Не можеш житарки секој ден, концептот е таков да не се меша различна група на храна. Јас имав "модификации" во смисла јадам две овошки, и порано да си го изедам ручекот, значи јадеш две овошки пр пред да појдеш на работа, на раб го јадеш ручекот и после дома вечерата. Или па јади си го ручекот пред да појдеш на работа, заедно со тие две овошки, прво нив па после пола саат ручекот, и посче ќе ти остане само вечерата. Или па некогаш имав и плус една салата измеѓу, затоа што на скробен мн брзо огладнував. И имав резултати
Мислев наместо овошје за доручек овесна каша да јадам, гледам нутриционистиве ја препорачуваат за диета
Ако појадуваш овесна каша, тогаш не би била на УН Во режимов, овесна каша може за вечера во ј.х. ден. А овес во зрно, за ручек во скробен, зготвен со вода. Зрнестите се скроб, нивните брашна се ј.х. Еве зошто : "СТРАТЕГИЈА НА УНДИЕТА: "Вртење"/Ротација на јаглехидратите! Ова е една многу позната стратегија во спортската медицина и многу е ефикасна како за согорување на мастите, така и за правење мускули. Во зависност од посакуваната цел постојат различни шеми за "вртење" на јаглехидратите. УНдиета ја користи шемата: Ниско - Средно - Високо - Високо / НСВВ) или таканаречена ЧЕТВОРКА! Н = ниско ниво на ЈХ; С = средно (умерено) ниво на ЈХ; В = високо ниво на ЈХ. Што значи тоа?! На првиот (протеински) ден јадеме малку јаглехидрати, потоа на вториот (скробен/зрнест) ден јадеме средна/умерена количина на јаглехидрати и потоа на третиот (ЈХ) и четвртиот (овошен) ден јадеме многу ЈХ. Овој циклус "се врти"/ротира 7 пати (28 дена) и потоа следува 29тиот ден во кој нивото на ЈХ е еднакво на НУЛА или таканаречениот ВОДЕН ДЕН! Значи, за 91 ден (Диетата трае 91, а не 90 дена!) се добива оваа шема: Од 1ви до 29ти ден = ПРВ ЦИКЛУС Од 30ти до 58ми ден = ВТОР ЦИКЛУС Од 59ти до 87ми ден = ТРЕТ ЦИКЛУС Од 88ми до 91ви ден = ФИНАЛНА ЧЕТВОРКА _____________________________________________ НИСКО НИВО НА ЈХ = ПРОТЕИНСКИ ДЕН (50% јаглехидрати) Овој ден внесуваме храна со низок гликемиски индекс. ______________________________________________ СРЕДНО НИВО НА ЈХ = СКРОБЕН ДЕН (100% јаглехидрати) Овој ден внесуваме храна којашто содржи умерени или бавни јаглехидрати т.е. јаглехидрати со умерен гликемиски индекс. ______________________________________________ ВИСОКО НИВО НА ЈХ = ЈХ и ОВОШЕН ДЕН (150% - 200% јаглехидрати) Овие два дена внесуваме само брзи јаглехидрати или правиме комбинации од брзи и умерени јаглехидрати. ______________________________________________ На ПРОТЕИНСКИ и СКРОБЕН ден, нашето тело ја согорува гликозата во крвта и како "гориво" ги користи мастите. Ова му го сигнализира ниското ниво на инсулин (бидејќи имаме малку јаглехидрати), а откако ќе примиме јаглехидрати инсулинот се покачува! Протеинот којшто го јадеме ни' ги штити мускулите од разградување и не им дозволува на нашите мускули да бидат "гориво", па телото мора да топи масти! Затоа е многу важно на протеински ден да ја изедеме целата предвидена и дозволена количина на протеини за ручек и за вечера, за да не ја изгубиме мускулната маса! (А не да се правиме паметни и да скратуваме од предвидената доза на храна, верувајќи дека така побрзо ќе ослабиме! Како не?!) Неопходни ни' се здрави масти за задоволување на енергетските потреби! На високо јаглехидратните денови, многуте јаглехидрати го одржуваат метаболизмот висок и тој ефект е одличен за доведување на телото во состојба на согорување на масти. Во другите потрадиционални диети, во обид да се согорат мастите, честопати доаѓа до своевиден застој! Во УНдиета тоа се избегнува со "вртењето" на јаглехидратите. Друга корист од деновите со многу јаглехидрати е тоа што се пополнуваат залихите на истоштените мускули, но и психичката ослободеност, јадење на храна којашто нашиот мозок е навикнат да ја препознава како забранета! За да се постигне ротација на јаглехидратите и истовремено немешање на неистородни намирници, исхраната е организирана на многу интелигентен начин: ПРВ ДЕН: ПРОТЕИНИ Примаме минимално количество на ЈХ (Лепчето што мислите дека треба да го прескокнете за побрзо да ослабите! Како не!) и максимално количество на протеини/белковини! Протеините најбавно се преработуваат и се примаат во организмот т.