека сакам уште да симнам, но ептен задоволна и до тука каде што сум.