И јас то се чудам. Јас си имам хормонален дисбаланс цел живот, и некако од диетава се стабилизира. Мене многу поволно ми влијаеше. Ама сепак, сите различно. Јас колку што знам, стриктно сиров треба. Со то што кога ќе се префрлиш на зеленчук, да не се враќаш на овошје пак денот. Фактички јадиш салата ако не можиш да издржиш само на овошје. Поинаку зеленчук сепак мислам дека не треба.
Ова не е точно. Можете да јадете и зеленчук и овошје кога сакате. Имате примери во книгата каде за појадок е овошје, за ручек салата од зеленчук и овошје, за вечера пак овошје. Не знам од каде ова правило. Инаку во витаминскиот може овошјето да е термички обработено, печено, да го варите. Дозволен е дури и компот со малку шеќер. За зеленчук не се сеќавам дека имаше пример да се пече. Ама секако ако планираш да јадеш на пример тиквички, модар патлиџан, цвекло, печурки, не е ништо страшно ако ги потпечеш. Нема да ги јадеш сирови сигурно.
Денес - скробен П : 2 круши Р : Манџа грашок, зелка салата, леб В : Салата марула со пиперка, грашак и печени семки
Се средиле хормоните зошто си фатила ред во исхраната и зошто не јадеш некоја регуларна глупост што ти го реметела метаболизмот. Сега ти е постабилен шеќерот веројатно.
А мене зошто ми се пореметија не можам да разберам . Многу ми одговараше режимот , убаво се осеќав ....
Како што пишав погоре, јас се раководам според книгата. Не знам од каде излезе сега ова. И да, според книгата може и да се меша овошје или да се направи смути/сок само без додатоци. И може да се изблендира и овошје и зеленчук.
Искрено немам појма од каде е мојата затоа што ја имам одамна. Ама сигурна дум дека ја има на српски во пдф да си ја симнеш ако не ти е проблем српскиот.
Ептен глад вечерва. А се е заради одење на работа и немам таму ручек салам. Салати не носам да не ириса, и едвај ориз со ништо. Вчерав пак ориз со ништо, и сега завивам. Одвај ќекам да дојде утре да јадам шпагети. Ме уморува гладувањето, и и прави главоболки.