Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

УН Диета

Дискусија во 'Диети' започната од mKdevojce, 7 јануари 2010.

  1. Fluffy^-^

    Fluffy^-^ Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јули 2019
    Пораки:
    1.018
    Допаѓања:
    16.761
    Пол:
    Женски
    @IRBBB Се слагам со членките погоре, да не се повторувам. Ајвар најарно само во ЈХ. Супа во протеински, иако во групине на фб пишуваа дека можи и во скробен. Јас само во протеински си ја пијам. :)

    6ти ден скробен
    П: банана
    Р: грашок и салата зелка со морков
    В: исто на пола

    Иначе, јас свесно правам грешка со тоа што леб не јадам, пошто сакам целосно да го исфрлам од исхрана. И претходниот пат ја држев без леб, а и кога не сум на диета се трудам да не јадам. Друго, ослабена сум две килца, малце ми нема логика дека само шести ден, ваљда претходните обиди од по некој ден на диетава пред да ја почнам официјално, дале резултат. :D
     
    На IRBBB му/ѝ се допаѓа ова.
  2. ТедИ11

    ТедИ11 Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 ноември 2020
    Пораки:
    845
    Допаѓања:
    4.289
    Колку ти требаат,одма давам да можам
     
  3. Belgin1

    Belgin1 Популарен член

    Се зачлени на:
    4 октомври 2017
    Пораки:
    850
    Допаѓања:
    8.360
    Пол:
    Женски
    3/90 јагленохидратен
    Појадок: 2 јаболи
    Ручек: една кришка црн леб со ајвар, интегрални макарони со сос од кромид, лук, малку печурки и томатино.
    Вечера: овесна кашичка и еден ред црна чоколада.
     
    На Fluffy^-^ му/ѝ се допаѓа ова.
  4. pikabu5

    pikabu5 Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 август 2020
    Пораки:
    681
    Допаѓања:
    1.056
    Пол:
    Женски
    Хахаха многу ми требаат .. дајте кажувајте што да јадам да се поправам .. и јас да би можела одма би ти ги зела вишокот хаха
     
    На ТедИ11 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. ТедИ11

    ТедИ11 Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 ноември 2020
    Пораки:
    845
    Допаѓања:
    4.289
    Нешто од архива
    1. Значи, за 91 ден (Диетата трае 91, а не 90 дена!) се добива оваа шема:

      Од 1ви до 29ти ден = ПРВ ЦИКЛУС
      Од 30ти до 58ми ден = ВТОР ЦИКЛУС
      Од 59ти до 87ми ден = ТРЕТ ЦИКЛУС
      Од 88ми до 91ви ден = ФИНАЛНА ЧЕТВОРКА
      _____________________________________________
      НИСКО НИВО НА ЈХ = ПРОТЕИНСКИ ДЕН
      (50% јаглехидрати)

      Овој ден внесуваме храна со низок гликемиски индекс.
      ______________________________________________
      СРЕДНО НИВО НА ЈХ = СКРОБЕН ДЕН (100% јаглехидрати)

      Овој ден внесуваме храна којашто содржи умерени или бавни јаглехидрати т.е. јаглехидрати со умерен гликемиски индекс.
      ______________________________________________
      ВИСОКО НИВО НА ЈХ = ЈХ и ОВОШЕН ДЕН (150% - 200% јаглехидрати)

      Овие два дена внесуваме само брзи јаглехидрати или правиме комбинации од брзи и умерени јаглехидрати.
      ______________________________________________
      На ПРОТЕИНСКИ и СКРОБЕН ден, нашето тело ја согорува гликозата во крвта и како "гориво" ги користи мастите. Ова му го сигнализира ниското ниво на инсулин (бидејќи имаме малку јаглехидрати), а откако ќе примиме јаглехидрати инсулинот се покачува! Протеинот којшто го јадеме ни' ги штити мускулите од разградување и не им дозволува на нашите мускули да бидат "гориво", па телото мора да топи масти!

      Затоа е многу важно на протеински ден да ја изедеме целата предвидена и дозволена количина на протеини за ручек и за вечера, за да не ја изгубиме мускулната маса! (А не да се правиме паметни и да скратуваме од предвидената доза на храна, верувајќи дека така побрзо ќе ослабиме! Како не?!) Неопходни ни' се здрави масти за задоволување на енергетските потреби!

