Девојки не сте нешто активни....споделете рецепт,слика од менито...мене тоа ме тера ем да експериментирам а и да не повторувам исти јадења...
Јас сум 5/90. Ја имам држено диетата 2014-та и 2015-та и тогаш ослабев 44кг. Ги вратив речиси сите и сега почнувам пак. Ќе ви кажам деновите до денес и ќе прикачам какви што слики имам, а од утре ви се придружувам и тоа со задоволство! Започнав со еден воден ден, кај што од тоа што имам претерано со шеќери попладне ме удри главоболка. 1/90 - ПРОТЕИНСКИ Појадок: Две мандарини (поголеми) Ручек: Пилешки гради (200гр сурово), тиквички, пиперка и печурка на контакт грил, огромна салата Вечера: Истото напола, огромна салата 2/90 - СКРОБЕН Појадок: Свежо цеден сок од јаболко (200мл) Ручек: Компир салата и свежа салата од марула, шери, маслинка, краставици Вечера: Истото напола, огромна салата 3/90 - Јагленохидратен Појадок: Две големи мандарини Ручек: Фарфале со доматен сос, печурка, пиперка, морков и свашта. Немам слика, но често го јадам, така да слика наскоро. Салатата!!! Вечера: Домашна торта од пандишпан (направен од урми, кокос путер, какао во прав, кисело млеко, кокос брашно) и мус од банана со таан и какао. Парче Линдт 85% 4/90 - ОВОШЕН Овошје само за појадок, потоа грицкав зеленчуци. 5/90 - ПРОТЕИНСКИ Појадок: Сок од јаболко Ручек: Пилешки копан на рерна без кожата, салата Вечера: Истото напола, салата Секој ден гледам да пијам минимум литро и пол вода, што е навистина малку, но ми е тешко ради времето.
Е баш за ова зборев....браво девојко,јас утре ми е овошен втор...што значи во петок наутро ќе се мерам
Здраво женски диеталки Мене денес 12ти ден овошен, ќе јадам се и сешто од овошје, се трудам овошните да ги држам строго овошни, без зеленчук. Вчера ЈХ имав за поручек едно големо јаболко, ручек макарони со лут кечап и печурки, а за вечера не знам ни како се вика ова додуша , смути не е ваљда. Овес, малце млеко, банана, малини, ореви, какао и мед. Демек здрава варијанта на благо. Ред црно чоколадо кое што го мразам и едно наполитанче. Кг сеуште минус три. Абе океј е бавно да намалувам, јас кога намалувам брзо се загрижувам. Резултати очигледни чекајте после прв воден. Што помалце вагање тоа поарно.
За 12д 3кг и тоа е нешто...ами до 90 дена на секои 12 да имаш минус3...несум некои математичар 90д÷12д=7,5пати да се мериш и 7,5×3кг(да слабееш)=22.5кг..20 да се па е супер..ние сите сакаме наеднаш И за време на менструација не се мери 1кг плус е секогаш..барем кај мене
Јас имам 73 кг. Сакам барем до 65 да стигнам. Иначе на почеток на секоја диета се губат по три кг на почеток. То се вишок течности. Понатаму слабеењето ќе оди побавно.
Јасно ми е тоа...исто и јас бев 2от пат првиот месец на секој 2овошен по 2-3кг послето послабо...полека но сигурно нели сме почнале ќе успееме
Здраво! 6/90 - СКРОБЕН Појадок: Сок од јаболко Ручек: Леќа и салата зелена со краставица Вечера: Ќе биде истото напола Немам некој напредок, но се чувствувам малце подобро. Почетокот е секогаш тежок, но резултат мора да има. Лошото кај мене е дека сум цел ден на биро, едноставно од што не се движам имам чувство дека душата ми е затната. Еднаш да пукне пролет, па одиме јако!
12 ден Овошен (денес можам и човек да изедам хаха) Поручек Банана Ручек Смути од мешано овошје Вечера Исто како ручекот
Знајш дека можиш колку сакаш овошје денес? Не мора поделени на ручек и вечера, си јадиш по некоја овошка на два саати пример. Земи си непечени бадеми или лешници. Заситуваат.
Навистина? Мислев дека морам по оброци да делам и гладувам по цел ден хаха. Бадеми и лешници не смеам да јадам имам протези
Стави ги во смудито наместо така да ги јадеш,можеби ќе можеш и можеш салата ама ако каснеш зеленчук после овошје нетреба
Си правам смути со чија и ленено семе и ме заситува доволно. Не смеам зеленчук салати и тврди работи охх... Да ве прашам Дали може тие семињата ленено и чија семе да се ставаат во смутито? И дали може да се прескокнува оброк? Некогаш од ручекот сум доволно заситена што вечерата ја јадам само заради што морам. Појадокот можам и да го прескокнам или пак да го преспијам. Смеам ли? Бидејќи од ко започнав со диетава станувам за само да појадувам.
Може семињата во смути да си ги клаваш, јас колку што знам. Абе пробај појадокот да не го прескокнуваш. Ако стануваш баш заради то, јади две овошки кога ќе станиш па по два саати ручај, па ќе вечераш покасно. Е сега за вечера, јас лично не јадам со сила. Ако не ми се јади не ја јадам. То не значи дрка ќе ослабам побрзо, грешка е сепак. Најубо е сѐ да се јади. Барем салата ако ништо друго. А јаткастите можиш исто да ги стајш во смути, е сега не знам што вкус ќе добијаш ама битно да не си гладна.
7/90Јх П:јаболко Р:тргната кора и домати и маслинки В:3 палачинки(2со малку крем и пола банана)а 1со малку пасирана банана и слатко од јагоди домашно + млеко и црно чоколадо75%какао
Здраво еве еден позитив од мене За мене е доволна мотивација да продолжам,знам дека во нареден период потешко ќе се симнуваат
Ти си знајш, ама јас мислам најубаво да и дадеш шанса на оваа диета кога веќе си ја почнала. Ден 14ти скробен и грешка уште рано посабајле, ама ќе си терам скроб како што ми е планот. П: банана Р и В: ориз со печурки и мешана салата Со лесно на сите!