Сега за сега добро ми оди...денес ми е првиот овошен здравје по наредниот овошен ќе се мерам...трет пат ја држам првиот 25кг ослабев
Дали на некоја од вас и се има пореметено менструацијата од како е на диета?? Односно да и доцни или да и има дојдено порано?? Бидејќи има промена на исхрана па затоа..
Браво 25 кг е сепак баиги секоја чест.... Јас едвај чекам да стигнамдо 30 ден и да си ја видам тежината да ми почнува со 6
Здраво на сите! Јас ја држам диетата за прв пат и се обидувам да ја пратам најдобро што можам. Имам неколку прашања. Дали можам да пијам протеински шејк во протеинскиот ден(со вода) и дали доколку тоа ми е за ручек, ќе мора и за вечера? Некоја алтернатива? Исто во јагленохидратен ден, наместо чоколадо за готвење може да се напијам какао(со вода) ? Со лесно на сите што моментално ја држат диетата! Stay strong
Здраво женки Мене денес 10ти ден, скробен Имам скинато 3кг досега, ама морам да си се искарам што прескокнувам вечера а не би смеело. Ама немам апетит воопшто периодов. За менструација, има различни искуства. Мене лично ми се среди, а имам читано дека на некој им се пореметила. Ваљда до организмот е. Интересна работа за мене е што го мразев овошниот ден а сега го обожавам и ич не ми е проблем, дури и одвај го чекам. Финтата е во јаткастите плодови. Обавезно по 100 грама на овошен, пошто ништо друго не заситува толку. Денес за поручек киви ќе бидат, а за ручек и вечера компири само нз какви. Со лесно на сите
5/90 ПРОТЕИНСКИ П:Нови Р:стек+салта(зелка,морков и цвекло) и кришка леб В:пола тек+салата(марула и морков)+супа(знам дека треба супа со ручекот ама немав дома)
Oва е шејкот, пишyва дека е plant based , и има 21 грам протеин. Ако некој знае или има идеја како и кога е најдобро да го пијам
Па таман си е немозе преку ноќ.... Јас сеуште се немам мерено а денес ми е 15 ден ама почнав и да вежбам... Во обем сум стопен што ми е најважно..... Ме собраа фармерчиња што ги немав облечено одамна.... Пресреќна сум
Девојки јас во август ја завршив диетата со -10 кг за два месеца и од вчера почнав пак се надевам уште 2 месеца ќе си издржам ќе си бидам таман со идеалната тежина 68кг голема среќа не ги вратив килограмите за периодот што правев голема пауза!! подршка за сите нас
Дали во ј.д. може за вечера нутела палачинка? Мене веќе ми е 11 и не гледам некоја промена. Се мерев 8 ден, ќе се мерам пак после вториот овошен ден да видам резултати, ама вака некако се разочарувам
може нутела палачинки и после ред чоколадо инаку за мерењето најголема грешка е често мерење најубаво е после 30 дена прво мерење да е бидејќи не е се до бројката на вагата, сигурна сум дека се осеќаш многу убаво и лесно и покрај тоа што нема некоја разлига на вага нели?
6/90Скробен П:2јаболка Р и В: Компири варени па малку запржени со сончоглед...немав сусам и салата морков и цвекло
Здраво Јас ја држев диетата 80 дена скоро, баш се придржував сите водени дена ги издржав и работев. (имав главоболка во воден ден) На почетокот не гледав некој промени, но при крајот да заприметив дека го истрошив телото и ми доцнеше 10 дена можеби. Од тогаш внимавам што јадам, овошје наутро, ручек што имам без леб и вечера салата. За благо може еден ден во неделата да одлучиш да се наградиш. И доколку вклучиш физичка активност ќе имаш ист резултат и повеќе. Здравјето пред се! Доколку не ти прави проблем на циклус, прави ја диетата и ќе ослабиш битно е да се мотивираш дека секој ден можеш да го поминиш, не е тешка воопшто бидејќи се јадиш. Јас ослабнав околу 9 кг. во обем се забележуваше повеќе.