19/90ЈХ П:кафе и 2јаболка Р:геврече В:микс од снегулки потопени со вода,кокосово масло,маџун од калинка,кокос,боровница,вишни и чиа семе @srekice sega tuka sum aktivna Девојки се мерела ли некоја да каже резултати да мотивираме и други...јас сакав да се мерам ама ми дојде и ке чекам да ми заврши...некако темата не е баш активна
Јас, не бројам денови само се мерам секој понеделник, не ја држам ни цел месец, -4 сум до сега, а не бројам денови дека не планирам воден, со мало дете сум и ми е страв да не ми се слоши. Дали имате идеи за протеински освен јајца и сирење (вегетаријанец сум)?
Ајде и јас да се пишам тука, по 10000ти пат ја почнувам. Само со оваа диета можам да се носам, се друго ми е пререстриктивно Имам -10 за симнување, ама и со -7 ќе бидам задоволна Вчера прв ден протеински Д. 2 портокали и кафе Р. Пилешко бело месо, салата патлиџан и краставица, 1 к леб, без супа за жал В. Пилешко и салата Денес скробен. Д. Кафе и 2 портокали ( уште на кафето сум не сум јадела овошје) Р. Ориз тавче и зелка салата В. Пола од ручекот Ајде да видиме до кај ќе стасам овој пат
Јас од денес почнувам, имам за симнување 10кг, досега многу пати имам почнато и секогаш завршувам после два три дена . Сега сум цврсто решена , и ке пишувам овде со цел да имам план што во текот на денот ќе јадам . Денес како прв ден Д: две мандарини Р: три варени јајца, салата краставица и едно парче леб В: две варени јајца, салата краставица или зелка Во мегувреме само кафе и некој чај без шекер.
Девојки после колку време имате резултати? Мене ми е 10 ден се осеќам стварно полесно ама не имам ослабено...
Јас се мерев на 8мата ден бев-3,денес ми е 21 ама ќе се мерам после водениот,а кога имаш мензис вагата кажува плус 1кг
Добро утро девојки, Денес втор ден Д: мандарини Р: варен компир (како салата) со маслинки и зелка В: пола од ручекот. Вчера малку прекршив, ама еве денес продолжувам со надеж дека нема да згрешам
Мене денес ЈХ ден П. Два портокали и кафе Р. Две ѓевречиња и томатело за мацкање В. Пола ѓеврече и еден ред чоколада Си купив микс јатки 100гр оти ме фаќа ептен криза околу 8:30 - 9 на работа. Се надевам дека ќе успеам да издржам и дека ќе останат за утре ама ..... видеЌемо. Утре ми е план супа од брокула и морков да правам и од 13 до вечерта само тоа да јадам, незнам дали е по протокол, ама на работа до 22, тешко дека само на овошје ќе издржам.
21/90Протеински П:јаболка и кафе Р:туна,марула,лебче и супа В:пола туна И си направив леб домашен Рецептот е на видеото ја внатре ставив чиа семе,цели дена лен,семки од тиква,сончоглед,сусам.....
Да не ти кварим расположење, ама кикиритки биле во скробен ден, значи во овошен не. Бадем, лешник, орев за нареден овошен. Ова го прочитав на фб страната за УН, не знам по книга како е. Ајт сега здраво, ден 26 скробен П: 2 јаболка Р: ориз со зеленчук, печурки и салата марулка В: нема да има пошто касно ручав Кг сеуште минус три, ама стомакот го нема. Претходниот пат исто намалував по 3-4 на месец и ми беше таман. Со лесно на сите и добредојде на новите членки. Упорно заборавам да сликам, а убо би било и слики да си постираме. Имав изјавено дека го сакам овошниот, епа сакам да си ја повлечам изјавата. На последниот овошен умрев од глад. Не дека не јадев де, ама огромен глад чувствувам и за инает не го прекршив. Воден нема да држам.
Јас наместо да јадам еден ред чоколадо, денес испив пола шоља топло црно чоколадо. Ме почасти шефицата па не можев да одбијам
3/90 Д: Банана и кафе Р:две-три лепчиња со ајвар и маслинки В: ред црно чоколадо + некоја слатка (еклерѐ или трилече)
Денес витамински Пијам кафе и ја гледам бананата После 2 портокала, па за ручек варам брокула и морков. За вечера ќе оставам јатки и суво овошје околу 6-7 за да не ме фати лудило до 22. Инаку, откако терам со диетава многу кафе почнав да пијам, вчера дури и ми се слоши, денес планирам со чај да го заменам.
22/90Скробен П:јаболко и зелен чај Р:печени(компири,морков,брокула,карфиол)+марула салата и од моето лебче В:кутичето црвено и цвекло
Ja sum nastinata i malku ja prekrsiv dietata inace 20 den mi e I mozes da izdrzis Kako mozes..bravooo
Четврти ден ми е, не сум се мерела воопшто овие денови, ама рано е Инаку денес го минам денот ок, до сега не сум прекршила.