Девојки кога може да се јаде палента, дали може на протеински палента со повеќе сирење и плус кисело млеко?
Денес протеински Д. Малку јатки Р. Свинско печено и зелка салата, за супа на работа немам можност В. Исто од ручекот Вчера витамински , издржав мУшки, комшиката крофнички правеше, не каснав ни една
27/90ЈХ П:кафе и мандарини Р:потпечени кришки(кечап,оригано,печурки,сусам)+салата(зелка,цвекло и морков) В:планирам палачинки
За воден ден, освен вода кои напитоци се дозволени? Кафе, какао, чај, вода со парчиња лимон, крставица?
Вода со лимон,ѓумбир,или саси вода, чај незасладен,....какаото е за во јх...и јас наближувам до првиот воден
И чисто, органско какао во зрна е само за јх? Јас пак понекогаш кога си правам за мене, правам и за мм
Вака значи, јас решив да не јадам торти и калорични благи, туку да си јадам мусли со млеко. Е сега, по моја логика пошто не е специфицирано што да има во торта (има и млеко и јајца итн.), во сладолед исто, јас си турам малце млеко и мед во муслите, кои што се скоро без шеќер. Знаете сите дека во јаглехидратен за вечера не важат некои особени правила. Денес 32 ден овошен На мени: лешници, ореви, тиква и банана. За утре стек со салата марула и краставица, едвај чекам.
Денес 9/90 протенски Д: два портокали + кафе Р: три јајца варени (а може и да се почастам со пржени), парче сирење и нешто салата + едно парче лепче В: две јајца варени, чаша јогурт Инаку вчера го издржав витаминскиот супер без прекршоци .
Денес скробен, мојот најомилен Д, банана Р. Ориз и грашак со зелка салата В. Пола од ручекот Во сабота сум на ниет да се мерам
Кој ден ти е? Скробен и јас сум денес. Д: една банана Р: компир манџа со салата од домати и краставици плус тонус леб В: пола од ручекот без леб Кажете рецептче за сос на макарони за утре
@fana касно ми е да се едитирам. Минатиот јх на либе му направив канелони, наполнети со сецкани печурки, маслинки, кромидче и морковче (претходно малку пропржени во доматно пире) и прелеани со вода и доматно пире и испечени. За мерак испаднаа, превкусни беа. Се мислам некогаш и со лазањи да пробам, ама без бешамел којзнае дали ќе личат на нешто.