На протеински ако јадиш јајца/риба/месо пиеш супа, а ако јадиш сирење пиеш јогурт. Различни протеини не се мешаат. Значи или риба или месо или сирење. Мене денес протеински 33 ден П: јаболко Р и в: месо со салата Ослабена сум уште едно килце, вкупно 5 откако почнав.
За колку време отприлика ги приметиве првите резултати од слабеење? Кај мене некако како тешко да иде тоа... А па и овие денови ме мачи ПМС па може и до тоа да е...
Денес 11 ден, јаглехидратен. Појадок прескокнав, оти заборавив овошје за на работа Ручав рано, во 10:30, лахмаџун без месо убав беше, да не ти се верува, тестенце со зачини и салата. За вечера планирам мини крофнички да правам за децава и тоа да јадам. Вчера скробната вечера си ја изедов во 16 часот и после бев прегладна уште во 18. За да не јадам, си легнав . Ако не сум најадена барем сум наспана Утре витамински, ќе биде густо, оти почна да ми се враќа апетитот.
Прво мерење на либе после прв воден ден. -7,5кг и -6цм во обем. Денес 30/90 протеински Д: две јаболка; Р: салата од зелка и крставица, динстано телешко со печурки и печени пиперки со лукче, парче ржан леб, супа; В: пола од ручекот, без леб и супа.
Браво за резултатите,само напред Јас на 8от се мерев бев -3 и од тогаш се немам чекам денешниов воден да помине и утре се мерам....едвај чекам
Сеуште се држам стрикно до вода 2кафиња сум само пиена... Си бев на заболекар посекако не јадам денес....
9/90 Протеински Појадок: Сливи од компот без шеќер Ручек: Две пржени јајца и печен црвен пипер, три мали кришки леб плус супа Вечера: Само белката од варено јајце. И грашокот спаѓа во скроб, или грашок или ориз не двете
Ок е ако ти се мн но не ја избегнувај жолчката нека биде цело.....во комшиите каде што работам едно девојче ја држеше з 1месец 15кг ослабе но и тоа што требаше да го јаде она го кратеше и стаса до инфузија затоа најдобронамерно кон сите ми се коментарите не сакам да бидам погрешно сфатена
Не ми е прв пат на диетава без грижи, една жолчка минус не води до инфузија. "Позагрижувачки" се водените денови каде се изгладнувате, велам те затоа што јас не ги држам, а ни витаминските не се за потценување. Пет жолчки на ден се супер за висок холестерол
Здраво девојки лепотици,само што се измерив и едвај чекам да се пофалам.... Во обем бев Пред.119см Сега.106см Сликата е од првото мерење и сега
Bravo @ТедИ11 само напред Мене денес витамински. Прво кафе посабајле, после ќе одам до маркет по банани и портокали. За ручек планирам чорба од спанаќ, морков и брокула и зелка салата. Само уште да го најдам списокот на неутрални намирници и да бидам раат со чорбава. Вчера испогрешив ептен ама нејсе....продолжувам понатаму
30/90Протеински П:2портокали и кафе Р:динстано срнешко со(печурки,праз,морков,зчини)+печен зеленчук (црквичка,брокула и пак морков,печурки)+марула салата и лебче.... Супата за 30мин ке ја пијам Помалата чинија е за малата ќеркичка од печатениот зеленчук и риба печена
@ТедИ11 браво! 31 ден, скробен Д: една банана; Р: салата од марула и крставички, потпечено пире од варен компир и варени везени пиперки со малку лукче, маслинки и парче леб; В: пола од ручекот.
10/90 Скробен Појадок: Две јаболка Ручек: Гравче тавче, салата марула, три кришки интегрален леб Вечера: Само гравче