      На високо јаглехидратните денови, многуте јаглехидрати го одржуваат метаболизмот висок и тој ефект е одличен за доведување на телото во состојба на согорување на масти.

      Во другите потрадиционални диети, во обид да се согорат мастите, честопати доаѓа до своевиден застој! Во УНдиета тоа се избегнува со "вртењето" на јаглехидратите.

      Друга корист од деновите со многу јаглехидрати е тоа што се пополнуваат залихите на истоштените мускули, но и психичката ослободеност, јадење на храна којашто нашиот мозок е навикнат да ја препознава како забранета!

      За да се постигне ротација на јаглехидратите и истовремено немешање на неистородни намирници, исхраната е организирана на многу интелигентен начин:

      ПРВ ДЕН: ПРОТЕИНИ

      Примаме минимално количество на ЈХ (Лепчето што мислите дека треба да го прескокнете за побрзо да ослабите! Како не!) и максимално количество на протеини/белковини!

      Протеините најбавно се преработуваат и се примаат во организмот т.е. метаболизмот ни' е најбавен на овој ден!

      Јадеме МЕСО, РИБА, МЛЕЧНИ ПРОИЗВОДИ, СОЈА, ТОФУ.

      ВТОР ДЕН: СКРОБ/ЗРНЕСТА ХРАНА

      Примаме приближно исти количества на ЈХ и протеини (овојпат РАСТИТЕЛНИ ПРОТЕИНИ)! Заради тоа консумираме бавни јаглехидрати = зрнеста храна полна со скроб! Оваа храна содржи и протеини и јаглехидрати и поради тоа е тешка/бавна за примање во организмот. Затоа се нарекуваат бавни јаглехидрати! Метаболизмот е се' уште бавен, но за 1,5 пати побрз отколку на протеински ден.

      Јадеме претежно зрнеста храна, како ОРИЗ, ПЧЕНКА, БУЛГУР, ГРАВ, ГРАШОК, БОРАНИЈА, БАМЈИ, но и КОМПИР и СЛАДОК КОМПИР. Во овие намирници има приближно иста количина на протеини и јаглехидрати!

      ТРЕТ ДЕН: ЈАГЛЕХИДРАТИ

      Примаме максимално количество на ЈХ и минимално количество на протеини. (Затоа МОРА ДА Е ПОСЕН РУЧЕКОТ! НЕ ЗАТОА ШТО НЕКОИ СМОТАНКОВЦИ РЕШИЛЕ ДА СИ ИГРААТ МАЈТАП СО НАС! ПРЕСТАНЕТЕ СО ФИЛОЗОФИРАЊЕ И СЛЕДЕТЕ ГИ УПАТСТВАТА! Дозволено е минимално количество на протеини за вечера, но никакви протеини на ручек!)

      Затоа користиме брзи јаглехидрати т.е. храна со брашно и шеќер. Таквата храна е лесна/брза за примање во организмот.
      Метаболизмот е брз на овој ден!

      Јадеме јадења со БРАШНО, ГРИЗ, КУС-КУС, ЖИТАРКИ (ОВЕС/МУСЛИ).

      ЧЕТВРТИ ДЕН: ОВОШЈЕ

      Примаме највисоко ниво на ЈХ и најмалку протеини (од сировите несолени 100 гр. јатки!). Затоа јадеме МНОГУ ОВОШЈЕ и МАЛКУ ЈАТКИ коишто му ги даваат на организмот неопходните масти за тој ден, како и витамини, минерали и соли од СВЕЖОТО ОВОШЈЕ!

      Високото количество на брзи ЈХ (фруктоза) во овошјето, како и честите оброци (5-6 оброци, на секои 2 часа) го поддржуваат метаболизмот на овој ден и се создаваат одлични услови за топење на мастите.

      Јадеме ОВОШЈЕ!

      И КОНЕЧНО МНОГУ ВАЖНИОТ ДЕН ВО ОВАА СТРАТЕГИЈА: денот со НУЛА ЈАГЛЕХИДРАТИ, ПРОЧИСТИТЕЛНИОТ ВОДЕН ДЕН!
      НЕ ГО ПРЕСКОКНУВАЈТЕ АКО НЕ МОРАТЕ
     
    На IRBBB му/ѝ се допаѓа ова.
  6. mKdevojce

    mKdevojce Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    2.175
    Допаѓања:
    15.491
    Лесен почеток и со среќа до целта :muscle:.
     
