Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

УН Диета

Дискусија во 'Диети' започната од mKdevojce, 7 јануари 2010.

  1. Fluffy^-^

    Fluffy^-^ Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јули 2019
    Пораки:
    1.018
    Допаѓања:
    16.761
    Пол:
    Женски
    Здраво друшки диеталки :f:

    Денес 36ти ден овошен. На мени: јаболка, банани, тиква, лешници, бадеми со можност да се надополни листава. :rofl: Јас се трудам денојве овошни да ги држам стриктно со овошје. Зеленчук не. Смее зеленчук ама мислам дека е поубаво само овошје, според то што имам читано.

    @anastasijaki фактички и ти си имаш некоја модификација, како што си имам јас. :D И јас сум против воден, иако си има и тој намена. Ако можи од првиот пат кога си ја држела да споделиш искуство.

    Со лесно на сите. :hug:
     
    На Ivonan@, ТедИ11, IRBBB и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  2. ТедИ11

    ТедИ11 Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 ноември 2020
    Пораки:
    845
    Допаѓања:
    4.289
    31/90Скробен
    П:2јаболка и кафе
    Р:варени компири,морков,брокула па малку заруменети на тафче +салата(зелка,морков и цвекло)+ кришка леб 20210220_151933.jpg
     
    На IRBBB и Fluffy^-^ им се допаѓа ова.
  3. Abel

    Abel Популарен член

    Се зачлени на:
    23 мај 2020
    Пораки:
    2.688
    Допаѓања:
    7.062
    Пол:
    Женски
    Не ширете дезинформации и непотребен стрес. Портокал и цеден сок од портокал е апсолутно исто. Ако се цеди сокот преку соковник може да се искористат повеќе портокали за помала количина сок минус влакната кои секое овошје (храна) ги содржи, значи може да се внесат евентуално повеќе калории (АМА повеќе витамини) и побрзо да се покачи инсулинот зашто сок и цело овошје не е исто за дигестивниот тракт. Од друга страна, течната храна без влакна може да го одмори желудникот од работа, пошто ние луѓето само мислиме на храна, зборуваме за храна и јадеме. Сума сумарум, одбери тоа што повеќе го сакаш во моментот, сок или цело овошје.
     
    На lovemme и ТедИ11 им се допаѓа ова.
  4. Mimmi39

    Mimmi39 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 ноември 2017
    Пораки:
    1.773
    Допаѓања:
    4.260
    Пол:
    Женски
    Здраво девојки,
    Ја почнав и јас диетава и денес ми е 13-ти ден (протеински). Малку ми намали обемот на стомакот, но решив да не се мерам. До кога ќе издржам без да се мерам, не знам. :D

    Сакам да прашам дали безглутенски тестенини (од ориз) може да се јадат во скробен ден?
     
    Последна измена: 20 февруари 2021
    На ТедИ11 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Fluffy^-^

    Fluffy^-^ Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јули 2019
    Пораки:
    1.018
    Допаѓања:
    16.761
    Пол:
    Женски
    Ама ние во овошен, баш напротив, сакаме да ни работи желудникот а не да го одмараме. :rofl: Секогаш е подобро да се изеде цело овошје отколку сок да се исцеди. :angel:

    Искрено, појма немам, види во состав ама мислам оти не можи. Поупатена членка, нека ме корегира. :D
     
    На IRBBB, ТедИ11 и Mimmi39 им се допаѓа ова.
  6. anastasijaki

    anastasijaki Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2011
    Пораки:
    5.226
    Допаѓања:
    48.129
    Пол:
    Женски
    11/90 Јх
    Појадок: Јаболко
    Ручек : Пита со праз
    Вечера: Крофна, ванилица една, чоколадно млеко и коцка црно чоколадо.
    Малку претерав со вечерава (facepalm)
    @Fluffy^-^ ова ми е можеби петти пат како ја држам :D никогаш до крај не ја додржував, месец ипол и прекинував . Резултати имаше доста, ама сакам да се вратам на старата килажа од пред бременоста 52 до 55 :(
     
    На Fluffy^-^ му/ѝ се допаѓа ова.
  7. mKdevojce

    mKdevojce Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    2.174
    Допаѓања:
    15.489
    Може, но се смета како еден оброк.

