Не знам едноставно се препуштив да јадам што јадат и другите. Ако се правдам ќе кажам дека имам доста помалку енергија деновиве , афти во уста , и наеднаш симнав две кила . Можеби само се опуштив дека симнав килажа ама може и му требаше на организмот. И денес си се налапав
Денес, 79ти јаглехидратен П: грозје Р: макарони со сос од доматно пире, лук и босилек В: нешто благо, едвај чекам, ептен ми се има пријадено @kostarika колку дена ја држиш диетава? При крај си?
@kostarika и мене ми се направи и афти и херпес. Немој да му се потчинуваш на афтички. Та жена ко карпа зар афти ќе те колебаат да стигнеш до целта? Нема откажување 5/90 Д: Две праски Р: лосос, тонус леб и салата (бујон не можам да пијам) В: пола без леб
Џенцки 79ти ден Доручек лубеница Ке правам стекче со салата еден тон Ми се јаде нешто марула....има по пазариве? Бев во 6 сабајле од државна до средно водно пешки....уште 10пати па ќе пробам до горе Ај чао идам марула да барам
Немој да ми се откажуваш! Ете ти требала малце оддишка, се ти се насобрало. Продолжи си со денот што ти е на ред. Не биди многу ригорозна, не се форсирај. Полека ќе се вратиш во колосек. Знам дека можиш! @Fillia Големо БРАВО!
41/90 Овошен Две јаболка, една банана, една слива и три парчиња диња Ова цел ден 68.3 кг денес килажа
Значи никако откажување !! За чудоо и јас имам афти Ајде продолжи и не мисли на грешките Честитки Може да кажеш со која кг почна? Колку за мотивација Да не ве означувам сите што ја држите диетава , но знаете мораме до крај да бидеме упорни , и ако западните психички и сте уморни од диетава пишете овде да се мотивираме или во лп било како Мене ми е 7 ден 1 банана Шпагети со кечап Пола од ручекот Засега без грешка Ќе се вагаме после водниот ден
R Јас скроз на почеток имав околу 78. Па почнав да ја држам диетава ама не пишував тука и стигнав некаде до 20 и некој ден. Имав одредено време пауза околу две три недели ама и тогаш некако се пазев што јадам и колку јадам ама не бев на никаква диета, и исто така бев многу физички активна и реков деке дефинитивно мора да се вратам повторно на режимов ама да си го запишувам секој ден и тогаш почнав со 74.5. Премногу ми е мотивирачки тоа што тука си водам како дневник на некој начин ама исто така и со дечко ми бидејќи заедно живееме и тој е на истиот режим и заедно готвиме се. До денес ете стигнав на 68.3. Килограмите како килограми не ми битно за колкав временски рок ќе се намалуваат ама разликата која што ја гледам во обем е сериозно видлива. За разлика од мене дечко ми почна со 105кг скоро а сега има 93. Нормално со поголема килажа е и потешко, но кога се има голема волја ќе има и резултати. Секако на секој може да му се деси да направи грешка некогаш, ама битно е да се вратиш на правиот пат.
Бравос чупиња И мене ми сте мотивација голема! Јас почнав со 80. Моментално имам 72 накај 71 не се дава ова килцево Се надевам до крај ќе заокружам со десетче. Имам уште 13 дена според некоја моја пресметка. Не се многу кила знам, ама има разлика ептен и си се радвам.
@Justicija Уште нешто исто така што заборавав да напоменам погоре е тоа дека јас имав доста проблеми со лицето. Ми излегуваа такви како акни постојано на истите места, нови, внатре со течност и кога ќе се повлечеа остануваше црвенило. Искрено сега се чудам колку црвенилото ми е смалено и веќе не се појавуваат акните. Лицето го одржавам со миење со гел за лице, хидрстантен крем и крем со спф фактор. Ама хранава дефитивно како ја сменав увидов дека имала огромно влијание. Еве и ова кско една мотивација плус.
Честитки Продолжи т.е да продолжиме сите заедно ,знам дека станува напорно али да го искористиме овој период каде што има секакво овошје и зеленчук и не се мн скапи како во зима Секој изгубен килограм е голем успех
16/90 овошен ден Едно мало гранче грозје, една резанка динче, еден лимон и една банана. Сеуште се немам мерено колку сум. Но некои луѓе што ме немаат видено 1-2 месеци викаат дека сум била ослабена. Сакам да прашам дали можи во скроен ден да јадам зелче посно, толку многу ми се пријаде бетар од бремена жена сум.