52/90 Јх Д: не се сеќавам Р; тестенини В: некои медењаци 53/90 Овошен Јаболки, банани две, смокви две 54/90 Протеински Нема што да кажам Јадев многу, малку и се напив Дечко ми ме запроси Таков беше денот Дај боже секаде само убавини да има сите да сме среќни како јас што бев денес
Честито просидба ,цел живот да сте заљубени. Продолжи со диетата ,те чекаат убави денови за славење ,да можеш да си се дотераш и да ди задоволна со себе.
Хелоу! Денес 17/90 протеински ден. Д- 2 праски Р- Плескавици и салата В- пола од ручек Се мерев сабајле, ослабена сум од почеток до сега 3кг. Малку е или таман? И сакав да прашам дали смеам денес млечно со месото?
6/90 скробен Д:праски Р:компир манџа, леб и салата В: половина Кога да се мерам за резултати, сега за сега грамови се во прашање ваљда ќе се подобри. Стегам заби, помина главоболката.
И мене од почетокот ме болеше глава , додека да се навикнам дека нема кркање што ќе ми текне и колку што сакам.
Пред првиот Воден не би ти препорачала бидејќи тогаш и онака ќе губиш килограми, јас пред вториот Воден држев и сега планирам пак да држам бидејќи по моја вина стагнирам
Луѓенца драги....јас ја завршив диетата со -11кг. Денес почнав втор круг со тоа што овој би сакала да биде по ригорозен... Почетна 73 (скоро 4) 1- Ручек и вечера варени јајца со зелка салата
Хај Long time no see... Луѓенца јас официјално ја завршив диетава пред два дена. Ми траеше точно 92 дена пошто не држев водни и си напрајв уште едно кругче. И последниве два дена, ко што ме дал Господ поприлично стрвна, си поткаснував малце отповеќе, посебно вчера, ептен удрив на благо. И си вртам на фб и гледам во групана за ун една типка имаше пишано дека пет месеци после ун качила 15 кг ( си имала здравствени проблеми ) ииииии се свестив, си мавнав еден умствен шамар и еве ме денес во колосек. Од сабајле изедов премногу лубеница. Аххххх ја обожавам До после ќе си каснам нешто протеинско пошто нели вежбам ѓоа А, заборајв да кажам дека официјално сум минус 10 кг Ми треба да симнам уште пет де ама има време П.С Ако има некој искуство со одржување, љубезно замолувам да сподели пошто малце сум изгубенка после диетава
Браво за упорноста. Јас никогаш не успеав ни до пола да стигнам, имам малце за симнување, реков ќе ја држам пак ама ништо од тоа
И јас имав неуспешни обиди (дури два), ама после некако се измотивирав, а морам да признам дека имав и вишок на слободно време, па се посветив на себе. Сѐ е до психата. Иначе диетава не е воопшто тешка и ми е криво малце што не пробав воден да држам.