    Може 80:20. Комбинацијата ориз и грашок е добар, комплетен оброк.

    Можеш две за ручек и две за вечера. Според мене тоа е подобра варијанта отколку три за ручек а скоро ништо за вечера. Јас и кога не сум на диета не можам да изедам три јајца наеднаш.
     
    На ТедИ11, Fluffy^-^ и IRBBB им се допаѓа ова.
  8. anastasijaki

    anastasijaki Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2011
    Пораки:
    5.226
    Допаѓања:
    48.129
    Пол:
    Женски
    @mKdevojce никогаш не сум изела 3 за ручек и ниедно за вечера, си ме помешала :)
     
  9. hello-kitty.90

    hello-kitty.90 Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 октомври 2013
    Пораки:
    2.971
    Допаѓања:
    21.181
    Вчерашниот ручек
    18/80 Скробен
    20210220_002136.jpg
     
    На ТедИ11, Fluffy^-^ и IRBBB им се допаѓа ова.
  10. IRBBB

    IRBBB Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 октомври 2019
    Пораки:
    8.293
    Допаѓања:
    33.594
    Пол:
    Женски
    32/90 јаглехидратен ден
    Д: две јаболка ;
    Р: печени пирошки/панцероти, полнети со доматно пире, печурки и маслинки
    IMG_20210220_192326.jpg

    В: порција пудинг со бисквити и ред црно чоколадо.
     
    На ТедИ11, Fluffy^-^ и Mimmi39 им се допаѓа ова.
  11. Fluffy^-^

    Fluffy^-^ Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јули 2019
    Пораки:
    1.018
    Допаѓања:
    16.761
    Пол:
    Женски
    Рецепт за панцеротите? :D
     
    На ТедИ11 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. ТедИ11

    ТедИ11 Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 ноември 2020
    Пораки:
    845
    Допаѓања:
    4.289
    И јас го чекам...таман за утре баш се мислев што да јадам
     
  13. IRBBB

    IRBBB Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 октомври 2019
    Пораки:
    8.293
    Допаѓања:
    33.594
    Пол:
    Женски
    СОСТОЈКИ:
    1кг брашно
    50мл масло
    1 коцка свеж квасец
    1 мала лажичка шеќер
    1 мала лажичка сол
    Млака вода по потреба

    ФИЛ:
    400гр свежи печурки
    40тина поголеми маслинки
    10 супени лажици доматно пире
    Сол и оригано по вкус
    (печурките и маслинките рендани или во блендер).

    ПОСТАПКА:
    Во сад се става квасецот со шеќер и 100мл млака вода, се меша додека да се растопи квасецот и се остава да отстои 10тина минути.
    Потоа се додава брашното, маслото, солта, се меша и се замесува со постепено додавање на млака вода, додека тестото добие доволно мекост, а да не се лепи (меко да е како ушната ресичка :D). Се остава да надојде 30тина минути и на набрашнета површина се рассукува тестото.
    Јас бидејќи немам калап за панцероти, формирав кругови со чаша (како крофни) и секој круг го рассукував за да го направам поголем, а тестото потенко, го полнев со околу 1 супена лажица фил (многу беше, преполни беа за мој вкус), ги преклопував и со виљушка ги стегнав краевите за да не излезе филот од нив.
    Се редат на хартија за печење.
    Одозгора се премачкани со кечап, разреден со малку масленце и водичка и наросени со сусам.
    Се печат во претходно загреана рерна на 250°С околу 15-20тина минути (за времето не ме држете за збор, мене рерната ми е многу силна, можеби кај вас ќе треба повеќе/помалку време). Кога ќе се заруменат се готови. Се вадат и се ставаат во најлонска ќеса, покриени со чаршаф/крпа и за 10 минути можат да се јадат.

