3/90ЈХ П:2 Мандарини и кафе Р:индоми салата(на мој начин) В:палачинки ќе правам...и ред темно чоколадо
Здраво на сите. Додека ја држев диетата намерно изедов многу нешта што не требаше. Имав родендени еднп друго... Од утре и јас започнувам од почеток.
Душо по кој пат почнуваш....ајде малку по решителна биди не се откажувај одма....инаку ништо нема да направиш
63/90 протеински Д: две јаболка Р: салата од зелка, полнети пиперки со соја, печурки, кромидче и морковче, парче леб, супа В: пола од ручекот, без леб и без супа. 64/90 скробен Д: една банана Р: салата од марула, крставичка и младо кромидче, тортиљи полнети со сос од црвен грав, печурки, чили и маслинки пропржени во доматен сос со коцкички домати, пиперки и кромид В: пола од сосот од тортиљите и голема салата од марула.
Не е поентата да не јадеш многу...во погорните страници има табели со дневно количини не мора баш до толку да се држиш до бројки јас лично кога јадам јајца јадам 5 (3+2) со многу салата Пилешко за р цело парче за вечера го филетирам на пола Е вчера за ручекот каснав 2чинии гравче вечерта 1 ама салата полна чинија исто игра улога лебот,супата во П ден,темното чоколадо во јх и јатките во овошниот....кога сум кај овошниот ЦЕЛ ден на овошје ретко сум јадам овошје од почеток на денот и некаде околу 5-6ч попладне јадам голема салата...е ако ептен криза ме фати јадам 3-4урми од тие посвежите Вода пиј и движење девојко немам време за вежби инаку и би вежбала...слободно прашувај ако сакаш и во лп не е проблем.... Отвори ги од почеток на форумот страниците и ќе видиш можеби некоја идеја плус...некоја мотивација плус....не само јас СИТЕ сме тука едни за други
Ти благодарам навистина. Јас општо јадам помалце. Леб јас и онала не јадам, па не јадев ни за време на диетата. Вежбам секој ден и не ослабував. Но ајде сега ќе издржам барем до водениот ден да видам како ќе биди. Да те прашам. Дали се јадат исклучително јајца или може и сирење со нив?
Или јајца или сирење. Тоа се протеини од различно потекло и затоа не се мешаат. Со нејадење 'го успиваш' организмот и тој влегува во фаза каде што мисли дека е во губиток и секој залак, секоја голтка вода ги складира. Со нејадење се добива спротивен ефект, наместо да слабееш, сѐ да 'се лепи' за тебе.
погоре имаме објавено вакви табели копирајт си ги ќе ти помогнат Можеш јајца и пиперки да си испржеш,јас и пржени ги јадам со млад кромид или праз,варени со салата(марула,краставица...),една членка имаше објава во калапче за мафини правено.... Супа до сега не сум правела дома имаше акција кај нас 12+12 на маги зеленчукови и неколку на подравка имам
Свесна сум за сето тоа. Но тоа нејадење не е намерно. Јас општо јадам малку. И уште нешто... Дали ако за ручек јадам на пример пилешко за вечера може свинско?
Не е препорачливо пилешкото е посно за разлика од свинското ама некогаш ако немаш избор...јас гледам за сите да правам наеднаш да не готвам 2пати
1/90 Протеински (ух посакајте ми среќа) П: Мандарини Р: Колбаси и салата В: Плескавица и повеќе салата
Ајде аирлија нека е.... Среќно и решително овој пат... Мери се сега и дури после водениот(ако можеш да издржиш) не стои секое утро на вага