Пак ќе кажам она што го пишувам е она што го има во книгата напишано. Може да се прават и цедени сокови и смутиња од зеленчук и овошје. Едит: да нема забуни еве слика од книгата ја најдов во пдф и ја симнав баш заради ова. Пишува дека за појадок е дозволено овошје (ако сакате полесна дигестија тогаш може две исти да изедете, значи не е обавезно да се исти како што овде пишувате). И дозволено е и цеден сок од зеленчук или смути. Секако со вода и мраз без додатоци, мед, шеќери и слично. Гледам дека секаде нови правила се пишуваат и не ми е јасно од каде. Не само овде туку и по групите на фб.
Е така убаво си пишала, но погрешно сватила. За доручек во деновите кои не се витамински ќе си јадеш две исти овошја затоа што целта е да се забрза метаболизмот а од зеленчук можеш морков да каснеш или патлиџан али ако многу си гладен никако салата ,а препорачливо е да не е така и во примерите подоле ќе видиш дека пишува овошје да се јаде.
Не пишува дека мора туку дека може две исти овошја за полесна дигестија.... и сокови од зеленчук како што пишав погоре (за кои што ти пиша дека не треба). А не исклучиво само две исти овошја како што ти викаш
@kostarika Тоа се само дадени примери имаш ... во продолжение. Горе, сликата што ја постирав јасно кажува што се е дозволено за појадок. Еве некаде имаш примери и за 4 кајсии (не стриктно две ), па мешано овошје, па компот од мешавина овошје. Имаш дури за појадок и мешавина од јаболко и морков. Не е само две исти овошја како што викаш.
Женска, збунки ни прајш. Шала на страна, сакаме полесна дигестија, затоа по две овошки јадиме. Нормално, поситно овошје се јади повеќе. До 12 часот можи плус некоја овошка.
Ма разбирам јас тоа, него сакам да кажам дека може и различно овошје, и цедени сокови, и мешано со зеленчук. Овдека има девојки што ја држат диетата по 70, 80 дена, добро е да си ги знаат опциите.
Јас ја држев диетата 70 дена и како поминуваше времето се полесно ги поминував деновите . Точно е дека пишува така подоле а не сум го прочитала . Најверојатно и кас не знам фоволно за да корегирам некого па загоа веќе нема да го правам.
Овие информации ги пуштаат на фб групата и навистина не знам веќе што е точно од тоа таму пто кажуваат , многу дезинформации па и јас станав дел од тие што ги шират . секако диетава многу ми одговараше затоа пто јадев а слабеев а некогаш и премногу јадев ама иако не би требало да е компликација од неа страв ми е пак да ја почнам заради хормонскоот дисбаланс .
Да, заради тоа и тука пишав. Секаде различно ја пишуваат, секаде различни правила. И по останатите сајтови и форуми исто. Затоа се раководам според книгата. Плус има мн интересни а лесни рецепти па некогаш кога немаш идеја супер доаѓа книгата како помош. Не е грешка и секој ден да јадеш овошје за појадок ама некогаш здосадува па добро е да знаеш дека смееш и нешто друго. Ако јадеш манџа грашок за ручек јадеш манџа грашок и за вечера. Ако јадеш салата грашок (како на сликата) за вечера, тогаш требало и ручекот да ти биде таква салата со грашок. Исто и со компир на пример, ако имаш печен компир за ручек исто ќе имаш печен и за вечера. Не треба ручек печен а за вечера пример пире од компири Што според мене е супер, си готвиш еднаш и мирен си цел ден не му ја мислиш.
Девојки дали смее да се пие млеко со нескафе (без шеќер) кога е протеински ден? И дали смее да се пие какао, секако без шеќер? Ако можете да ми пратите линк од книгата, не можам да ја најдам
Здраво диеталки. Ви се приклучувам и јас во дружбата. Сакам да симнам околу 7 кг. Претходно слабеев со исфрлање на благо и леб, периодов некако тешко ми оди, и си вратив 3 кг. Денеска ми е втор ден. 02/90 - Појадок: грозје Ручек: печен компир со ориз и зеленчук. Се надевам дека ќе бидам упорна
@Nellie никогаш не сум имала таква главоболка, се мачев до кај 23 ч, и на крај испив аналгин. Ајде се надевам дека е од времето, и ќе помине. Ако е со ваква главоболка, ќе се откажам.... 3/90 - П: праски, Р: макарони, со домашен сос од домати, В:имаам голем избор, ќе размислам до вечер
Здраво девојки, сакам да почнам да ја држам диетава. Сакам да симнам околу 10кг. Ако некоја сака да ми прати список по кој што треба да се водам и да ми објасни подетално како се држи диетата?
Од утре ви се придружувам и јас, имам за симнување 7-8кг. Во протеински ден доколку за ручек јадам јајца, мора и за вечера?