    Рецептот погоре е за цела доза, јас ја направив пола доза и со мојата мерка (со чашата) ми испаднаа 25 парчиња панцероти. Ова ориентационо за да планирате колку ви одговара да направите.

    @ТедИ11
     
    На Mala30, ТедИ11 и Fluffy^-^ им се допаѓа ова.
  14. ТедИ11

    ТедИ11 Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 ноември 2020
    Пораки:
    845
    Допаѓања:
    4.289
    Добро утро диеталки
    Денес ЈХ станав малку порано па направив по нешто..
    32/90ЈХ
    П:2портокали и кафе
    Р и В ќе комбинирам од ова 20210221_123852.jpg 20210221_122752.jpg 20210221_115253.jpg 20210220_205240.jpg 20210220_140459.jpg

    Еве линк од рецептите за переците и милибродот(кај мене е дупла доза не чекаат да излади)


    Наздравје
     
    Последна измена од модератор: 21 февруари 2021
    На Fluffy^-^ и IRBBB им се допаѓа ова.
  15. ТедИ11

    ТедИ11 Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 ноември 2020
    Пораки:
    845
    Допаѓања:
    4.289
    33/90ОВОШЕН
    Fruits-and-Vegetables-768x512.jpg
     
    На Carolin. му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Carolin.

    Carolin. Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2014
    Пораки:
    2.859
    Допаѓања:
    18.000
    Пол:
    Женски
    Кој ме тераше да влезам во темава денес, овошен ми е прв спобудалев по панцеротите од погоре:rofl:
    Ке ве дружам од утре почесто:lol:
     
    На IRBBB, Fluffy^-^ и ТедИ11 им се допаѓа ова.
  17. ТедИ11

    ТедИ11 Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 ноември 2020
    Пораки:
    845
    Допаѓања:
    4.289
    Добредојде....и јас денес овошен...си правев ручек за утре..
    Сарма ќе имам,здравје
     
  18. Marsh_mellow

    Marsh_mellow Активен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2021
    Пораки:
    141
    Допаѓања:
    124
    Пол:
    Женски
    Здравоо на сите :inlove:
    Јас ја држев кето диетата еден месец и ја прекинав. Ослабев 8кг. Сега сакам да ја започнам УН диетата бидејќи сакам повеќе да ослабам но не успевам. Цело време со килажата стојам во место кило горе или кило доле во зависност дали сум јадела или не. Не јадев ич на кето диетата на сабајле пиев сок од лимон за ручек месо јајца во зависност што има и некогаш не ни вечерав. Па се плашам да не не ослабам воопшто на УН диетата.. ;(
     
    На ТедИ11 му/ѝ се допаѓа ова.
  19. ТедИ11

    ТедИ11 Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 ноември 2020
    Пораки:
    845
    Допаѓања:
    4.289
    Пробај,можеби оваа ќе ти одговара повеќе
     
    На Marsh_mellow му/ѝ се допаѓа ова.
  20. IRBBB

    IRBBB Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 октомври 2019
    Пораки:
    8.293
    Допаѓања:
    33.594
    Пол:
    Женски
    @Marsh_mellow освен изборот на намирници во диетите, битна е и твојата потрошувачка. Калорискиот внес треба да е помал од калориската потрошувачка за да имаш резултати. Калориска потрошувачка се пресметува преку потрошувачка од базален метаболизам и потрошувачка од дневна физичка или психичка активност.

    Вчера 34/90 протеински
    Д: една банана;
    Р: шопска без сирење, печена свинска кременадла со печурки и суви пиперки, парче леб, бујон;
    В: пола од ручекот, без леб и бујон.

    Денес 35/90 скробен
    Д: две киви
    Р: некоја манџа, посна мусака (поим немам шо би била :D) со ориз, морковче, кромидче, печурки и тиквички, веројатно салата од марула и крставички;
    В: пола од ручекот.
     
    На Fluffy^-^, Marsh_mellow и ТедИ11 им се допаѓа ова.