Не ти влијаеше на млекото? Инаку и јас имам ослабнато 25 кг.пола со ун па продилжив по мој режим, сега нешто со бременоста нешто со доењто одам нагоре пак.
Девојки имам некои прашања, се надевам дека ќе ми одговорите. 1. Ајвар во кои денови смее да се јаде? 2. Дали супа се јади после ручекот само во протеински ден или секој ден? 3. Дали печурките се неутрални намирници или се јадат само во протеински ден? 4. Дали може со ручекот во било кој ден да се јаде варен/печен зеленчук (морков, брокула, карфиол)? 5. Дали смее да се јаде салата од зелка или само во одредени денови?
Не малата си напредуваше убаво...разг. и со педијатар и ми рече н млекото по би влијаел чај за слабеење ќе фати и бебето против..а друго ништо и по 2 г млекото си е исто..ние сме година ипол уште ја дојам и ќе продолжам
Мила јас ке споделам бидејќи и јас ја имам држано оваа диета. Ама работата е што доста промени има, за разлика на времето што беше пред неколку години. Следам и на фб неколку групи, значи секаде има различни правила и измени. Како се менуваат админстраторите. Дури ме нервира, незнам кој ги осмислува. Ајвар прво се јадеше во Јх ден само. Супа се пие во протеински после јајца или месо. Ако се јаде сирење се пие јогурт. Печурките се неутрални намирници. Печен или варен зеленчук можеш секој ден. Исто така салата зелка можеш во сите денови. Освен во овошен, ако ја јадеш тогаш без зачини. Јас овие стари правила ги знам. Сега по групите гледам леб кој што морал да биде тонус хах.
6 ден Скробен Поручек Две мандарини и чаша вода со лимон Ручек Печени компири со зачини и зелка салата Вечера Исто
Софче фала ти премногу. ❤️ Либе реши диеталец да стани, ја почна диетава од вчера ама и тој е збунет оти на повеќе места различно е напишано. Ако има уште нешто, ќе те гњавам пак.
Здраво девојки Дали јајцата спаѓаат во мелчен производо осносно може да се јадат со сирење на пример или кашкавал?
1. Ајвар е дозволено да се јаде сите денови освен во овошен, по една лажица на оброк. Иако е дозволен најдобро е да се избегнува колку што може, оти има многу масло а нема ништо хранливо. 2. Супа само за ручек во протеински ден. 3. Печурките спаѓаат во неутрални намирници, може да се јадат секој ден освен во овошен. 4. Термички обработен зеленчук може да се јаде секој ден освен овошен. 5. Зелката е неутрална намирница и добредојдена како салата или подварок во комбинација со месо за протеински или со ориз во скробен. п.с по групите гледам дека некои јадат варен зеленчук за време на овошен, но според мене тие таквите ја држат диетата на сила. Најубав овошен ден си е само со овошје, јаткасти плодови и вода. Тогаш има најдобро чистење на телото и секако најдобри резултати.