Женски морам да се исповедам јас се изнагрешив вчера се што не требаше се изнајадов ауфффф вчера ми беше многу криво денес ќе продолжам од кај што застанав дајте по некој совет да се расположам бидејќи сравот во коските ми е влезен
Денес 12/90 овошен. Се мерев сабајле, може не требаше после ЈХ ден, и се разочарав... Пак сум си го вратила и тој 1кг што го имав изгубено.
Хај, ден 87 јаглехидратен Вчера бев на плажа, додека сите јадеа месо, јас си порачав компир, малце ориз и салата. Пошто нели дозволено е да се мешаат два скроба во сооднос 80/20. Значи ако се сака, се можи. Џабе си наоѓаме изговори да си се прејадиме. Пошто одмор нели . Јас сум при крај, ситно бројам. Водени денови не држев. Мислам дека е измачување то. Подобри резултати ќе имав секако. Диетава ја почнав на 30ти Мај. Трет обид. Ја почнав пошто карантински, стигнав до 80 кг. И не можев да испешачам три километри без да задишам и да мислам дека ќе цркнам. Значи кондиција нула а сум млада имам само 26. И така се измотивирав. Почнав диета, почнав и да вежбам. Секој ден без изговори. Диетата беспрекорно ја држев. Грешки речиси ич. Ама не дека бев строга кон себе, туку ако згрешев немаше да можам да ја опрам работата. Моментално варирам пак во тежина, ама сум пред добивање. Изгубено имам 9кг и мн во обем. Секако и вежбањето си го напрај своето. Како што ветив, еве ви слика од мене, хаха. Со среќно на сите! Да бидите упорни! И да не се мерите нон стоп! П.С Секако не ве напуштам, туку сум уште некој ден и секако за совети секогаш сум на располагање.
70/90 Протеински П:зелен чај и лимон + грозје Р: фета+салата(зелка, морков, краставици и зелено јаболко, сусам) + јогурт(и мелен ким) В:пола +мн салата
Девојки после 15 дена без грешки , јас немам никаков резултат ниту на вага ниту во обем , мн ми е криво баш се придрживав правилно ...но тоа е , стварно се разочарав не знам што е проблемот...но веќе се префрлив на друга диета , благо и леб немам каснато воопшто , само продолжив со друга диета ...
2/90- манџа ден Д- две праски, Р- требаше грашок, ама ме примрзи да готвам отидов си купив мени: гравче со супа од леќа, голема порција марула салата и малку фурнаринки. В- ќе гледам само голема домат салата да јадам со 1-2 маслинки. @***КИКИ*** продолжи, немој да ти паѓа мотивација, ете за мотивација види ја @Fluffy^-^ колку е променета во тело, браво @Justicija ја имаш ли држено некогаш диетава, си имала ли резултати со неа? Чудно е по 15 дена да немаш барем едно кило намалено до две еве максимум
@Idedemja да , пред мн години , па потоа сек8гаш ја почнував не одев до крај ... Како и да е ете мене не ми одговора диетава овој пат , па продолжив со друга , Секако вие продолжете и бидете упорни до крај
Вака те гледам нон стоп се мачиш со диети. А да земеш да баталиш вакви диети и да јадеш нормално со режим кој сама ќе го креираш со мала едукација?
И јас пишав денес дека ми е 12 ден, немам резултати во кг ама се осеќам полесно. Јас ќе ка продолжам, а ти давам добронамерен совет да се вратиш на УН, да се бодриме и мотивираме заедно. Како и да е мислам дека треба да има ефект.
Можеби несвесно правиш грешки....се сеќавам имаше пишано за еден овошен ден имаше изедено нешто повеќе количински...можеби јадеш повеќе од што трошиш... Пробај поднамали количински.
Се работаше само за урми , јас не прекршив ништо ич , но ете сепак постои мал процент кај што не успева диетава .Тоа не значи да ве демотивирам,штом сте почнати да губите кг на почеток ќе биде успешен трудот
Не реков ни јас дека е тоа лошо туку велиш дека без грешки си а нема резултати...затоа велам можеби несвесно правиш грешки од тој тип...пак ќе кажам без лоша намера го кажувам ова....
а те читам тебе а се гледам јас совет од мене не мешај протеини со скеоб биди си на ун ама поинаку протеини па овошен пак протеини пак овошен во неделата тури си еден скробен ден а јх изфрли го неделно два овошну да имаш обавезно ке имаш резултати добро бе жени шо ви е тешко да сфатите оти има мал процент луѓе што не сумнуваат кг со ун жив примњр сум 3 пати по месец и ништо и самата приметив дека скробот и јх ден ми ја правар цела збрка
Имав единствено резултати само кога бев на чист протеин , само месо и салата , друго све е неуспешно ... А мн е неиздржливо бар без овошје