е. метаболизмот ни' е најбавен на овој ден! Јадеме МЕСО, РИБА, МЛЕЧНИ ПРОИЗВОДИ, СОЈА, ТОФУ. ВТОР ДЕН: СКРОБ/ЗРНЕСТА ХРАНА Примаме приближно исти количества на ЈХ и протеини (овојпат РАСТИТЕЛНИ ПРОТЕИНИ)! Заради тоа консумираме бавни јаглехидрати = зрнеста храна полна со скроб! Оваа храна содржи и протеини и јаглехидрати и поради тоа е тешка/бавна за примање во организмот. Затоа се нарекуваат бавни јаглехидрати! Метаболизмот е се' уште бавен, но за 1,5 пати побрз отколку на протеински ден. Јадеме претежно зрнеста храна, како ОРИЗ, ПЧЕНКА, БУЛГУР, ГРАВ, ГРАШОК, БОРАНИЈА, БАМЈИ, но и КОМПИР и СЛАДОК КОМПИР. Во овие намирници има приближно иста количина на протеини и јаглехидрати! ТРЕТ ДЕН: ЈАГЛЕХИДРАТИ Примаме максимално количество на ЈХ и минимално количество на протеини. (Затоа МОРА ДА Е ПОСЕН РУЧЕКОТ! НЕ ЗАТОА ШТО НЕКОИ СМОТАНКОВЦИ РЕШИЛЕ ДА СИ ИГРААТ МАЈТАП СО НАС! ПРЕСТАНЕТЕ СО ФИЛОЗОФИРАЊЕ И СЛЕДЕТЕ ГИ УПАТСТВАТА! Дозволено е минимално количество на протеини за вечера, но никакви протеини на ручек!) Затоа користиме брзи јаглехидрати т.е. храна со брашно и шеќер. Таквата храна е лесна/брза за примање во организмот. Метаболизмот е брз на овој ден! Јадеме јадења со БРАШНО, ГРИЗ, КУС-КУС, ЖИТАРКИ (ОВЕС/МУСЛИ). ЧЕТВРТИ ДЕН: ОВОШЈЕ Примаме највисоко ниво на ЈХ и најмалку протеини (од сировите несолени 100 гр. јатки!). Затоа јадеме МНОГУ ОВОШЈЕ и МАЛКУ ЈАТКИ коишто му ги даваат на организмот неопходните масти за тој ден, како и витамини, минерали и соли од СВЕЖОТО ОВОШЈЕ! Високото количество на брзи ЈХ (фруктоза) во овошјето, како и честите оброци (5-6 оброци, на секои 2 часа) го поддржуваат метаболизмот на овој ден и се создаваат одлични услови за топење на мастите. Јадеме ОВОШЈЕ! И КОНЕЧНО МНОГУ ВАЖНИОТ ДЕН ВО ОВАА СТРАТЕГИЈА: денот со НУЛА ЈАГЛЕХИДРАТИ, ПРОЧИСТИТЕЛНИОТ ВОДЕН ДЕН! НЕ ГО ПРЕСКОКНУВАЈТЕ АКО НЕ МОРАТЕ! "
Денес 5-тти ден, обично до тука издржувам и за викендот.... . И се така .. Само да го истерам и викендот и мислам дека ке се навикнам, среќа што од понеделник и на вежбање се враќам во сала, па ќе имам мотивација. Со лесно на сите
Пак почнав откако зезнав пред некое време. После овошен ден, пак гледам исто: немам оток на стапалата! Како туѓи да се! Купивме канта сирење, кажете денеска како да комбинирам, протеински ми е.
Шопска, топено сирење со зеленчуци, пиперки полнети со сирење. @Кристина Хара не можи овесна каша. Е сега ако не можиш да издржиш само со две овошки, зголеми го бројот, јади си повеќе овошје до 12ч. @babybubu Со колку кг почна? Можи имаш пишано погоре ама не ми текнува. На крај краева битно е во обем да намалуваме, килограмите не се толку важни.
Да ни сликаш. Иначе јас ја завршив диетата ама не знам баш со одржувањево прам некој збунки и си се мотам овде, пошто темава за УН беше причината што си напрајв профил.
Ја препорачуваат во диети каде што се јаде 90% овошје, зеленчук, бело месо и риба. Во оваа диета имаш и компири, и чоколадо, торти, сладоледи, шпагети, пици.... Ако не можеш со овошје, побарај некоја друга диета во која имаш житарки за појадок. Мислам дека диетата на ирена е слична, наутро се јадат ј.х за појадок.
Браво, но сега не забушавај, појадок овошје терај уште три месеци и благото пак гледај на секој 3-4 ден да ти биде, немој да, се вратиш на старите навики со мешање месо и компир и десерт после секој ручек...
Девојки и јас денес почнав 1ден Протеински Д-Банана(средна големина) Р-Омлет(3 јајца,печурки,маслинки зготвени со 1лажица маслиново масло) + 1 салата од краставици и 1 парче интегрален леб В- 1 варено јајце и салата +имам и физичка активност 1 час кардио тренинг
Здраво. Сакам да прашам дали некоја доилка ја има држено диетава и дали се соочила со намалување на млекото поради истата?
Дали на некој од диетава му се појавило опаѓање на коса ? При крај сум веќе, но се мислам да ја прекинам бидејќи премногу ми опаѓа косата. Дали е до диетата или период не знам.
Јас не се соочив со таков проблем, ама се сеќавам една членка имаше пишано дека и паѓала косата. Се отепав од барање на мислењето за да ти го пуштам ама не го најдов. Можно е и во групине на фб да прочитав. Значи можно е од диетата. Можи треба да паузираш малце. Зошто би се случило то, еве не знам. Ми нема логика ама штом и други приметиле, можно е.
Женски едно прашање Дали во витамински ден внесот на овошјето и зеленчукот задолжително мора да биде свеж- сиров? Пример печен / динстан зеленчук дали може? Благодарам