    На ТедИ11 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. anastasijaki

    anastasijaki Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2011
    Пораки:
    5.226
    Допаѓања:
    48.130
    Пол:
    Женски
    Или макарони или леб, не двете.
     
  8. Belgin1

    Belgin1 Популарен член

    Се зачлени на:
    4 октомври 2017
    Пораки:
    850
    Допаѓања:
    8.360
    Пол:
    Женски
    Ја следам и групата мжна фб па видов слика вака, затоа мислев дека може.
     
  9. Marsh_mellow

    Marsh_mellow Активен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2021
    Пораки:
    141
    Допаѓања:
    124
    Пол:
    Женски
    Имам неколку прашања
    1. Дали може едно парче зелник со кромид за јх ден?
    2. Дали во чајот може стевија да се става за блажина?
    3. И дали пиењето на лимон со вода го успорува процесот на слабеење?
     
    На Снегулк@23 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. anastasijaki

    anastasijaki Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2011
    Пораки:
    5.226
    Допаѓања:
    48.130
    Пол:
    Женски
    Многу работи ги испревртеа последно време, јас од 2017 сум со диетава и тврдам дека или леб или макарони е правилно. :)

    1. Може.
    2. Може.
    3. Не, напротив, може да го забрза, додади и ѓумбир малце. :)
     
    Последна измена од модератор: 22 јануари 2021
    На Снегулк@23 и Marsh_mellow им се допаѓа ова.
  11. ТедИ11

    ТедИ11 Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 ноември 2020
    Пораки:
    845
    Допаѓања:
    4.289
    2/90Скробен
    П:2јаболка и чај
    Р:леќа и салата+кришка леб
    В:пола +повеќе салата 20210122_072653.jpg
     
  12. pharmacy

    pharmacy Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 октомври 2013
    Пораки:
    259
    Допаѓања:
    370
    Пол:
    Женски
    Пак јас дали во Ј.Д. може да се јадат интегрални шпагети и или мора обични?
     
  13. ТедИ11

    ТедИ11 Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 ноември 2020
    Пораки:
    845
    Допаѓања:
    4.289
    Убаво е да се интегрални,но ако немаш во моментот стави обични
     
    На Снегулк@23 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. pharmacy

    pharmacy Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 октомври 2013
    Пораки:
    259
    Допаѓања:
    370
    Пол:
    Женски
    Имам затоа и прашав. Фала многу.



    Иначе после колку време забележавте резултати?
     
    На Снегулк@23 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Belgin1

    Belgin1 Популарен член

    Се зачлени на:
    4 октомври 2017
    Пораки:
    850
    Допаѓања:
    8.360
    Пол:
    Женски
    4/90 овошен
    Појадок: една банана
    Ручек: овошна салата од банана, јаболка, кива, портокал и 100 грама мешани јатки.
    Вечера: салата од домат и краставица.
     
  16. Marsh_mellow

    Marsh_mellow Активен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2021
    Пораки:
    141
    Допаѓања:
    124
    Пол:
    Женски
    7 ден Јх
    Поручек Сок од лимон и две мандарини
    Ручек Зелник со кромид и маслинки
    Вечера Чоколадо црно и парче торта
     
  17. ТедИ11

    ТедИ11 Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 ноември 2020
    Пораки:
    845
    Допаѓања:
    4.289
    Обично после 2от овошен ден
     
  18. ТедИ11

    ТедИ11 Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 ноември 2020
    Пораки:
    845
    Допаѓања:
    4.289
    3/90ЈХ
    П:2јаболка и кафе
    Р:3кришки со мармалад и чај
    В:ке размислам
     
  19. ivani30

    ivani30 Популарен член

    Се зачлени на:
    4 декември 2014
    Пораки:
    1.609
    Допаѓања:
    2.645
    Пол:
    Женски
    12/90 витамини.... Не сум се мерела ќе се мерам после воден ден но се осеќам во мешето намалено бар едно 4 кг да скинам до 29 ќе сум пресреќна.....
     
    На ТедИ11 му/ѝ се допаѓа ова.
  20. ТедИ11

    ТедИ11 Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 ноември 2020
    Пораки:
    845
    Допаѓања:
    4.289
    4/90ОВОШЕН
    До сега 2 јаболко и кафе